- Член од
- 15 мај 2008
- Мислења
- 947
- Поени од реакции
- 99
- Возраст
- 42
Во пропагандниот лист од Владата, нашироко се зборува за како тоа професорите сакале поголеми плати, а веќе има биле зголемени.
Додека причините за штрајк се овие:
Со штрајкот се бара најдоцна до крајот на годинава да бидат потпишани колективните договори за дејноста згрижување и воспитание на деца, за високо образование, за наука, измените и дополнувањата на колективниот договор за култура, и сите да се применуваат од први јануари следната година. СОНК бара надоместокот за храна да се исплаќа во износ од 20 проценти од просечната плата на ниво на држава и да се применува од почетокот на следната година, а надоместокот за превоз да биде во висина на реалните трошоци на работникот што ги плаќа за одење до работното место и враќање дома. Дел од барањата на СОНК е и трансформација на договорите за работа на вработените во образованието, науката и културата на определено време, во договори на неопределено време.
Наставниците не бараат поголеми плати од тие кои моментално им се загарантирани со закон. Наставниците само бараат фер регулирани исплати на патните трошоци и хранарини. Бараат измена на договорите за работа кои се крајно неповолни бидејќи и ден денес има наставници кои се по 10 години вработени и се уште немаат решение за трајно вработување.
Владата сега се обидува да и замачка очи на јавноста, со изнесување полувистини, со цел наставниците да се прикажат како негрижливи граѓани кои немаат сенс за моменталната економска криза како и за преродбата. Очекувам деновиве многу црни бумбари, пирамиди, гласови на народот итн итн, со кои би се осудувале постапките на штрајкувачите.
А се што прават наставниците е остварување на своето легитимно право за штрајк, кој е во голема мера основан и оправдан.