Како си?Ај пишете шо ве прашуваа во амбасада.
која год. на факс си?
што студираш?
што ќе работиш?
каде ќе одиш?
дали планираш добро да се забавуваш летово?
ги прочита правата?
Have a nice summer!
Како си?Ај пишете шо ве прашуваа во амбасада.
А мене ме праша само зошто ќе одам америка, знаеш ли дека работата ти е да возиш, имаш ли возачка, 3 прашања. И јас на третото го замуабетив дека имам возачка веќе 3 години и имам моја кола, секојдневно се возам итн едвај ме заќути, само ми рече Have a nice summer, bye! И се изнасмеаКако си?
која год. на факс си?
што студираш?
што ќе работиш?
каде ќе одиш?
дали планираш добро да се забавуваш летово?
ги прочита правата?
Have a nice summer!
Да не знај некој шо ќе биди со праксата на факс шо треба да одиме на лето? Можи да се оправда некако зошто не се оди?
Organizirano od agencijata.. ali nie si placameКако ќе одите до Софија?
Нормално е, не се секирај...најверојатно на аеродромот (Александар Велики претпоставувам) ќе ти издадат boarding pass за сите летови, а може и само за првиот..они најдобро ќе ти кажат.Може ли да ми каже некој што веќе е бил на кој начин му е дадена авионската карта?На мене ми ја пратија на маил во електроснка фрома и ми рекоа само да ја испринтам и со тоа сум можел да одам...Можеби не е на место прашањето ако е тоа нормално но на мене не ми е јасно бидејки прв пат одам. И друго ако оди некој преку Коузон во Sea Isle Ice да работи дали е контактирал со работодавачот?
Здраво на сите :smir:
Значи откако поминав неколку часа во читање на претходните 56 страници не можам а да не го споделам моето искуство. Значи вака:
Јас оваа година втор пат одам за USA. Лани бев со Наром затоа што имав слушнато као демек за тие што прв пат заминуваат, Наром им е најдобра опција. Значи комплетно сум незадоволна од нивната услуга и непрофесионалност. Заминав за Америка на 2-ри јуни а договор за работа добив дури средината на мај. Значи недела-две пред да тргнам немав никаква информација за тоа кај ќе одам и што ќе работам. Конечно кога ја добив понудата која баш и не ми се допадна, Славица која кога се пријавив во Наром ми кажа дека ако не ми се допаѓа понудата што ке ја добијам, можам да ја одбијам и да ми најдат друга, беше со сосема нов став дека освен оваа понуда не можат да ми понудат друга. Ок се помирив со тој факт и ја прифатив, и подоцна сватив дека не згрешив, затоа што можев да поминам и полошо. Сите сте запознаени дека преку Наром студентите престојуваат 2 дена во NY, е таму запознав студенти кои воопшто немаа работен роговор. Значи кога се пријавиле во Наром, агенцијата им гарантирала дека 100% ќе им најде работа а сега овие дечки беа оставени така - сами да се снаоѓаат како знаат и умеат. Исто така имаше група од 5-6 другари со договор сите да работат на исто место. Само што стасавме во NY Славица им пиша као демек имало грешка во понудата и неможело да работат заедно туку секој на различна страна од USA ке биде пратен. И сега можете да замислите колку пцовки имаше:baeh: хаха Мислам хелоу колку професионална работа е ова???? Мене со договорот се ми беше ОК и не можам да се пожалам од работата али целиот тој период додека се предаваа документите мене ми помина со нервози. Значи кога требаше да се носат документите за во амбасада, се јавувам во агенцијата и прашувам што и до кога треба да однесам. На Славица мајка и (постарата жена што работи во агенцијата, ако не се лажам на Славица и е мајка) ми кажа као демек не се секирај ти, кога ке треба нешто ние ке те побараме, и си велам ОК. Али од нивното побарување ништо. Си чекам јас така некое време и повторно се јавувам и таа мене ме кара као демек на време не сум ги однела документите за да ми закажеле во амбасада!!! Ја потсетувам јас што и како беше работата...и оваа со сет памет ми вели: Леле ние тебе скрос те заборавивме! Мислам хелоу, не за џабе платив некаде околу 2000$ за да добијам ваква услуга??? И така после 3 презакажувања во амбасадата конечно си добив виза и заминав, али крајно незадоволна од услугите на агенцијата.
Оваа година повторно аплицирав за USA со дечко ми, сестра ми и уште 3 другарки. Аплициравме во AmeriQuest. Првично се пријавививме таму затоа што ние сте 4-ца што сакаме да одиме заедно, а тие гарантираа дека можат да ни најдат таква понуда. Во Наром лани ми кажаа дека можат да средат 2-ца или 3-ца најмногу на исто место. Во AmeriQuest 3-ца мислам дека работат али јас најмногу контакт имав со Милена. Ние уште немавме ни аплицирано во агенцијата, а девојчето се потруди, ни најде ОК работен договор...и немаше простор поише за размислување, се пријавивме и ептен сум задоволна, како ветија така и направија. Нормално, прва година им е и сега сакаат да се покажат за да има позитивни коментари догодина за нив, али работата професионално си ја завршија. :bravo: за Милена и дечките од AmeriQuest!!
Очекувам коментари од типот дека правам евтина реклама за оваа агенција, али јас само го споделувам моето искуство со вас. Да се информирав лани малку поише за Наром, сигурна сум дека немаше да аплицирам кај нив туку сигурно во Зип или Коузoн.
И сега прашање за вас :costumed3 Ке работам во забавен парк оваа година (лани работев собарка во хотел) и слушам некои позитивни а некои негативни коментари за работата во забавен парк, па сакам некој од прва рака (што има работено во забавен парк, или има другар/ка што ја има работено таа работа) да ми даде неколку информации.
:smir:Благодарам:smir: