Има повеќе пари од мене, не сум достоен за неа

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
Најмногу ме нервира кога некој ќе рече..Абе брат, не можам јас кај неа. Види ја колку троши на вечер. Кај можам да и платам се. :toe:

Ако некој чувствува нешто према мене, не треба да му бидат важни парите. Многу мразам такви машки.
Ама така е, секогаш ќе се чувствувам како во сенка. Никогаш не би со богата женска освен ако не е милфица некоја па да ми плаќа за сексуални услуги :)

Тие што имаат пари сакаат луѓе со пари и тоа е така и така ќе остане.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Ама така е, секогаш ќе се чувствувам како во сенка. Никогаш не би со богата женска освен ако не е милфица некоја па да ми плаќа за сексуални услуги :)

Тие што имаат пари сакаат луѓе со пари и тоа е така и така ќе остане.
:nenene: Не е кај сите така. Генерализираме.
И сите пари на светот да ги имам, нема да го променат тоа што го чувствувам. И покрај тоа што партнерот има помалку пари од мене.
Колку што тој може да потроши на излегување, на толку ќе се приспособам и јас. Нема да умрам.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.620
:nenene: Не е кај сите така. Генерализираме.
И сите пари на светот да ги имам, нема да го променат тоа што го чувствувам. И покрај тоа што партнерот има помалку пари од мене.
Колку што тој може да потроши на излегување, на толку ќе се приспособам и јас. Нема да умрам.
Ама мацувке морам да генерализирам пошто сум гледал како парите менуваат карактери и поими за љубов и пријателство. Тоа што го тврдиш за жал е премногу ретко, а ќе почнам и да се сомневам во неговото постоење. И јас би играл како тебе, ама нема многу играчи. :)
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Птицата може да ја сака рибата, но каде ке живеат?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Јас како машко не би можел да чекам пари од женската да ми даде, а бидејки во овој случај претпоставено е дека таа има пари за луксузирање а јас само за преживување, тогаш таа ке сака и понатаму да се луксузира, а ке сака со мене да ужива во луксузот. Бидејки јас нема да можам сам да си го платам тој луксуз ке треба да чекам таа да ми плати, и автоматски тука се осеќам ко јас во таа врска да сум женското а таа машкото и би се осеќал ко најголемата спонзоруша, нешто што највеке го мрзам.
Успешна (богата) жена, и неуспешен или помалку успешен (сиромав) маж, може само да успева на почетокот. На долг рок,тешко, треба и двајцата да се луѓе без никакви предрасуди, традиции, и да не ги делат работите на машки и женски.
Јас не сум до толку слободоумен, па затоа јас ја имам онаа доза на традиција, дека еден маж МОРА да биде главата на фамилијата. Тој треба да ги обезбеди сите услови на нормално функционирање на една фамилија, да им пружи се на своите деца, како материјални работи, така и љубов. Ако и мајката е успешна, и добро заработува тоа е уште еден плус за фамилијата, но таткото во никој случај не смее да ја загрози безбедноста и опстанокот на својата фамилија, дали работела неговата жена или не, тој е столбот кој во никој случај не смее да попушти.
Земете го за пример лавот. Лавиците никогаш не би можеле да преживеат и да ги одгледаат своите младенчиња ако не е лавот да ги штити. Кога лавиците ке бидат нападнати од некои други животни, само еден лав, може да го раскине целиот чопор на тие животни кои ги нападнале лавиците.
Е за таква глава на фамилија јас зборам,само што мажот не треба секој ден таква безбедност да обезбеди како лавот, бидеји секој ден фамилијата не е загрозена со своите животи, туку со сигурноста од сите оние аспекти кај кои може да се појави несигурност.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
906
Најмногу ме нервира кога некој ќе рече..Абе брат, не можам јас кај неа. Види ја колку троши на вечер. Кај можам да и платам се. :toe:

Ако некој чувствува нешто према мене, не треба да му бидат важни парите. Многу мразам такви машки.
:nenene: Не е кај сите така. Генерализираме.
И сите пари на светот да ги имам, нема да го променат тоа што го чувствувам. И покрај тоа што партнерот има помалку пари од мене.
Колку што тој може да потроши на излегување, на толку ќе се приспособам и јас. Нема да умрам.
Парите не се мерило за љубовта. Денешниот свет е либерален, така што при излегување и девојката и момчето си ја плаќаат својата сметка посебно. На крајот на краиштата, мене во повеќето случаи ме частеле девојки одошто сум ги частел јас. Не се сложувам со темава и мислам дека таа одговара на некои постари времиња од пред 20 години :)

@macufka: Нема што да се нервираш. Реалноста е таа. Богатите девојки не сакаат да си го менуваат својот животен стил. Лично познавам 2-3 такви и едноставно се жртвуваат за да биде тоа така. Имено, нив ги исполнувало мажот да имал манири (под манири се мисли на убави „романтични“ вечери, шетања по светот) односно коментар од типот „Замисли тој Белград имал нешто работа, ми се јавува сабајлево ми вика пакуј се одма идеме до Париз викендов“. И колку тој имал манири? Ваууу...да имам и јас некое крадено милионче во џебот сигурно нема да седам дома и да грицкаме сончоглед со женската гледајќи краден филм од торент.
Е, ама кој го може тоа? СТАРИ богати бизнисмени. Па истата таа погоре опишана има 25 години а оди со „дечковци“ од 50. Последниов е постар од мајка и. А најголемата трагедија е што мајка и тоа го одобрува. Звучи нереално? Ја има на FB може да ти ја кажам во ПП со име и презиме.
Сепак кога го сумира својот живот на крај...таа не е среќна и безгрижно заљубена. Оти знае зошто тој бизнисмен оди со неа (за да клецни младо пиче од 25 години и кај да е ќе ја шутни за некоја од 20). Сепак и таа има пари, па кај да е ќе наполни 30. После тоа ќе биде „успешна бизнисменка“ и ќе пушта огласи по ДНЕВНИК Огласник дека бара дечковци за забава а таа плаќа се за „романтичен“ викенд во Охрид.

И зошто сето тоа? Бидејќи не знае да го научи газот на сончоглед и добар филм, дека не треба да „искача“ секоја вечер во дискотека, дека не треба да шета по сите рекреативни центри (луксузни) и своето време да го помини во една релаксирана атмосфера со некој што навистина ја сака и таа навистина го сака.

@Heartbraker Мене не би ми сметало. Едноставно не се замарам кој ја плаќа сметката, дали јас дали таа. Ако таа има толку пари а јас немам ќе и кажам. Ако инсистира нека плаќа. Искрено не ни патам од тие работи. Плаќањето на сметката е гест а не е да се покаже кој колку пари има. Никогаш во животот не сум се замарал за тоа.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
33
Поени од реакции
1
не не не!!
врска меѓу богата девојка (опасна пичка) летната у облаци целиот свој живот опкружена со вип фаци и вип настани неможе со не толку богат тип!!! првенствено поради нејзиниот начин на живот а потоа и нејзиниот карактер!!
тие ти се прееемногу препичени женски!! татини принцези кои цел живот живеат опасен живот и добиваат шо ќе си посакаат и сите им го лижат гзот за да бидат барем у ниван близина!!
епа драги мои врска за која вие зборите нема шанси да успее!
ептен треба да е некоја опасна љубоф која не познава граници а таква љубоф има само на филмовине!!
а дури и да е таква љубоф кје биде само таква на почетокот,подоцна коа ќе се појават проблеми ќе биде мнооогу интересно тогаш just say goodbye!!!
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ваууу...да имам и јас некое крадено милионче во џебот сигурно нема да седам дома и да грицкаме сончоглед со женската гледајќи краден филм од торент.
А јас да имам милионче значи буквално би седела со дечкото цел живот ќе гледаме филмови и ќе јадеме сончоглед. Ако не го направам тоа еве ве!
 

Alekr

Kajgana's Heroj Ulice
Член од
28 ноември 2010
Мислења
2.728
Поени од реакции
1.913
Не ги ебам ич таквите, ни здраво им праам, па и колку да биде убава не се затрескувам па ни сакам, шо да земи да ме олупи од пари и после на кредити дживеам??? - НЕ .... убаво ми е со девојката и јас и таа сме со пристоен живот, знаеме што е многу и имаме граници, а тие пичиците кога ќе го нема тато, има да пушат во секоја кола секоја вечер за цигари да имаат, немаат ни понашање ни збор ни ништо, ти ебам кренатите, ич во животот не ми требаат такви:salut:
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
абе ко прво не ни можам да се заљубам у таква зашто за да за се заљубам не е доволно нели само да ја видам на искачање и запознаам (случајно)....потребенно ми е мене лично и муабет кој ке ме навлече на нејзе и ке побуди нешто во мене....без тоа само можам да :drk: на нејзе и се фалам (ако е воопшто за фалење тоа) дека се познавам - ништо повеќе.

таквите не седат по паркови ко мене со семки у џеб...или излагаат во дискотека и стојат во гужвата. не излагаат со авбобус - такси - и евтино количе паркирано 500 метри подалеку од местото само за да заштедам 50 денари, кој се најмногу 10% од вкупниот вечерашен буџет.

дури и да претпоставиме дека по некоја случајност запознаваш таква, пример влагаш се снаоѓаш луѓе сепариња флаши што знам се погаѓа момент, роденден има мн пари периодот и што ти ја знам, запознавам таква, муабет-два, и пијачка да почастам и се, највеќе што можам е да добијам контакт од нејзе (моб/фб), за подоцна да се размислам 100 пати пред да и се јавам/пишам за да се видиме...дури и тоа да се случи останувам разочаран од првиот состанок и тоа веднаш после 10 минути од тоа кога ке почне да сурфа на нет од нејзиниот ајфон, а за тоа време јас гледам манекенки на фешн тв.... (ова го кажувам од лично искуство, оти ми се има на мене десено, да запознаам пре(убава)-богата девојка на роденден кај братучед ми, за подоцна да се случи сценариото од погоре)

кога ги прочитав постовите над мене го сменив мислењето и сфатив дека и не треба да жалам за таквите неукаќани можности...тоа и не се добри можности, само се можности да си го заебеш животот и чувствата, и да ги згазам идеалите кој ми стојат запишани и ги почитувам со години....богатите девојки нека им се на богатите момци....

- не велам дека има уште разни подслучаи како на пример богата девојка со богат дечко со прекрасна идилична љубов за надворешниот свет и за нејзините родители, кои сета таа љубов ко од бајка непрестано ја кажуваат на седенките со пријателите роднините...за веднаш потоа, не со друг туку со татко ми да се погледнеме веднаш знаеме што е што.... - да не биле парите немало ни да се спојат тие гулапчиња... - ама ако им не љубоморам, оти може еден ден и јас ке имам пари па некој ке има погрешно мислење за мене....

- случај два: многу добро неискварена другарка од маало, на која мајка и не и дава да се дружи со сиромашните маалски другари (она тоа ни го има кажано) оти знае оти керкаи не е со искривени гледања и насочена само кон парите(како што била таа кога го бирала таткои) па се плаши да не керкаи се заљуби во некој од нас, а притоа и свесна дека другарството со нас и прија и со задовоство се дружи со нас...(се дружеше)
- што да речам освен дека таа е за утепување (мајка и)

сум пишувал и порано на темава, и пак ке напишам кога ке имам инспирација, разговарам често на оваа тема и секогаш се води кон едно исто, сите имаме скоро исти ставови, но разговорите траат долго, дали поради (скриената) „болка’’ , оти неможеме да имаме таква „убава’’ (ако воопшто може надворешната убавина да значи убавина, гледајки дека внатрешната скоро и да ја нема - самата го покажува тоа) девојка (повеќето од богатите девојки се надворешно убави, нели имаат можност и да ја подобруваат убавината)

како и да зборам секогаш постои она доброто ангелче над мене кое ми вели дека и подобро е што е така, односно, не треба да патам/жалам оти неможам да имам таква, затоа што и не ми е таква судена...а којзнае и која ке биде!?!

ставам крај со написот на некој од членовите кој многу ми се допадна а тоа е дека: врапчето може ја сака рибата, ама каде ке живеат
 
П

Пепси_

Гостин
А јас да имам милионче значи буквално би седела со дечкото цел живот ќе гледаме филмови и ќе јадеме сончоглед. Ако не го направам тоа еве ве!
Тоа го велиш СЕГА,а кога ќе го имаш милиончето во џеп не ми се верува дека ова истото ќе го речеш.
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Фиасиската состојба може да биде пролазна многу брзо. Може некој набрзна да се збобати или да осиромаши. Така што ако некој фуфица сака кеш, лесно може од девојка на богаташ да стане девојка на сиромав. Парите не треба ич, ама баш никого да го замараат кога се работи за љубов. И што ако таа заработува повеќе?Не значи дека е подобра или попаметна. Само дека имала добра среќа, поголеми можости, а дечкото немал. По 5 години може да биде обратно.Еве јас заработувам повеќе од дечко ми. Да не ја видев темава немаше ни да помислам на тоа. Мене тоа не ми смета, а него па ич:)
 
Г

Господ

Гостин
Не ме боли уво за кеш брат,најбогата на свет нека е ако е boring заеби.Сакам annoying типки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom