Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Честито победа и сами сме на второто место одличен натпревар на сите посебно ќе го издвојам Замброта и може Кака..Замброта игра константно добро цела сезона..
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ме радува и што не изиграа Милан најсјајно, пак дадоа 3 гола. Последниве натпревари ненормално се даваат голови а малку се примаат. Немаше некој играч кој одскокна на овој натпревар, освен Фламини со неговата пожртвуваност. Кардачо конечно заигра некоја минута. Честито победа.
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Ајде честито победа нека ни е! :)
Кака полека се враќа во старата форма,Пирло игра се подобро и подобро,а исто така и Фламини.
Посебно би го издвоил Малдини! По којзнае кој пат: Секоја чест за Паоло! Кој би рекол дека има 40 години и дека ова му е последна сезона.
А Инзаги нека биде во Милан додека наполни 60 години..хаха Легендарен е Пипо.Секоја чест и за него.

FORZA MILAN!!!

едит: Да додадам само дека Кјаер е одличен играч.Ќе направиме добра работа ако успееме да го земеме.Иако го немаше Пато да го тестира поопасно,како што им ја спушти цената на Мексес и Сантакроче.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.900
Поени од реакции
23.293
Ај нека ни се множат, да игравмо вака рутински цела сезона со слабиве тимчиња кај ќе ни беше крајот, али тоа е после свадба......

Иначе добро изиграја днска, Пипо па докажа дека заслужено добива шанса пред Шевата, и мислам дека Матиони нема да заигра за Милан пошо си набавми бек десен за наредниве 5-6 године :vozbud:

Кака се враќа у форма тоа ме радува многу. Све на све супер утакмица и осамени на второто место
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.540
Поени од реакции
4.068
Честито победа, може ли некој да пише како изигра Роналдињо!!
 
Член од
4 март 2009
Мислења
141
Поени од реакции
4
браво за целиот тим,сите беа на висина на задачата и нивните квалитети посебно за кака,фламини и амброзини.кака влегува во опасна форма,фламини е неверојатен и јас мислам дека заслужува првотимски статус,супер изигравме -дида не се виде тоа е добро.
кјаер е машина да го земеме него супер би било. би биле со тиаго силва топ тандем
п.с. мора фламини даповежба повеќе на техника односно на центаршутеви ме потсеќа на одо коњот за другото немам зборови:pos2:
 

Џенаро Гатузо

Pippo per Sempre
Член од
3 јануари 2008
Мислења
2.797
Поени од реакции
38
Играме се подобро и подобро на секоја утакмица одлично играат сите посебно на последниве две утакмици Фламини,Кака,Пипо и Малдини колку ми е жал за последниов што иде во пензија али тоа е јбг ! Денеска рутинска победа да се надеваме на победа и на сите останати кола језда имаме најтежок распоред од сите други екипи ќе играме со Рома,Јуве,Удинезе и Фиорентина последно коло во гости ! Наредно коло играме со Катанија во гости да се надеваме на нови 3 бода...а веќе сме пред Јуве со 2 бода тоа е добро пошто нив ги пецна денес Реџинковкич
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Ако експериментот со Фламини на десна бековска позиција проработи мислам дека за вгодина не ни требат нови бекој. Одо да се врати ќе ги имаме Фламини, Одо и евентуално Бонера десно и Замброта, Јанкуловски и Фавали лево, младичите ќе шетнат на позајмица.

Во центарот на одбраната годинава беше Милан доведен до позиција во прв тим да играат константно резервните играчи. Прва опција требаше да бидат Неста и Каладзе кои ги немаше цела сезона, прва алтернатива требаше да бидат Малдини и Бонера кој исто така го немашецела сезона, а исто и Фавали и Сендерос (кој исто се намаче со повреди) кои требаше да бидат последна опција се изнаиграја.

Сега со пензирањето на Малдини и неизвесноста на Неста, па и Каладзе и Бонера се неизвесни, а Сендерос не е во наша сопственост. Мислам дека покрај Тиаго Силва на Милан ќе му треба уште еден добар дефанзивец за прв тим и уште двајца како алтернатива.

Среден ред ко ќе се врати и Гатузо ќе бидиме топ, а напад со неизвесноста на Бориело ќе ни треба еден проверен снажен шпиц.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.559
Поени од реакции
48.104
Амрбозини трета утакмица по ред е МВП. Намести гол, пенал врз него, пресече катаљон топки. Кака маестрално одигра денес. Фламини не верувам дека ќе може да се установи на таа позиција од прста причина што позицијата бара центар шутеви а неговите се благи ужас.
Мене само ме секира до кога ќе ни трае оваа добра серија. Последните кола ни се кој од кој, на сите притвници ќе им требаат бодови за европа од година. Приоритет до крај на сезонава е Јуве да се откорне нека сме терти ако треба не ми е гајле, битно да им се земе здравјето на нив. Многу подобро би било да игравме со нив наредно коло да ги опнеме вака деморализирани, вака имаат простор да се вртат наредно коло со победа и да дојдат накрвени на Сан Сиро.
Тој Ќаер ако приметивте еднаш отиде во непознат правец од Кака денес :) . Али па јебига кој не отиде, овој беше вон себе денес. :)

Синдикат, немој Одо бе брат... :icon_lol:
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Браво, повторно одлична партија... имавме можност и за педарда но добро е и вака :)

не само Кака туку и останатите изиграа многу добро (со мали исклучоци), сепак најмногу ме радува формата на Кака :), мислам дека добро ни дојде победничкава серија со високи победи за тоа што преостанува од сезоната, уште следното коло ќе може малку поопуштено да се игра и после сите кола до крај ќе мора да се гине, но верувам дека најмалку ќе останеме бар на третата позиција иако 90% сум сигурен дека втората не ни бега, а 1% и дека првата можеме да ја лапнеме :baeh: :)
 
Член од
14 март 2009
Мислења
119
Поени од реакции
1
ajdeee so srekaa :) ve4erva kiks na Inter.. i odime po titula :baeh:
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.504
Поени од реакции
5.488
Ако експериментот со Фламини на десна бековска позиција проработи мислам дека за вгодина не ни требат нови бекој. Одо да се врати ќе ги имаме Фламини, Одо и евентуално Бонера десно и Замброта, Јанкуловски и Фавали лево, младичите ќе шетнат на позајмица.
Дај не зезај Одо и Фавали ?,
Едвај го шитнавме Одо сеа назад да го земамо...
Одо и не е така лош ама во Милан беше камен, една топка немаше асално нафрлена, а и самиот изјави дека несака да се враќа во Милан.
Фавали само што не се распаднал ти го рачунаш и за идната сезона :)
 

OMGWTFBBQ

Bone for Tuna
Член од
3 февруари 2007
Мислења
8.802
Поени од реакции
4.419
Дај не зезај Одо и Фавали ?,
Едвај го шитнавме Одо сеа назад да го земамо...
Одо и не е така лош ама во Милан беше камен, една топка немаше асално нафрлена, а и самиот изјави дека несака да се враќа во Милан.
Фавали само што не се распаднал ти го рачунаш и за идната сезона :)

да да, тоа сакав и прееска да напоменам... моменталната форма никако да не не залаже, мора да се мисли за соодветни замени и млада иднина, така се формира сигурен тим
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
OoooOOooooooOOOOOOoooooOO :vozbud::vozbud::vozbud:
Убава победа и убава игра. Иако два гола беа од пенал сепак победа имаме и повеќе од заслужена.
Браво за Кака па и Инзаги и Амброзини и Фламини и Замброта. Бекам не ми беше во форма денес.

Ајде да ни се множат бодовите сега сме 7 бода зад Интер (нека кикснат вечер ај :icon_lol:) и 2 бода пред Јуве :je:.
 
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.553
Поени од реакции
101
Ај и од мене честитки за победата.Немав можност првото полувреме да го следам но задоволен сум од екстра-супериорната игра од вториот дел.Се надевам на уште повеќе победи до крајот.Кака иако од со два гола од пенал докажа дека кога е во тимот на Милан се е како што треба.Инзаги повторно даде гол и не мисли да запре со давање на голови па макар и би имал над 40 години.Добро е што му даде шанса и на Роналдињо да изигра некои 30-тина минути.Ај што побрзо и Пато да им се врати(и секако по можност и Гатузо и Неста)(и сите знајни и незнајни).
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom