Се упрпаа дека ќе им се намали од плата, па одма сменија систем и начин на оценување. Полуделе сите...се што зборат е за тие тестови. Нас не плашат, а не сфаќаат дека они се повеќе уплашени отколку ние. Сега пробуваат да вратат се во контрола, ама касно им е. Тоа требаше на време да се напраи, кога ги ставаа оценките од акав, без разлика дали некој знаел за повеќе или помалку.
Од една страна е добро тоа што ги воведоа овие тестови, зашто така ќе се оценат учениците, ама и професорите... Ама од др. страна воопшто не ми се допаѓа. Некои деца повеќе сакаат усно одговарање, отколку писмено, ги фаќа трема на тест. + тоа мн. е глупо што ќе се полагаат тие тестови за материјалот од цела година. Не знам какви интелекти да сме ние, да памтиме материјал од цела година, по сите предмети, не е мала работа, и тешко кој може да постигне. Некој може цела година да учи и на крај да киксне, зашто го фатила трема или не му бил денот, а др. може цела година онака само површно да си учи, а на крај да земе и се да научи, ако е кампањер.