Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Незнам зашто уште го форсира Slowdorf. Човекот не како што беше порано. Роналдињо стави го, подобар е сигурно. А се врати блискиот пријател на Анчелоти, Фавали и одма у прв тим (иако не изигра лошо али подобро е Сендерос да се види повеќе како игра за да се размислува дали да го откупиме) Иначе Фламини владее по десно. Новава позиција му одговара ненормално. Сеа малце претеруваше со долгите високи подавања али важно трча како навиен.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Најубав роденден ми направија фудбалериве:)
Интер губи, Милан победува, Кака дава гол ааах:pipi:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Sun, May 3 at Catania 9:00 am
Sun, May 10 Juventus 9:00 am
Sun, May 17 at Udinese 9:00 am
Sun, May 24 AS Roma 9:00 am
Sun, May 31 at Fiorentina 9:00 am



Sat, May 2 Lazio 2:30 pm
Sun, May 10 at Chievo Verona 9:00 am
Sun, May 17 Siena 9:00 am
Sun, May 24 at Cagliari 9:00 am
Sun, May 31 Atalanta 9:00 am



Очигледно е дека на Интер е и тоа како полесен распоредот но ако веќе Милан е тим за титула треба сите да ги победи до крај а Интер нека си го игра своето и да се надеваме на нивен кикс.
 
Член од
10 октомври 2008
Мислења
215
Поени од реакции
6
milan tepa do kraj 100% a sansite za titula ni se 25%
chievo ke izvadi bod kaj inter isto i lazio naredno a mozno e i atalanta da iznenadi vo posledno koa ke se doznae sampionot
 

член1став3

сеирџија
Член од
10 февруари 2009
Мислења
446
Поени од реакции
13
Седум бода од Интер, но сепак имаме тежок распоред така да шансите за титулата се минимални.
Морам само да ти кажам дека аватарот ти е најбољи, Хендри го пошујем највеке на свет.

Бај д веј, глеав реклама на пепси, нешто Кака Меси Анри бла бла бла, па после ми текна што им правевме на Торино, па си реков, за да снимат Пепси некоја екстра добра реклама, се што треба да направат е да земат камера, да дојдат на Сан Сиро и да ги снимаат Милан, боља реклама здравје.

А за титула мало сутра, ама спортски е да се надеваш, искрено и ја си се запалив кога Залајета им го репна, и си реков ајде и Пандев да им го репне, од Аталанта губат стално и уште една нерешена и ете.

Noi siamo numero UNO.
 

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.278
Поени од реакции
8.443
Ај честито победава требаше петарда да им пукнеме ама ептен рутинирано изигравме на утакмицава
леле ни се отвори некоја минимална шанса за титула интер немал криза во играта одамна па може да се очекува уште некој лош натпревар сега амајас би се задоволил и со 2ро место со некоја минимална негатива да не се залетуваме мн дечкиве да не ни паднат у депресија заради некој ,,неуспех'' :):)
 
А

Ајсшутер

Гостин
Да бидеме реални шансите за освојување на калчото не се ни 10 проценти а камоли како што направивте вие 25 % воглавно најважното е да ги тепаме сите утакмици до крај а Интер што сакаат нека прават (иако сакам киксови :icon_lol:) за да се радуваме со титулава :pehar:
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Синдикат, немој Одо бе брат... :icon_lol:
Го спомнав оти уште е играч на Милан, на позајмица е во Баерн. Пошто сигурни за в година во одбраната се Тиаго Силва, Замброта и Јанкуловски. Значи само тројца на кои може да се смета да играт во прв тим иако не се најидеални и тие. Ги имаме и Антонини, Матиони и Фавали кои не се играчи на кои можи со сигурност да се смета и повредените Каладзе и Бонера. Малдини е аут, а се поверојатно е дека и Неста е некаде при крајот на фудбалската кариера, за жал. Сендерос не е играч на Милан.

Според ова не би се откажал така лесно од играч како Одо, со оглед на то шо пари не земаме за него во никој случај. Очајно лоша е ситуацијата во одбраната ако имаме проблеми пак со повреди, ни требат најмалце 3 нови играчи од кои 1 треба да е класа играч. Не е ова фудбал менаџер, така да би го земал Одо назад и само ради стабилноста во одбрана шо ја имаше. Колку и да знаеше да исселанчи со центаршутојте во секој случај би го играл пред Јанкуловски, Одо десно Замброта лево не ми звучи многу лошо.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Oдлично изиграно од страна на Милан, иако секогаш ќе се најдат забелешки и некој што ја кочи играта.Мило ми е што Кака пак се враќа во форма(не дека ја изгубил:smir:),а старата лисица Инзаги, секогаш знае да не изненади кога најмалку очекува.Добра партија.Се надевам ќе ја продолжиме ваквата серија на победи.
Честитки за победата до сите Миланези!:pipi:
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Го спомнав оти уште е играч на Милан, на позајмица е во Баерн. Пошто сигурни за в година во одбраната се Тиаго Силва, Замброта и Јанкуловски. Значи само тројца на кои може да се смета да играт во прв тим иако не се најидеални и тие. Ги имаме и Антонини, Матиони и Фавали кои не се играчи на кои можи со сигурност да се смета и повредените Каладзе и Бонера. Малдини е аут, а се поверојатно е дека и Неста е некаде при крајот на фудбалската кариера, за жал. Сендерос не е играч на Милан.

Според ова не би се откажал така лесно од играч како Одо, со оглед на то шо пари не земаме за него во никој случај. Очајно лоша е ситуацијата во одбраната ако имаме проблеми пак со повреди, ни требат најмалце 3 нови играчи од кои 1 треба да е класа играч. Не е ова фудбал менаџер, така да би го земал Одо назад и само ради стабилноста во одбрана шо ја имаше. Колку и да знаеше да исселанчи со центаршутојте во секој случај би го играл пред Јанкуловски, Одо десно Замброта лево не ми звучи многу лошо.

Па да,и Анчелоти најави дека Одо се враќа во Милан.Ама тој и минатата сезона кога играше кај нас беше слаб во одбрана.И сега го имам гледано во Баерн неколкупати,го претрчуваат како сакаат.Многу е спор.Ќе биде добро да се земе некој денар за него на лето,а ако мора да остане нека биде за на клупа.Јас мислам дека Антонини е подобар избор од него,а и Бонера да се надеваме дека ќе се врати.
За Каладезе не знам што да речам...

Ама во секој случај ако треба да се менува нешто(а треба),мора прво тие измени да бидат во одбраната.Да се земе еден класа играч,и уште 1-2 помлади.На пример Агер и Роси од Парма(нели се спомнуваше за него) и Астори да речеме.За да имаме поквалитетна и поголема конкуренција и за на клупата.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Следно коло не очекува тешко гостување кај Катанија која сигурна е со опстанок да се надеваме на победа!
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.523
Поени од реакции
5.515
Го спомнав оти уште е играч на Милан, на позајмица е во Баерн. Пошто сигурни за в година во одбраната се Тиаго Силва, Замброта и Јанкуловски. Значи само тројца на кои може да се смета да играт во прв тим иако не се најидеални и тие. Ги имаме и Антонини, Матиони и Фавали кои не се играчи на кои можи со сигурност да се смета и повредените Каладзе и Бонера. Малдини е аут, а се поверојатно е дека и Неста е некаде при крајот на фудбалската кариера, за жал. Сендерос не е играч на Милан.
Абе покрај Силва, Замброта и Јанкуловски туе се Бонера и Каладзе.
Сеа во моментов точно дека од овие 2 неможеш да состаеш 1 асалаен ама догодина верувам дека Бонера и Каладзе ќе бидат фит такашто би имале добри резерви.

Замброта, Бонера, Силва, Каладзе и Јанкуловски се сигурни и за идната сезона (можна е и продажба на Каладзе, ама тешко).
Малдини се пензионира, а на Фавали сезонава му истекува договорот (30.06.2009), се пишуваше пред некое време дека ќе му го продолжат на уште 1 година ама ништо не бидна, значи ако не го продолжи Фавали договорот и он си заминува.

Сеа ако остане Сендерос во Милан тогаш ќе ни биде потребен уште еден добар дефанзивец: Мексес, Агер или Кајер...
А ако се врати Сендерос тогаш ќе мора 2ца да земеме, еден добар за партнер на Силва и еден шуш буш ка Сендерос.
 
Член од
4 март 2009
Мислења
141
Поени од реакции
4
кога станува збор за одбраната на милан мора да има измени,мора свежа крв млади играчи.


во централниот дел го имаме тиаго силва,и мего му треба добар партнер мора да купиме играч како агер,кјаер или др.
за бекови замброта е добар може и лево и десно да игра,јанкулоски може како резерва или во среден ред да потполнуа.
исто и фламини може да игра десно а замбро лево,или пак да купиме некое топ крило како клиши или ебуе.може да биде нешто од матиони и др...
а каладѕе е готов не го бива и тежок киксер е . за фавали да не зборам. малдини се знае. супер би било бонера да продолжи во јака форма го бива и за центален и за крило, одо абе тој е готов подобро мене да ме земат да играм него тој:pos2:не сум за потценуавање

мора да гледаме во иднина ако е така за неста нема замена апсолутно никаде.
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Дечки, нас би ни требал и играч како-Мамаду Сако, тој може да игра централно и лево, замена за Фавали, Каладзе и Малдини. Таков играч имаме само во Каладзе, кој нели, цело време е повреден и има над 30 години и Микеланџело Албертаци, кој има само 18 години.
Албертаци е ѕвер, според многумина е новиот Бареси и Малдини, но проблемот е што е многу млад, така да, на него посериозно би можеле да сметаме дури после 2 години.
Каладзе заслужува и следната година да го носи дресот на Милан. Тој е одличен дефанзивец, да не беше убиството на брат му и многу честите повреди, ќе беше еден од најдобрите дефанзивци во светот.
Јанкуловски беше најужасен оваа сезона, но би бил добра замена за
Исто така би ни требало лев-бек, можеби Таиво, Клиши, Пасквал, Максвел?
Мислам дека тоа ќе биде Максвел.
____________
На центалната позиција за следната година ги имаме:Неста(33), Дармиан(20), Силва(24), Каладзе(31), Албертаци(18) и Бонера(27).
Сендерос би требало да го откупиме. А ако не го откупиме, да го земиме Сако и еден од Кјаер, Миранда, Санта, Мексес или Агер.
Кјаер ќе биде многу тешко, ако се знае дека секој ден читам дека ќе останел уште една година во Палермо. За Миранда бараат 20 милиони, ако не се лажам. Сантакроче и за него ќе биде тешко. Мексес, алфа и омега во Рома, пред некој ден навивачите на Рома излегоа со став дека нема шанси Мексес да си замиме. И Агер, тој ни е најдобра опција, одбива да го продолжи договорот, не го пуштаат....башка и е ѕвер, има 24 години и се споменува цена од околу 8 милиони.

_____________
На десната бековска позиција мислам дека сме одлични и не би ни требале играчи. Ги имаме:Замброта, Антонини, Матиони, Фламини, Бонера и Дармиан. Одо у никој случај враќање.:nenene:

_____________

Милан заинтересиран за играч на Валенсијa.
Тука


:nesvest::nesvest:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom