Јас имам неколку прашања
Прво..Тие што биле (или и тие што не биле а знаат), а не им било обезбедено јадење во цената на смештајот или им бил обезбедено јадење само додека работат или слично... Колку пари отприлика идат на јадење?
Знам дека е индивидуално, ама како се движат цените? Дали е како тука нешто слично или повеќе? И не зборам на fast food. Знам дека тоа таму највеќе се јаде, ама не сум баш по хамбургери јас
У принцип сакам да најдам работа кај што ми е обезбедено јадење, ама и таму незнам што значи тоа? 3 оброци на ден? И какви?
Вкусни, невкусни?
)) Не е дека сум нешто пребирлива ама не би јадела баш се...
Друго, сакам да идам со Наром травел. Незнам дали некој ги гледал понудите, ама скоро во сите пишува, на пример имаш housekeeping ама мораш да биде флексибилен, у смисол може да ти дадат и друга задача... Или пак ти ја одбираат работата таму кога ќе стигнеш според тоа што им треба. Можно ли е на пример мене да ми дадат за maintenance или нешто да поправам
Зашто тоа во принцип е машка работа... Или сепак имаат усул дека неможам баш СЕ да работам? Малку сум скептик за тоа, да не ми се погоди некој никаков, што нема да го интересира дали јас знам или незнам... Можеби можам да научам, ама не е баш дека ме интересира тоа или дека би работела тоа.... И кај што пишува дека освен тоа што го работиш може да ти дадат и друга работа, дали тоа го пишуваат за секој случај, или почесто ти даваат и други задачи освен твоите?
Трето... Како иде тоа со втората работа може некој да ми објасни?
На пример, работам 5-6 дена во неделата по 6 саати да кажеме, една работа... Другата работа си е исто како првата, со исто толку саати и исто толку денови во неделата? Или има некои работи кои се работат по помалку саати, и се зима нормално помала плата?
Четврто... Скептик сум и за тие работите како busser или келнерка. Зашто даваат мала дневница. Знам дека тоа не треба да го гледам, зашто типсот се доста големи. Ама по некоја логика, на почетокот и на крајот и нема да бидат толку големи
Бар не додека не почнат повеќе туристи и после откако ќе си отидат сите... Е сеа незнам нив кога им е екот во туризмот, ама сигурно не е 3 месеци
Или сепак повеќе се исплати и повеќе се заработува од оние со фиксна дневница? И збориме за со дневница од 8/9...
Мислам дека е доста за сега
И фала однапред за одговорите
))