Петките страшни како баба Рога

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ова е текст од Време кој зборува за новите трендови на оценување во училиштата сега откако ќе се полагаат екстерни испити на крај на секоја година.

=====================================================================================

Тања, осмоодделенка од едно училиште во скопската населба Кисела Вода, минатата година помина одлична, додека годинава во првото тримесечје во дневникот нема ниту една петка. Четворките и едната тројка ги доживеала како шок, па на родителите не им ја пријавила родителската средба надевајќи се дека ќе ги поправи оценките. Вели, не знаела како да им објасни зошто има послаб успех, кога повеќе учи и знае од лани.

- Наставниците како да се плашат да ставаат петки и се многу строги - вели Тања.

Тања е една од многуте ученици кои оваа учебна година се соочија со новиот начин на оценување на знаењето што воедно е оценување на работата на нивните наставници. Поради тоа таа и нејзините родители сметаат дека наставниците ставаат пониски оцени од реалните.

Нејзините родители, пак, не знаат што се случува и велат дека дома биле сите во паника од однесувањето на нивната ќерка. - Детето постојано е над учебниците, нема нешто што не знае, а оценките и се послаби и поради тоа е нервозна и плаче. Постојано е под притисок случајно да не пропушти нешто - вели загрижено Милена, нејзината мајката.

Многу ученици, меѓу кои и седмоодделенецот Дарко од тетовското село Јегуновце, по часовите, на родителите им се жалат од главоболки и од умор. - Од пет предмети во еден училиштен ден децата имаат дури по три теста и плус испрашување по останатите, секоја втора недела. Ова е голем напор за нив, а и не можат да се снајдат - вели мајката Рада.

Како дете на просветен работник таа не се согласува децата да се оценуваат само писмено, бидејќи ќе заборават да се изразуваат. - Од тестови и предавања нема време и за усно испрашување, па нема ниту можност за поправање на оценките. Во дневникот успехот се изведува според некој просек од знаењето добиено на тестови - вели таа.

Според Законот за основно образование, објективноста на наставникот се проверува според резултатите од екстерниот испит. За оние наставниците кои ќе имаат најголеми отстапувања меѓу резултатите од тестирањето и завршната оценка на ученикот се предвидени казни со намалување на платата за десет проценти во текот на една година.

Наставниците со најмали отстапувања во оценките ќе добиваат зголемена плата од 15 проценти во текот на една година. Законот предвидува и отказ за наставникот. Мерката треба да ја зголеми објективноста на оценувањето на учениците во целост, и кога се пишуваат високи оценки и кога наставникот оценува престрого.

Родителите алармираат за видниот стрес кај наставниците подари оценката што ќе ја добијат, и тврдат дека се одлучуваат на пониски оценки.

Родителите се жалат на наставниците кои сопствената нервоза ја пренесуваат на децата, а тие на родителите. Зоран Михајловски, професор по психологија на Педагошкиот факултет во Скопје, е убеден во исправноста на мерката за оценување на наставниците и професорите, кои токму поради отсуство на механизми на контрола половина век биле комотни и неприкосновени во ставањето оценки.

Но, тој е скептичен за изборот, времето, начинот и темпото на спроведување на новината. - Ќе беше подобро да не се одеше на ура, ами да се оставеше време да се види како ќе функционира проектот за побезболно да се отстранат евентуалните пропусти - вели Михајловски.

Професорот смета дека најмалку се мислело на емотивните ефекти кај учениците врз чиј грб се прекршува секоја образовна реформа.

линк

=====================================================================================
е сеа, ме интересира дали навистина ова се случува, т.е. дали професорите плашејќи се дека ќе им скинат од плата или ќе ги избркаат од работа пишуваат нереални (помали) оценки, дали повеќе ви бараат од минатите години итн, итн...
 
Член од
19 април 2007
Мислења
629
Поени од реакции
37
и сега го прават тоа, али нема толку жалење..Чекај кога ке дојде крај на година, ке видиш како ке ставаат за 1/2 оцени помали од реалните..од кај ке знае професорот/ката каква оценка ке добијам на екстерниот тест, зашто да ризикува, зашто да и кине од плата, за некој што не му се учи нели...
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
е сеа, ме интересира дали навистина ова се случува, т.е. дали професорите плашејќи се дека ќе им скинат од плата или ќе ги избркаат од работа пишуваат нереални (помали) оценки, дали повеќе ви бараат од минатите години итн, итн...
Само тоа им е во главата на професорите. Вадиш тест 5- или 4+ и ти става 4 и ти вели - Ами ако не направиш 5 тест на крај полугодие/година шо прајме? Повеќе бараат, и колку и да одговориш, ти пишат помала оценка... (има исклучоци)
 

Ann'

Jezebel's Daughter
Член од
9 јуни 2008
Мислења
210
Поени од реакции
9
Ова кај мене не се случува. Дури имав 3+ на тестот математика, професорката ми стави 4ка затоа што еднаш сум се јавила да решам задача на табла. Кај нас попуштаат исто како и лани... барем за сега, а на крај година ќе видиме.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Реков, има исклучоци. Но некои професори се опседнати со тие тестовите, вака на тест нака на тест... На крајот на краиштата, нив треба да ги тестираат за нивните „знаења“
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Ова горе е навистина точно:nesum:. Оваа година сум со најслаби оценки, но не мислам дека тоа е баш до мене бидејќи јас учам континуирано . Оценките ги ставаат од тестовите и ја ставаат помалата од двете:nesvest:(на пример првиот тест ако ти е 4 ,а вториот 5 ја ставаат четворката ) :uvo: И многу од професорите ги гледаат и оценките по другите предмети па и според нив и тие ставаат оценка за да не деле многу од другите :tapp: . подобро би било сите професори да имаат своја тетратка во која ќе ги ставаат оценките во текот на годината, и на крајот да ги напишат во свидетелството, а не вака една единица што ми ја ставија на почетокот на годината и после по неа што ја гледаа и другите професори ми ставаа послаби оценки од таа што сум ја заслужил:uvo: ,што јас ако сум слаб по тој предмет не мора да значи дека сум тапа и по другите предмети. Но тие си гледаат само за да немаат намалување на платите па нас нека ни ставаат послаби оцени ,а незнаат дека со тоа не се мотивираат учениците туку само повеќе ги пропаѓаат.:salut:
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
86
Поени од реакции
4
...edno me interesira...zoshto vo tekstot ne e prashan nekoj ucenik koj redovno si dobiva petki, dali i nego profesorite mu namaluvaat ocena? Dokolku na ucenicite im se stavaat realnite oceni i na toa se reagira znaci deka pak barame vrakjanje nazad kon petkomanijata. Ako barame realno ocenuvanje, zoshto se bunime protiv pishuvanjeto niski oceni?
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Тоа објективното оценување е илузија, само колку да се каже дека постои.Во пракса го нема.Многу професори пишуваат оцени онака, од тепка.Доколку првата оценка што ученик ќе ја добие е послаба, горе-долу слични ќе му бидат и другите оцени без разлика колку знае.На сето тоа се додава и стравот од тестовите и идат и помали оцени.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Оценките ги ставаат од тестовите и ја ставаат помалата од двете:nesvest:(на пример првиот тест ако ти е 4 ,а вториот 5 ја ставаат четворката)
Така и треба да биде тоа, таман работа со една 5ка и 4ка да ти стави 5ка.

И најпосле што менува тоа... истата мерка е за сите што значи се намалила само скалата на оценување... тие што учат и знаат ќе имаат 4ки и по некоја 5ка тие што не учеле ќе си имаат константни 2ки. Тоа што незнам е дали на крај оценката од екстерниот ако е евентуално повисока ќе влијае на подигнување на крајната оценка.
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
. Тоа што незнам е дали на крај оценката од екстерниот ако е евентуално повисока ќе влијае на подигнување на крајната оценка.
Секако дека влијае, како што си важи за намалување ако има големи отстапки.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
AAAAAAAaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa....

Нема повеќе мама тато ке фатат пријатели и оп петчиња... Што мислеа, до кога ке тераат така? Ако си имаш знаење за 5-ка ке ти стави 5-ка, никој не е будала. А што ако знаеш за 5-ка и ти стави 3-ка? Никому ништо, кога ке дојде крајниот испит, ке излезе вистината на виделина. Тоа што го знам е мое и никој неможе да ми го земе. Така е и за вас ученичиња. Седнете згрејте ги столчињата а не да се добиваат одцени поради тоа што наставникот му бил другар на тато.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
дефинитивно е точно ова
и на нашата родителска се правеше муабет за изменетиот и неправеден начин на оценување
значи во мојот клас од лани има над 20 учници што поминале одлични а сега имаме 81 кец и НИТУ еден одличен
професорите се исплашени, постојано зборат за тие тестови и за нивните плати, барем кај мене за секоја тема без разика дали од 2 или 15 лекции е правиме тест и добиваме и плус усмена оцена...кои се нормално послаби
те испрашува 20 минути и едно прашање згрешиш и одма ее ти незнаеш седи еве ти 3 или 4 :icon_eek:
премногу влијае тоа на учениците, нервози, плачење, цели ноќи поминати над книга за да добиеме 3 или 4:tapp:


или нека ги укинат крајните тестови или усно испрашување :uvo:


а и што се мешати вие што сте на факултет или завршени и тоа
не сте моментално во основно и средно и не знаете калку е сменето
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Кај мене во школо кога одговараш или на тест добиеш петка нја професорките им се терсат рацете ставјки 5ка во графа....а некој кај што си добил па и плус ке те допрашаат за да се осигураат.
Според мене ова е веке претеризам.И нема смисла.Полесно ке ми биде да завршам факултет со новие програми и колоквиуми отколку средно.Живи глупости.Направија да ако сакаш да си одличен неможеш од дома да излезеш.И кој кур ке ми физика и хемија и математика коа знам дека ниакд нема да ми требаат.А ако тие ми се слаби оценки ке немам просек за на факултет.

П.С Вие што сте завршиле средно престанете да јадете *омна дека ова што се направило е супер.Да не заборавивте дека и вие бевте некогаш средношколци?:smir:
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
До кај некаде, ме бендисува овој потег. Крајно време беше за реална слика на знаењето. Не може некој кој цела година дремел и книга не фаќал да има 5 по секој предмет и да биде ист како мене. 16 одлични во клас? Што беше тоа... Јас да бидам спремен цела година, а некој во јуни да одговара за 3 лекции и да му стават 5 за во свидетелство. Не беше праведно, ама и вака не бива оти само нервоза стварат професорите. Требеше само да кажат дека ќе се прави испит на крај и готово! Секој ден, секој час, секоја минута истата приказна - Тест, тест, тест... Аман веќе! ќе ги правиме и готово
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
П.С Вие што сте завршиле средно престанете да јадете *омна дека ова што се направило е супер.Да не заборавивте дека и вие бевте некогаш средношколци?:smir:
Завршив да... ама благодарение на папагалите и тие со пријатели бев во сосема заден план и само 4ки добивав колку и да се трудев за повеќе, ама тоа се покажа подоцна кога толку фалените "ѕверови" од ученици кои беа со мене упеаја да испоквадрираат и да се откажат од факултетите, зборот ми е ако вредиш и 4ката ако е заслужена ќе се покаже дека е достојна за 5ка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom