Генерален штрајк на СОНК

  • Креатор на темата Креатор на темата alex-st
  • Време на започнување Време на започнување
Леле немој случајно да се учи,оти и ја не планирам да дремам во школото.
А и се закануваат со инспекција во сите школо,па можно е да се откаже штрајкот и да не поебат :) Уште тоа ми фали :nesum:
 
Јас ништо не разбирав!!!! Спикеркава на А1 вика штрајк, ама учениците во школо, а новинарката одма послем тоа вика дека нема да се оди на школо. Са сител Перо вика дека школите што ќе штрајкуваат ќе бидат казнети а Дојчин, тие што нема да штрајкуваат ќе снесат последици.

Ќе идеме ли утре во школо или не?????

Изгледа сами треба да си бираме - Дали ќе спиеме цел ден или ќе идеме во школо за да не вратат дома. Ја го бирам второто!
 
ааа ептен многу во наводници:nesvest:

Да те потцетам само.
Види сеа избери
Надвор мразара ти дома во ќебиња и у кома си и спиеш до 11 или стануваш у 6 кога и да стануваш па по мразарава идеш до школо и ќе ви речат деца денес штрајк ај гитла дома.
 
Изгледа сами треба да си бираме - Дали ќе спиеме цел ден или ќе идеме во школо за да не вратат дома. Ја го бирам второто!

Јас мислам дека на нас ни е најпаметно да си одиме во школо, само на 1 саат и да си се вратиме дома. Така, одкако ќе добијат што барале нема да можат да ме тераат да одам на школо во сабота. Ќе бидеЧ извини јас бев на часови, ама тебе те немаше (слично како што не тормозат со отсуства и неоправдани).:toe:
 
лелееееееее.... нејќам да одам од дома ме терат да одам!! Книга не фатиф за неделава оти мислев дека нема да се учи , у пи*ку матер...
 
Се молат сите што учат во економското училиште 8 септември од Тетово утре да не дојдат на настава, кој дојде... :sakas_ust
 
Изгледа сами треба да си бираме - Дали ќе спиеме цел ден или ќе идеме во школо за да не вратат дома. Ја го бирам второто!
ај ти одлучи се ќе одиш ли утре или не одиш
еднаш викаш ја не одам кој ги е*е,после викаш ќе одиш за да те вратат...?
сеа да не се премисли пак?:pos2:
 
Втора сум утре, ќе видам шо,како ќе биде со првава смена. ..:smir:

Инаку мислам дека на директорите на кои што им фуфка, ќе нема штрајк.
А нашиот зашо е маЖиште..:vozbud: најверојатно ќе одиме и само ќе ги седиме-без одржување на настава...:helou:

А ако ви е страв да не почне некој да испитува, имате добро оправдање...:smir:
 
Шо им е на овие бе треба ли да се иде сеа или не ??
 
Јас учам во Орце Николов а орце има добиено епитет Драгстор кој работи 24/7.
Немам намера да се појавам утре у школо па шо сака некка биде.Ке видам што правеле па у вторник ако се учи ке идам.А да идам ја и 6 часа да седам во училница:nenene:
 
Мислам дека сме убедливо најдобри во категоеријата Најлуда Држава во светот.Никој ништо не знае,секој праи како сака,секој си толкува како сака.Пред 5 минути Дојчин вика ШТРАЈК,после као на А1 абе треба да дојдете ама без настава....Епилог:никој ништо не знае.Ќе отидеш само таму за 5 мин на минус 10,професорите у канцеларија кафе си пијат,и ќе ти речат ај иди си.....Катастрофа!!!!!
 
Само што кажаа на А1. Иако има штрајк, учениците МОРААТ да појдат нашкола. Фала богу сум втора смена :helou:

Баш ме интересира каков е тој штрајк со работа т.е. со одржување на настава. Како уствари они ќе покажат дека штрајкуваат? Глупости на квадрат!
 
јас закажав утакница утре у 11 т.ш. како и да е секако не идем!
 
Баш ме интересира каков е тој штрајк со работа т.е. со одржување на настава. Како уствари они ќе покажат дека штрајкуваат? Глупости на квадрат!


Штрајкуваат со работа .... Only in Macedonia :tapp::tapp::tapp:
 
Сеа кажаа на канал 5 класичен штрајк
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom