АБЦ..
Епа тоа е проблемот, државата не прави контроли, зошто секоја 2 фирма има уложено пари во некоја партија..... не ти обезбедува поради ова што го кажав, јас што зборам цело време?
Би те поправил.
Секоја втора (ако не и секоја)
голема фирма, има вложено финансиски средства во некоја партија.
Па затоа денес за таа сметка, страдат малите фирмичиња кои за 10 денари не издале фискална сметка, или за 200 денари вишок во каса......и уште разни банални примери.
Дури има и примери кај што истата фирма, е затворена двапати во три месеци, со казна два месеци неработење и 3 000 евра кеш, само заради тоа што вработената ја мрзело да издава фискална за роба од 25 односно 120 денари, оти не и бил денот.
А од друга страна пак, има други примери кај што фирми гиганти во својата област, секојдневно го прекршуваат истиот закон за кој малите се казнуваат и по двапати во три месеца.
Значи најголемиот процент од казните кои што се собираат по овој основ, одат токму од тие мали фирми кои прават месечен профит од да кажеме 500/800 евра, а оние кои прават над 5 000 или 10 000 евра месчен профит, прекршувањето на закотот е дозволено.
Епа кај е тука правдата.
Или се оди исклучиво на масовност на казните, за да што повеќе се полни буџетот....или се оди на нивно (малите фирми) уништување.
Да не ја споменувам утката со патриотските фискални.....или со лиценцата за продажба на алкохолни пијалоци, на кои единствена цел им беше бутање пари во буџетот, и ставање по неколку милиончиња брзо заработени пари во џеб.
И се ќе беше ок. доколку тие пари се искористеа за отварање нови работни места или во подобрување на инфраструктурата........наместо во спотови за перење мозок....и покачување на плати на оние кои се фактор за добивање или губење избори, а за кои годишно оди најголемиот дел од буџетот.