Здраво, пак јас.
Мислев дека ќе успеам некако да се сносам со овие работи, но повторно почна да ми паѓа самодовербата. Се трудам, но работите не одат баш како што очекувам. Гледам да се зближам повеќе со луѓе кои ги познавам, и да обновам стари контакти, но сепак на луѓето им доаѓа ова чудно, со оглед на тоа што бев поповлечен. И воопшто не е лесно како што мислат другите, јас не сум херој од некој филм кој одненадеш добива сила и прави како што сака, ова што го живеам е реалност. You have to live it , to feel it...
Некој спомна дека може на психијатар да се оди и само со сини картони, па ме интересираше ако знаете, дали доколку се решам да отидам, дали тој нема да ги извести социјалните служби, или други надлежни институции, па да си направам поголеми проблеми? Колку што јас знам, разговорот со него останува тајна, но не сум сигурен дали е така и за мојот случај. Поздрав и фала ви многу.
јас малце касно ти ги прочитав постовите, ама се надевам дека уште ќе можам да ти помогнам.
читав и што ти одговарале другите членови на форумов, и морам да признаам дека имаше доста добри совети, убаво од сите што се потрудиле да дадат мислење и да помогнат.
вака. првин сакав да те прашам некои прашања, па да ти дадам некои совети според мене што би можел да направиш.
прво, ме интересира каков е односот на твоите кон тебе, мислам дали имаш проблеми со излегување, дали ти забрануваат да излегуваш, дали си ограничен? зашто, ако за тоа не ти прават проблеми, полесно ќе ти биде да правиш повеќе работи.
второ, кажуваш дека има личност на која и имаш кажано нешто, и на која мислиш дека можеби би требало да и кажеш се за да ти биде полесно. дали таа личност е возрасен или твој врсник? зашто, ако е возрасен, може да ти помогне повеќе од врсник, во смисла што сигурно е поискусна и повеќе ќе знае што да ти каже без да се испаничи. а ако ти е врсник, пак, од друга страна, е добро што може да биде повеќе тука како твое пријателче, а и за дружење да ти помогне повеќе, да те запознае со луѓе, да те носи надвор за излегување... се има свои предности.
и, трета работа, вака. според некоја моја логика, во случаите со семејно насилство, оној кој е насилен, е таткото. а мајката и децата (зависи каде, дали само мајката или и децата) се жртви. па, ако е така во твојот случај, би ти советувала да се обидеш да украдеш некој момент на само со мајка ти, да разговараш со неа, да и објасниш како се осеќаш, дека имаш проблеми со социјализацијата, со учењето, а дека би сакал тоа да е поинаку, и дека единствен начин е ако твоите не се караат, ако од дома имаш поддршка, ако имаш мир зашто ти си сепак дете и дека секое дете има право да расте и да созрева во правилни услови. како што гледам по тоа што си пишувал, би можела рака да ти пружам за успехот што си го постигнал во смисла на зрелоста, храброста и тоа што покрај тие тешки проблеми си успеал да се обидеш, да си дадеш сила да продолжиш, и да побараш помош. се гледа дека си интелигентно дете, зашто интелигенцијата не е само коефициентот, што викаат можноста за памтење, и снаодливоста. туку многу е важно што си успеал покрај толку искушенија за самоубиство, да бидеш доволно храбар да не го направиш тоа. а и верувај, дека децата што се на твоја возраст, а и помали во твоја ситуација, не би дотуркале волку далеку, верувам дека голем дел од нив не излегле, за жал, на прав пат, и побарале утеха во цигарите, алкохолот, и дрогата. значи, тоа дека си интелигентен не е само комплимент за да те охрабриме, туку е чиста вистина, зашто да не си бил толку паметен, не би тотуркал до овде. честито за тоа. си докажа сам на себе колку си зрел. штом на тие први пречки ти не си попаднал, мислам дека ќе ти биде полесно да се средиш со другиот дел од проблемот.
за школото, што викаш дека не можеш да учиш кога се карате дома. не знам колку си упатен, ама читалните низ скопје се бесплатни, и се достапни за секого, отворени 24-7. ако сакаш во школо да си успешен, што мислам дека е многу важно, а и многу би ти помогнало во подигање на самодовербата, а и за понатаму, би ти препорачала да се оттргнеш од викотниците дома, и да одиш во читална, да стекнеш навика за учење. исто така можеш и да тркнеш до библиотека да земеш некои инспиративни книги што многу ќе ти помогнат за подигање на самодовербата а и ќе те оттргнат од немоќта дома, туку ќе ти отворат нов свет каде мислам дека би можел да се пронајдеш и да најдеш по некое парче среќа. и да, ако си успешен во школо, ќе можеш за понатака да поднесеш молба за стипендија и ќе ти бидат поголеми шансите да ја добиеш.
слободното време можеш да го креираш во смисла на твоите лични интереси. на пример, ако сакаш спорт, можеш едноставно да тркнеш до игралиште, каде и да живееш, секаде има игралишта, и играат деца на твоја возраст баскет, фудбал, било што. ако ги прашаш дали ќе може и ти да играш, не верувам дека ќе те одбијат ако си фин. на тој начин и ќе стекнеш нови пријателства, а плус, и физичко здравје. можеш и да одиш на стаза да возиш точак, да трчаш... има опции.
друго нешто, секој е креативен на свој начин. можеш да ја изразиш во цртање, сликање, пишување, пеење. сигурна сум дека имаш квалитети на кои сеуште не си им дозволил да излезат на виделина. дозволи им, ќе навлезеш во нов свет кој ќе те оттргне од проблемите.
исто така, можеш да се распрашаш за невладините организации кои примаат секој септември нови групи, каде можеш додатно да го поминуваш времето, и плус да имаш обврски, да имаш поле каде можеш да се докажуваш и да постигнуваш успеси. на пример, МОФ, Х.Е.Р.А., и други за кои можеш да се распрашаш и мислам дека не се плаќа чланарина за учество. така да, ете уште едно поле каде ќе можеш да се пронајдеш.
ние сите можеме да ти дадеме мислење и совет за твојата ситуација, ама не можеме да замениме стручно лице што посигурно ќе може да ти помогне. би рекла дека не мораш да бараш психијатар, затоа што ти немаш психички нарушувања, туку побарај државен психолог што ќе може стручно да ти помогне. некој член имаше напишано да не се надеваш дека психологот ќе ти биде пријател или да се пренадеваш на него, туку само едноставно ќе ти даде совети. верувам дека тоа е така, па можеш да побараш совет.
исто, не знам во кое школо учиш, ама ако си во гимназија, можеш да видиш кој професор е пофин и кој би можел да ти се најде, а верувам дека професор по психологија или социологија би можел најмногу да ти помогне, што и не мора да значи. јас пред една година имав некои потешкотии и ја замолив професорката по психологија да одвои малце време ако може за да направам муабет со неа, и немаше никаков проблем, значи сум требала само да прашам. ми помогна и ми олесни, затоа и на тебе ти го советувам истото.
а и не знам зашто имаш одбивност да разговараш со луѓе кои работат со случаи на семејно насилство, ама мислам дека тие би можеле да ти помогнат. ако ништо друго, би можел само да се јавиш и да се распрашаш како оди тоа, дали би можело да ти предизвика проблеми, во смисла твоите дома да дознаат дека си се обратил, или ќе работат само со тебе и да ти помогнат како да го решиш проблемот. еве ти број во златна книга: Кризен центар Надеж за жртви од семејно насилство: 3175 516.
се надевам дека ти оди добро, во што не се ни сомневам, зашто си докажа дека си силен, храбар и зрел за да се соочиш и да си помогнеш самиот на себе. само напред, ти посакувам многу среќа, пиши ни што си направил и како ти оди. поздрав