Кајгана психолог

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Би сакал одговор пред се од постари поискусни форумџии.
Значи вака, сведок сум на семејно насилство(а неколку пати и жртва) откога знам за себе. Среќните моменти во целиот мој живот се многу малку. Домашната ситуација ме натера да се повлечам во себе. Многу работи претргав, моите се разделија и пак се заедно, но сепак ниШто не е сменето, можеби дури и е полошо. Преселувањето во друго средина наводно требаше да ги реши проблемите, но безуспешно, само се влошија работите. Постои можност моите родители да се разведат, или пак да се селам пак. Имам неколкупати помислувано на самоубиство, но изгледа бев преголема кукавица. Немам другари, во смисла со кои би се дружел и излегувал. Не е дека не сакам, едноставно почнав да се плашам од социјални контакти. Исто никогаш не сум имал ни девојка, ниту сум се мувал, просто кажано, која би била со мене доколку разбере за мојот живот. Се сметам дека сум далеку поинтелигентен од моите врсници, но кога ќе се споредам со нив, се чувствувам ко копук, ко некој изрод, бидејќи тие го живеат својот живот. Доаѓа летото, кое го мразам, бидејќи сум сам, а и моите имаат највеќе кавги тогаш. Во последно време ми е дојдено преку глава, така што пак црни мисли ми доаѓаат на ум. Ученик сум во една скопска гимназија, од есен ќе бидам матурант, но којзнае дали ќе го дочекам тоа... Учењето оваа година ми претставуваше огромна тешкотија. Никој од тие што ме познаваат не ни претпоставуваат за овие работи(освен се разбира тие што ми биле соседи)Сум помислувал понекогаш и да избегам од дома, но имам помала сестра која морам да ја чувам. Засега, само на една личност и имам кажано за ова, но не за малтретирањето, само за живеењето со еден родител. Се мислам дали да се отворам и да и ја кажам целата вистина, но сепак секој што би го знаел ова,од срам не би можел да го погледнам во очи, па практично би го расипал другарството. Би сакал да знам што да сторам, како да се борам да се спасам себе.Токму затоа и барам помош на форумов, сметам дека најдобро би ме посоветувал некој кој не ме познава, и него познавам, а и не сум во економска состојба да одам на психијатри.
Ќе ве молам да ми одговорите во најкраток можен рок, и тоа ако може личности со поголемо животно искуство.
Не можам да ти го подобрам животот со еден пост, меѓутоа МНОГУ сакам да зборам со тебе, на мсн или слично. Додај ме: kate-0504@hotmail.com
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Фала на советот.Ќе го прифатам и применам.

Давам се од себе на ова поле,еве сега работам за време на летово колку за пари толку и за социјализација и искуство.Е сега мојот однос со другите вработени не е баш онака опуштен,малце правам муабет со нив,некако као дете ме гледаат и тие:vozbud: ,освен денес кога беше малку поопуштена атмосферата ко за чудо.Незнам шо е работава дали ми треба искуство уште или..Ако може некој совет плс.
Да прашам за обраќање кај психолог со плави картони спомнавте погоре.Ако може малку подетални информации околу ова?фала
Пријателе, се што треба е да се опуштиш и да изиграваш сунѓер.
Собирај искуства прави комбинации и оформи цврсто свое јас.
Практично замисли си го карактерот како еден мозаик што знаеш и можеш да го направиш, замисли го секое делче како едно искуство.
Секое делче представува своја целина за себе, но кога ќе ги споиш сите во еден мозаик формираат нешто сосема друго.
Така и ти, собирај искуства цело време од се, но во тоа време немој да бидеш ко камера, да ќути и снима, прави муабет, отварај возрасни теми за разговор, некогаш и едно, како си што правиш, знае да прерасне во асален муабет, асален муабет = квалитетна социјализација.

Ако тоа воопште не ти успева, штознам, дојди на собиранка, може ќе се уклопиш :)
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Здраво, пак јас.
Мислев дека ќе успеам некако да се сносам со овие работи, но повторно почна да ми паѓа самодовербата. Се трудам, но работите не одат баш како што очекувам. Гледам да се зближам повеќе со луѓе кои ги познавам, и да обновам стари контакти, но сепак на луѓето им доаѓа ова чудно, со оглед на тоа што бев поповлечен. И воопшто не е лесно како што мислат другите, јас не сум херој од некој филм кој одненадеш добива сила и прави како што сака, ова што го живеам е реалност. You have to live it , to feel it...
Некој спомна дека може на психијатар да се оди и само со сини картони, па ме интересираше ако знаете, дали доколку се решам да отидам, дали тој нема да ги извести социјалните служби, или други надлежни институции, па да си направам поголеми проблеми? Колку што јас знам, разговорот со него останува тајна, но не сум сигурен дали е така и за мојот случај. Поздрав и фала ви многу.
јас малце касно ти ги прочитав постовите, ама се надевам дека уште ќе можам да ти помогнам.

читав и што ти одговарале другите членови на форумов, и морам да признаам дека имаше доста добри совети, убаво од сите што се потрудиле да дадат мислење и да помогнат.

вака. првин сакав да те прашам некои прашања, па да ти дадам некои совети според мене што би можел да направиш.
прво, ме интересира каков е односот на твоите кон тебе, мислам дали имаш проблеми со излегување, дали ти забрануваат да излегуваш, дали си ограничен? зашто, ако за тоа не ти прават проблеми, полесно ќе ти биде да правиш повеќе работи.
второ, кажуваш дека има личност на која и имаш кажано нешто, и на која мислиш дека можеби би требало да и кажеш се за да ти биде полесно. дали таа личност е возрасен или твој врсник? зашто, ако е возрасен, може да ти помогне повеќе од врсник, во смисла што сигурно е поискусна и повеќе ќе знае што да ти каже без да се испаничи. а ако ти е врсник, пак, од друга страна, е добро што може да биде повеќе тука како твое пријателче, а и за дружење да ти помогне повеќе, да те запознае со луѓе, да те носи надвор за излегување... се има свои предности.
и, трета работа, вака. според некоја моја логика, во случаите со семејно насилство, оној кој е насилен, е таткото. а мајката и децата (зависи каде, дали само мајката или и децата) се жртви. па, ако е така во твојот случај, би ти советувала да се обидеш да украдеш некој момент на само со мајка ти, да разговараш со неа, да и објасниш како се осеќаш, дека имаш проблеми со социјализацијата, со учењето, а дека би сакал тоа да е поинаку, и дека единствен начин е ако твоите не се караат, ако од дома имаш поддршка, ако имаш мир зашто ти си сепак дете и дека секое дете има право да расте и да созрева во правилни услови. како што гледам по тоа што си пишувал, би можела рака да ти пружам за успехот што си го постигнал во смисла на зрелоста, храброста и тоа што покрај тие тешки проблеми си успеал да се обидеш, да си дадеш сила да продолжиш, и да побараш помош. се гледа дека си интелигентно дете, зашто интелигенцијата не е само коефициентот, што викаат можноста за памтење, и снаодливоста. туку многу е важно што си успеал покрај толку искушенија за самоубиство, да бидеш доволно храбар да не го направиш тоа. а и верувај, дека децата што се на твоја возраст, а и помали во твоја ситуација, не би дотуркале волку далеку, верувам дека голем дел од нив не излегле, за жал, на прав пат, и побарале утеха во цигарите, алкохолот, и дрогата. значи, тоа дека си интелигентен не е само комплимент за да те охрабриме, туку е чиста вистина, зашто да не си бил толку паметен, не би тотуркал до овде. честито за тоа. си докажа сам на себе колку си зрел. штом на тие први пречки ти не си попаднал, мислам дека ќе ти биде полесно да се средиш со другиот дел од проблемот.

за школото, што викаш дека не можеш да учиш кога се карате дома. не знам колку си упатен, ама читалните низ скопје се бесплатни, и се достапни за секого, отворени 24-7. ако сакаш во школо да си успешен, што мислам дека е многу важно, а и многу би ти помогнало во подигање на самодовербата, а и за понатаму, би ти препорачала да се оттргнеш од викотниците дома, и да одиш во читална, да стекнеш навика за учење. исто така можеш и да тркнеш до библиотека да земеш некои инспиративни книги што многу ќе ти помогнат за подигање на самодовербата а и ќе те оттргнат од немоќта дома, туку ќе ти отворат нов свет каде мислам дека би можел да се пронајдеш и да најдеш по некое парче среќа. и да, ако си успешен во школо, ќе можеш за понатака да поднесеш молба за стипендија и ќе ти бидат поголеми шансите да ја добиеш.

слободното време можеш да го креираш во смисла на твоите лични интереси. на пример, ако сакаш спорт, можеш едноставно да тркнеш до игралиште, каде и да живееш, секаде има игралишта, и играат деца на твоја возраст баскет, фудбал, било што. ако ги прашаш дали ќе може и ти да играш, не верувам дека ќе те одбијат ако си фин. на тој начин и ќе стекнеш нови пријателства, а плус, и физичко здравје. можеш и да одиш на стаза да возиш точак, да трчаш... има опции.
друго нешто, секој е креативен на свој начин. можеш да ја изразиш во цртање, сликање, пишување, пеење. сигурна сум дека имаш квалитети на кои сеуште не си им дозволил да излезат на виделина. дозволи им, ќе навлезеш во нов свет кој ќе те оттргне од проблемите.
исто така, можеш да се распрашаш за невладините организации кои примаат секој септември нови групи, каде можеш додатно да го поминуваш времето, и плус да имаш обврски, да имаш поле каде можеш да се докажуваш и да постигнуваш успеси. на пример, МОФ, Х.Е.Р.А., и други за кои можеш да се распрашаш и мислам дека не се плаќа чланарина за учество. така да, ете уште едно поле каде ќе можеш да се пронајдеш.

ние сите можеме да ти дадеме мислење и совет за твојата ситуација, ама не можеме да замениме стручно лице што посигурно ќе може да ти помогне. би рекла дека не мораш да бараш психијатар, затоа што ти немаш психички нарушувања, туку побарај државен психолог што ќе може стручно да ти помогне. некој член имаше напишано да не се надеваш дека психологот ќе ти биде пријател или да се пренадеваш на него, туку само едноставно ќе ти даде совети. верувам дека тоа е така, па можеш да побараш совет.
исто, не знам во кое школо учиш, ама ако си во гимназија, можеш да видиш кој професор е пофин и кој би можел да ти се најде, а верувам дека професор по психологија или социологија би можел најмногу да ти помогне, што и не мора да значи. јас пред една година имав некои потешкотии и ја замолив професорката по психологија да одвои малце време ако може за да направам муабет со неа, и немаше никаков проблем, значи сум требала само да прашам. ми помогна и ми олесни, затоа и на тебе ти го советувам истото.
а и не знам зашто имаш одбивност да разговараш со луѓе кои работат со случаи на семејно насилство, ама мислам дека тие би можеле да ти помогнат. ако ништо друго, би можел само да се јавиш и да се распрашаш како оди тоа, дали би можело да ти предизвика проблеми, во смисла твоите дома да дознаат дека си се обратил, или ќе работат само со тебе и да ти помогнат како да го решиш проблемот. еве ти број во златна книга: Кризен центар Надеж за жртви од семејно насилство: 3175 516.

се надевам дека ти оди добро, во што не се ни сомневам, зашто си докажа дека си силен, храбар и зрел за да се соочиш и да си помогнеш самиот на себе. само напред, ти посакувам многу среќа, пиши ни што си направил и како ти оди. поздрав :)
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
3
Поени од реакции
1
Комплекси

Здраво!Јас сум нова на форумот и ми треба голема помош , ми требаат различни мислења за мојот проблем и се надевам дека овде ќе ја добиам потребната помош.Имам 17 години и мојот проблем е во тоа што имам комплекс поради мојата висина.Ниска сум и поради тоа сметам дека ниту едно машко не ми се приближува дури едно време мислев дека и другарките со кои порано се дружев се разделивме поради мојата висина, јас си мислев дека тие ме одбегнуваа поради мојата висина и поради тоа им е страм да излезат со мене.Тоа ми претставува многу голем проблем , за среќа сега имам супер другарки кои ме подржуваат во се , но сепак пред да започнам каква и да било работа ме спречува комплексот спрема мојата висина :( За ова имам разговарано и со мајка ми, но сепак потребна ми е помош од други.Ве молам помогнете ми,
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146

Тоа што си ниска, не значи дека не знаеш да сакаш и да бидеш сакана. :smir:
Но, за да те сакаат другите, треба ТИ да се сакаш себе каква што си, со сите твои мани и доблести.
Наместо да се измачуваш со овој комплекс, почни цврсто да чекориш кон она што сакаш да го добиеш и постигнеш во животот. Во животот успева оној кој има самодоверба, желба за успех, трпение, а не оној кој е висок/низок.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Здраво!Јас сум нова на форумот и ми треба голема помош , ми требаат различни мислења за мојот проблем и се надевам дека овде ќе ја добиам потребната помош.Имам 17 години и мојот проблем е во тоа што имам комплекс поради мојата висина.Ниска сум и поради тоа сметам дека ниту едно машко не ми се приближува дури едно време мислев дека и другарките со кои порано се дружев се разделивме поради мојата висина, јас си мислев дека тие ме одбегнуваа поради мојата висина и поради тоа им е страм да излезат со мене.Тоа ми претставува многу голем проблем , за среќа сега имам супер другарки кои ме подржуваат во се , но сепак пред да започнам каква и да било работа ме спречува комплексот спрема мојата висина :( За ова имам разговарано и со мајка ми, но сепак потребна ми е помош од други.Ве молам помогнете ми,
Комплексите самите ние си ги наметнуваме. Во поголем случај, комплексот е сопствено незадоволство кон нешто, (во твојот случај, висината) а тоа го прикриваме барајќи ја вината кај други. Мораш да знаеш дека секој човек има некаков комплекс, кој посакува да го нема. Меѓутоа совршенството без комплекси се постигнува со влевање на самодоверба и истакнување на останатите нешта што се твоја гордост. Затоа единствено решение за твојот комплекс е свртување на мислата за 360 и истакнување на останатите милијарда нешта што те красат. Зарем ќе дозволиш едно нешто да преовладува над останатите милијарда нешта што ја истакнуваат вистинската твоја личност. Можеби токму твојот комплекс (што ти го мислиш за комплекс) е твојата предност и убавина, пробај така да мислиш.
 
MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
Pa so ako si niska .. grdi , debeli , moroni , bez oci , glava , nozi .. sekoj si naoga nekoj , toa go zapamti ..

Nadvoresen izgled ne se meri so ona sto e vnatre , moze da izgledas vo pamela ili Angelina , no ako nemas mozok , dusa i srce se e dzabe .. togas mazite ke te sakat samo zaradi sex-fantazija , en kako ljubovnica , intimna prijatelka i partner ..

Trgni si go toa od glava deka poradi visinata ne mozes da fatis decko , nema potreba da se macis i da si nametnuvas sama kompleksi ..
 
F

FuckYouAll

Гостин
Не мора да си висока за да имаш пријатели и за да бидеш сакана и поштована.
И јас сум метар и желба за растење но висината моја ни јас ни моите пријатели ја рачунаат како мана, затоа што и не е мана.
Има многу полоши работи во животот од тоа да си низок.
И да, повеќето мои другари сакаат ниски девојки. :):smir:
 
serious

If you need me, whistle
Член од
6 февруари 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
Сите си имаме свои комплекси, ама не им обрнувај внимание. Терај си по твое и немај гајле

(ако ќе се почуствуваш подобро, јас сум крупен и имам проблеми со зборување, па пет пари не давам за ништо)
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Здраво!Јас сум нова на форумот и ми треба голема помош , ми требаат различни мислења за мојот проблем и се надевам дека овде ќе ја добиам потребната помош.Имам 17 години и мојот проблем е во тоа што имам комплекс поради мојата висина.Ниска сум и поради тоа сметам дека ниту едно машко не ми се приближува дури едно време мислев дека и другарките со кои порано се дружев се разделивме поради мојата висина, јас си мислев дека тие ме одбегнуваа поради мојата висина и поради тоа им е страм да излезат со мене.Тоа ми претставува многу голем проблем , за среќа сега имам супер другарки кои ме подржуваат во се , но сепак пред да започнам каква и да било работа ме спречува комплексот спрема мојата висина :( За ова имам разговарано и со мајка ми, но сепак потребна ми е помош од други.Ве молам помогнете ми,
И јас сум ниска...како И Ева Лонгорија и Кајли Миног:pipi:...па што дека.Кога бев тинејџерка можев да го освојам секој што ми се свиѓа...секогаш сум полна со самодоверба...и никогаш не ми била проблем висината.

Како се осеќаш така и изгледаш.

Пробај да не мислиш толку негативно.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
loner devojce kako natural-girl nema na sekoj cekor koj se spremni da pomagaat i jas ce bidam od septemvri maturant za razlika od tebe gi imam pominao da ne se fala ama 20 malku se do sega i ne se sekavam koga posleden pat sum imal nekoja koja bila pametna i ubava.I mislam deka polesno e da fanam 7 na loto otkolku pametna i ubava devojka.
se nadevam i deka si ja smuval do sega ako ste vo kontakt

--- надополнето ---

hahaha me nasmea ne se sporeduvajte so eva longorija ili nekoja ruga ona ako e niska poznata e i e edna od najposakuvanite zeni vo svetot i od nea do tebe ima razlika od tuka do amerika i pak nazad.Inace zal mi e za devojceto sto ima problem so visinata iako misalm deka ako e ubava ne bi bilo toa golem problem.
 
Oхооо,а ти ме знаеш мене од некаде или...си видовит????
Просто размислување би рекла,ти и да си најубавиот и најзгодниот и се нај,нај...последен да си,со пола око не би те погледнала,ако вака глупо разговараш:baeh:
Иначе,многу си се бендисувам и можам да ти кажам дека сум прекрасна,така да нема толку разлика меѓу мене и Ева:vozbud:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Здраво!Јас сум нова на форумот и ми треба голема помош , ми требаат различни мислења за мојот проблем и се надевам дека овде ќе ја добиам потребната помош.Имам 17 години и мојот проблем е во тоа што имам комплекс поради мојата висина.Ниска сум и поради тоа сметам дека ниту едно машко не ми се приближува дури едно време мислев дека и другарките со кои порано се дружев се разделивме поради мојата висина, јас си мислев дека тие ме одбегнуваа поради мојата висина и поради тоа им е страм да излезат со мене.Тоа ми претставува многу голем проблем , за среќа сега имам супер другарки кои ме подржуваат во се , но сепак пред да започнам каква и да било работа ме спречува комплексот спрема мојата висина :( За ова имам разговарано и со мајка ми, но сепак потребна ми е помош од други.Ве молам помогнете ми,
Да беше машко да те сфатев, али женските мислам дека и во просек се пониски од машките, послаби и носат помал број на патики(лол).
Мене лично повеќе ми се свиѓаат пониски женски, а сум висок дечко, и воопшто не ми се допаѓа кога некоја девојка е колку мене висока.
Така да уживкај си, и можеш да си играш кошарка(барем јас така пораснав, во основно не ни даваа фудбал, па само кошарка игравме).

Oхооо,а ти ме знаеш мене од некаде или...си видовит????
Просто размислување би рекла,ти и да си најубавиот и најзгодниот и се нај,нај...последен да си,со пола око не би те погледнала,ако вака глупо разговараш:baeh:
Иначе,многу си се бендисувам и можам да ти кажам дека сум прекрасна,така да нема толку разлика меѓу мене и Ева:vozbud:
Убава си бе, остај овие што зборат :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Мене лично повеќе ми се свиѓаат пониски женски, а сум висок дечко, и воопшто не ми се допаѓа кога некоја девојка е колку мене висока.
Ауу брат, поим за згодна девојка е висина, сега не да биде колку тебе висока ама да не биде под 170цм, поготово ако има долги нозе! :vozbud:

Иначе да се разбереме, не ми пречат ниски девојки само што препочитам и се палам повеќе на малце повисоки :)
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ауу брат, поим за згодна девојка е висина, сега не да биде колку тебе висока ама да не биде под 170цм, поготово ако има долги нозе! :vozbud:

Иначе да се разбереме, не ми пречат ниски девојки само што препочитам и се палам повеќе на малце повисоки :)
Заеба работа сега.
Што ке правиме со ниското девојченце , како ли ке го убедиме дека висината нема врска.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom