Пато последниот феномен, како никој претходно Италијанските медиуми направија статиситчка проценка на младата ѕвезда на Милан, Александре Пато за неговата прва година во Серија А, и бројките се повеќе од импресивни
Росоњерите го ангажираа младиот Пато уште минатото лето и за неговите услуги одвоија високи 20 милиони евра. Поради немање 18 години Пато неможеше да ја започне сезоната во септември па мораше да почека до 1 јануари 2008 кога и официјално беше играч на Милан.
Од тогаш па навака Бразилскиот интернационалец прикажува одлични партии и сите се свесни за неговите квалитети и огромен потенцијал.
И доколку некој се сомнева во можностите на Пато, статистиката што ја направија медиумите во Италија сигурно ќе ги демантираат скептиците.
Во својата прва година во Калчото напаѓачот постигна 15 погодока во Серија А, шест во овој шампионат и 9 во минатиот.
Во последните 60 години никој не успеал да постигне ваков успех на негови години (19 години).
Популарната ’Патка’ учи уште од самиот почеток во Италија и често постигнување одлуичувачки погодоци.
Првата година во Европа ја завршува со 17 погодока, повеќе од многу ѕвезди на Серија А во поблиската историја.
На 19 години ваков сличен успех имал само тогаш младиот напаѓач на Интер, Џезепе Меаца со 33 погодока на 37 натпревари.
Пато е несомнено голем талент и новиот ’Феномен’ на Бразилскиот фудбал кој пред себе има блескава иднина
стварно респект за ова и нека пукнат скептците!