абе ко прво не ни можам да се заљубам у таква зашто за да за се заљубам не е доволно нели само да ја видам на искачање и запознаам (случајно)....потребенно ми е мене лично и муабет кој ке ме навлече на нејзе и ке побуди нешто во мене....без тоа само можам да
на нејзе и се фалам (ако е воопшто за фалење тоа) дека се познавам - ништо повеќе.
таквите не седат по паркови ко мене со семки у џеб...или излагаат во дискотека и стојат во гужвата. не излагаат со авбобус - такси - и евтино количе паркирано 500 метри подалеку од местото само за да заштедам 50 денари, кој се најмногу 10% од вкупниот вечерашен буџет.
дури и да претпоставиме дека по некоја случајност запознаваш таква, пример влагаш се снаоѓаш луѓе сепариња флаши што знам се погаѓа момент, роденден има мн пари периодот и што ти ја знам, запознавам таква, муабет-два, и пијачка да почастам и се, највеќе што можам е да добијам контакт од нејзе (моб/фб), за подоцна да се размислам 100 пати пред да и се јавам/пишам за да се видиме...дури и тоа да се случи останувам разочаран од првиот состанок и тоа веднаш после 10 минути од тоа кога ке почне да сурфа на нет од нејзиниот ајфон, а за тоа време јас гледам манекенки на фешн тв.... (ова го кажувам од лично искуство, оти ми се има на мене десено, да запознаам пре(убава)-богата девојка на роденден кај братучед ми, за подоцна да се случи сценариото од погоре)
кога ги прочитав постовите над мене го сменив мислењето и сфатив дека и не треба да жалам за таквите неукаќани можности...тоа и не се добри можности, само се можности да си го заебеш животот и чувствата, и да ги згазам идеалите кој ми стојат запишани и ги почитувам со години....богатите девојки нека им се на богатите момци....
- не велам дека има уште разни подслучаи како на пример богата девојка со богат дечко со прекрасна идилична љубов за надворешниот свет и за нејзините родители, кои сета таа љубов ко од бајка непрестано ја кажуваат на седенките со пријателите роднините...за веднаш потоа, не со друг туку со татко ми да се погледнеме веднаш знаеме што е што.... - да не биле парите немало ни да се спојат тие гулапчиња... - ама ако им не љубоморам, оти може еден ден и јас ке имам пари па некој ке има погрешно мислење за мене....
- случај два: многу добро неискварена другарка од маало, на која мајка и не и дава да се дружи со сиромашните маалски другари (она тоа ни го има кажано) оти знае оти керкаи не е со искривени гледања и насочена само кон парите(како што била таа кога го бирала таткои) па се плаши да не керкаи се заљуби во некој од нас, а притоа и свесна дека другарството со нас и прија и со задовоство се дружи со нас...(се дружеше)
- што да речам освен дека таа е за утепување (мајка и)
сум пишувал и порано на темава, и пак ке напишам кога ке имам инспирација, разговарам често на оваа тема и секогаш се води кон едно исто, сите имаме скоро исти ставови, но разговорите траат долго, дали поради (скриената) „болка’’ , оти неможеме да имаме таква „убава’’ (ако воопшто може надворешната убавина да значи убавина, гледајки дека внатрешната скоро и да ја нема - самата го покажува тоа) девојка (повеќето од богатите девојки се надворешно убави, нели имаат можност и да ја подобруваат убавината)
како и да зборам секогаш постои она доброто ангелче над мене кое ми вели дека и подобро е што е така, односно, не треба да патам/жалам оти неможам да имам таква, затоа што и не ми е таква судена...а којзнае и која ке биде!?!
ставам крај со написот на некој од членовите кој многу ми се допадна а тоа е дека:
врапчето може ја сака рибата, ама каде ке живеат