Фан Клуб: Милан

Статус
Затворена за нови мислења.

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
По долго време да гледам еден супер натпревар во 20:30. Честито победа.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.710
Поени од реакции
49.049
хаха од каде на каде,заебавање со крајности :):)
Минатото коло не можеа да одат и еден пас да сврзат,сеа си играат со Родни Страсер и Дармиан курташак. :):)
Презадоволен од денес,се на се too litle too late :S
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
486
Поени од реакции
39
Па боље утакмица во 2008 од оваа не памтам...одлична игра феномално разбирање меѓу Кака Пато и Рони...ете се виде колку ни фали Рики Кака во составот...следна утакмица ни е со мерда рома се надевам добро ќе ни тргне во 2009
 

Mike Tyson

Never,never,NEVER GIVE UP!
Член од
20 август 2007
Мислења
2.630
Поени од реакции
156
Вака нека ни е честита победава и осеќам од сега ке направиме некоја страшна серија.Ми се свиѓа што победивме со поголема разлика а ми се свиѓа и тоа што веќе сите не отпишаа од борбата за скудетото.Со голема серија победи можеме повторно да се надеваме на титулата.
Според мене:
Абијати-Одбрани неколку тешки топки кои не очекував да ги фати.Да ми речеше некој дека може такво нешто да одбрани би му се насмеал само:)

Малдини-Столб во одбраната,човекот немам видено да има направено грешка.Сите дуели ги доби,едноставно најдобар е.Толку сигурност има што секогаш знае колку треба да биде контактот со фудбалерот за тој да падне а да не биде фаул.Знае да направи лажњак и многу други работи.

Каладзе-За дечково нема потреба да коментирам,не зависевме многу од него утакмицава.Немаше многу контакти со топката иначе ке направеше некој кикс 100% како на почетокот кога го акна сидорф со фудбалот.
Антонини-Изигра добра утакмица,не очекував толку од него.Едно време почна да ме нервира кога у шеснаесетник не ја избиваше топката него сакаше да изигра малце на искуство како што прави Малдини,а една таква ситуација не кошташе гол.

Фавали-Добра утакмица од него,очигледно повеќе се снаоѓа како бек одколку како централен дефанзивец.Супер асистенција беше тоа за Пато иако за малце ке му избегаше таа топка.
Пирло-Колку игра добро Милан кога Пирло игра така како што знае и умее.Мозок човек.Можеби најинтелегентен фудбалер во моментов.Премногу размислува.Секогаш знае каде има има негов слободен фудбалер.

Сидорф-Човеков игра инзворедно.Денеска со Пирло функционираа безпрекорно,се познаваат многу добро.Без да се гледаат знаат каде се наоѓаат во тој момент.

Јанкуловски-Изигра солидна утакмица,многу трча како и секогаш.Физички е доста спремен и си го користи тоа.

Роналдињо-Малце критики за човеков.Знаеме колку знае и умее човеков но некогаш претерува.Не викам дека денеска играше лошо али претеруваше со тие негови петти.

Кака-Покажува колку е значаен за Милан.Поготово кога е одморен.Гледаме дека со него Милан игра сосема друг фудбал.Најдобар во светот е.Нема конкуренција.Кога е свеж и игра безповреда човеков е незадржлив.

Пато-Човеков уназад неколку утакмици игра со перфекција.Ме радува тоа што дава ладнокрвно голови.Изгледа како да игра веќе 5-6 години во Милан.Премногу смирен кога ке излезе со голманот очи во очи што многу ме радува.

Дермиан-Некако човеков играше безжелба.Како да не му се трчаше бидејќи се знаеше победникот.Во една ситуација видов како го остави на цедило капитенот Малдини кога го остави сам да се бори со двајцата напаѓачи на Удине.Треба повеќе мотив да има кога го носи дресот на Милан.

Циганчето-Не ми текнува како се викаше дечково,али докажа како треба да се игра кога ке му се даде шанса.Се гледаше дека дечкото беше напален што дебитира во Италија.Трчаше на секаде.До душа направи некои безпотребни фаули али му се простува,дебитант е.

Шевченко-Како и секогаш кога ке влезе премногу трча,али сега залудно беше бидејќи цел тим си играше смирено не доби ни една употреблива топка.Направи неколку ситни прекршоци тоа е се од него на утакмицава.

Анчелоти-Ете можеби ова ке му влезе во глава дека Милан без дефанзивен среден играч игра многу подобро.Пирло и Сидорф ги вршеа тие задачи многу солидно.Кака и Рони офанзивните.Се осеќаше моќ на средината на теренот.Можеби со оваа формација треба да продолжи да игра,само без Фавали.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Имавме среќа да постигниме гол уште на почетокот и после Удинезе се отворија како на Хант. Со една изнудена формација успеа Милан да наметне игра, целта беше да се задржи топката со многу додавања да се искористи техничноста на фудбалерите.

Одличен натпревар, се знаеше дека ова ќе му се случи на некој тим кога на терен ги имаш Пирло, Сидорф, Роналдињо, Кака и Пато. Малку симптоматично е шо на Удинезе многу вакви дебакли му се случиле против Милан ама ете ги фаќа хронична губинела на Сан Сиро.

Иначе од играта на Роналдињо не сум баш задоволен вечерва, се отепа во грешење во додавањата не му одеше од нога некако.
 

F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.006
Поени од реакции
393
Честита победа.. Ахх Кака, Кака... :helou:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.710
Поени од реакции
49.049
Иначе не запаѓајте во толкаво величење на Антонини денес,единствените две шанси(од кои едната и гоил падна) беа создадени ради негова лоша проценка.
Тој на “иќ’’ на два пати здраво го изработи.Али ајде сеа во еуфоријава проаѓа и тоа :P:):)
На Миланез му влезе Дармиан ви игра,сеа дигнат му е највероватно. :)
Голем поздрав до Вики Бекам нека ми ги поздрави Мел Би и Емче плавата :):)

Иначе од играта на Роналдињо не сум баш задоволен вечерва, се отепа во грешење во додавањата не му одеше од нога некако.
Нема овде задоволен незадоволен,установен факт годинва е дека во иста утакмица не може и двајцата со Кака добро да играат заедно,се гушат не се компактни тоа е тоа,ќе мора да се работи на тоа.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.523
Поени од реакции
5.515
Ај конечно на компјутер, до сеа изигравав дадилка :icon_lol:

Браво одлична игра на Милан од кога ги немам гледано толку добро да играат сите, душава ми се исполни :)
Бразилците одлични исто така и другите играчи не Милан но и Абиати беше одличен. Баш имам приметено кога му шутираат од далеку има одлични рефлекси а од близу со глава не ни мрда ама ај каков таков наш си е...
Имам и мала забелешка за Пато, топката му бега при обид да ја смири, ама ќе го научи и тоа кај и да е.

Голем беше срамот од резултатот па почнаа сами да се повредуваат играчите на Удинезе. Вака ако играме како денеска нека се пази волчицата :)

Конечно ми се исполни желбата да влезе некој од младите, првин Дармиан а потоа иако сакав Кардачо влезе Стразер (малиов закон е) исто ка Емерсон да игра, кине се пред себе :)

Редно беше на некој да се истуриме а и нова година иде мора петарди да пукат :)



пс.
Како само лижат на темава, кога ќе победиме браво ова она, кога ќе изгубиме одма друго.
 

DarthMakedon

Македонец
Член од
20 април 2008
Мислења
1.915
Поени од реакции
167
Пато и Кака натпреваров го изиграа перфектно
Роналдињо играше атрактивно и такви пасови даваше, што го кошташе неколку грешни додавања ама му се простува, пошто имаше и доста точни,
и натпреваров е доказ дека Дињо и Кака може да играат и тоа добро заедно
Јанкул само за средина е :) супер како за неприродна позиција,
Пирло и Сидорф играа како еден, си се знаат луѓето,
Каладзе и Фавали не беа приметни многу , што е добро немаа некоја работа, а ако имаа можеа да се посерат , што значи вака подобро
Антонини уба играше, имаше негова грешка при голот, и уше една поголема кога ќе ни ставеа, ама имаше и асистенција конн Пато за гол, значи добар е дечково
МАЛДИНИ ЅВЕР им покажа како се игра фудбал и на негови години, она ти е капитен ме остави без зборови
Абиати изненади, фати топки ептен заебани што лесно можеа да бидат голови, браво и за него

замените немаа време да се докажат ама она Страшер црнион повеќе ме бендиса, кога ја држеше топката некако сигурен, како Сидорф ми беше

честито победа и се надевам дека ќе ја затераме вака 2009 со вакви игри и резултати

форца Милан :smir:
 

F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.006
Поени од реакции
393
Ај конечно на компјутер, до сеа изигравав дадилка :icon_lol:

Браво одлична игра на Милан од кога ги немам гледано толку добро да играат сите, душава ми се исполни :)
Бразилците одлични исто така и другите играчи не Милан но и Абиати беше одличен. Баш имам приметено кога му шутираат од далеку има одлични рефлекси а од близу со глава не ни мрда ама ај каков таков наш си е...
Имам и мала забелешка за Пато, топката му бега при обид да ја смири, ама ќе го научи и тоа кај и да е.

Голем беше срамот од резултатот па почнаа сами да се повредуваат играчите на Удинезе. Вака ако играме како денеска нека се пази волчицата :)

Конечно ми се исполни желбата да влезе некој од младите, првин Дармиан а потоа иако сакав Кардачо влезе Стразер (малиов закон е) исто ка Емерсон да игра, кине се пред себе :)

Редно беше на некој да се истуриме а и нова година иде мора петарди да пукат :)



пс.
Како само лижат на темава, кога ќе победиме браво ова она, кога ќе изгубиме одма друго
.
Е добро има забрана за да ви честитаме победа?? Ако е така, ке си го избришам постот.. Сакаш??
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.523
Поени од реакции
5.515
Е добро има забрана за да ви честитаме победа?? Ако е така, ке си го избришам постот.. Сакаш??
Немој ме исплаши...
Не спомнав име само си ја пишав вистината, ако се пронајде не сум крив.
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
486
Поени од реакции
39
:smir:Нема везе ја честитав кај Јуве коа не тепаа такада не глеам проблем
 

F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.006
Поени од реакции
393
:smir:Нема везе ја честитав кај Јуве коа не тепаа такада не глеам проблем
Па и јас ја честитав..Подобри бевте победивте.. А и ти сам, фино лепо се заблагодари за честитките.. И тука нема порблем.. Проблем е што, Миланез вика дека се лижиме.. Не знам од кај му таква информација..:toe:
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Закон натпревар ххаха Миланез почнаа да влегуваат млади играчи тоа се надевам те радуваше уште Кардачо да влезеше и супер :)

Пато одлично игра,последниве натпревари стварно ги игра супер заедно со Кака и Рони одлично проигруваа.Едно ќе ве потсетам Пирло се враќа во форма.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom