Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
ok brat kako sakas i samite znaete deka imate poslab tim od pelister i deka sansite za pobeda vi bea 0,5%
btw: so baral braco vo vtornikot bitola?????da se proseta li??duri ima navivaci kako vas koj mozat da se podkupat so 500 den nema da ima fudbal vo makedonija pozz
Зашо го кажа ова дури сеа а не во вторникот?Знаеш Шкендија сите утакмици ги мести ама ај нејкам да кажам...
 
Некој доказ дека е наместен натпреварот!? Тоа што си од Прилеп (градот на местењето) не мора да значи и дека ја кажуваш вистината... Лесно е да кажеш дека е наместен, а многу потешко да докажеш. И јас можам да кажам дека на полувреме некој анонимен човек близок до Пелистер нудел пари за да изгуби Вардар, па сакаш ти верувај, сакаш не... 90% од форумов знаевте дека Вардар ќе го освои купот, дека ги купил сите натпревари од купот, сега знаете дека со Пелистер е купена, што е следно се прашувам, можеби и трети ќе завршиме на крај од сезона...
 
ok brat kako sakas i samite znaete deka imate poslab tim od pelister i deka sansite za pobeda vi bea 0,5%
btw: so baral braco vo vtornikot bitola?????da se proseta li??duri ima navivaci kako vas koj mozat da se podkupat so 500 den nema da ima fudbal vo makedonija pozz
Абе мисир еден, ти ли најде да кажуваш за поткупување!? Хари и Ацуле ви ја однесоа Победа до пропаст, па не гледам дека им фали влакно на главата во родниот град. Што е најстрашно, си основаа нов клуб како ништо да не било. Кај сте да реагирате!?
Послаб тим сме имале од Пелистер!? Не знам од кај го заклучи ова искрено! Точно е дека сме слаби, ама барем нив не е проблем оваа сезона да ги добиеме.
П.С. Брацо не знам што барал во Битола. Тоа ти кажуваш! Го виде со свои очи или пак некои рекла-казала муабети пренесуваш. Можда бил во шопинг да земе некоја роба на екстра снижување. Сега и во Битола има трговски, не е како во почетокот на 90-тите кога мораа да доаѓаат на шопинг во Скопје :icon_lol:
 
abe taka ke umrete vie sve navivaci od kaj sto duva vetrot kaj sto ima pari do vcera plukavte na braco sea drkate na nego i se raduvate na mesteni utakmici grevovi sve najiskreno :S
 
abe taka ke umrete vie sve navivaci od kaj sto duva vetrot kaj sto ima pari do vcera plukavte na braco sea drkate na nego i se raduvate na mesteni utakmici grevovi sve najiskreno :S

Да де, ние сме гревови, а ти си големиот навива4 (ете во мода е денес копиљаците 4 наместо Ч да пишуваат, па ти пишувам вака за да ме разбереш поубаво). О4игледно толку се разбираш мали, ете ти пишав погоре, дај доказ дека е наместен натпреварот... Инаку според пишувањево си ист како Албанците и бугарите, на нив кога ќе им плеснеш нешто во фаца, одма го вртат муабетот кон нешто сосема трето. Прво зборуваш за местење, после дека сите навивачи ќе умрИме, сега следен пост можеби ќе ти биде за глобално затоплување (ако знаеш што е тоа) итн.

Јас колку што се сеќавам ВИЕ бевте тие што се радувавте на наместени натпревари, ама ајде сигурно кога играше победа со Пјуник, Левадиа и Трнава ти си имал едвај 7-8 годинки...
 
Утакмицата не беше наместена, доста серете глупости.
Конечно дојдовме до едно цифрена разлика во однос на конкурентите. Скопје е сега на растојание од 9 бода. Според мене имаме појак тим од Скопје, и да не им е Кировски има да ги посереме и во Автокоманда. Следниот меч ќе биде колење. Се шушкаше на почетокот дека сме ги договориле три за три, но пред нашиот меч договорот падна и си ги тепавме поштено. Сега иде мечот на нивни терен. Меч кој мора не смее да го изгубиме ни под разно. Ех да ги имавме сега трите бода што ни ги земаа, ќе бевме на само 6 бода, и со евентуалана победа во сабота ќе намалевме на само 3, по што лесно ќе ги рипнеме во пролет. Ако изгубиме сите математики паѓаат во вода, и само среќата ќе може да не спаси.
Иначе ако се сеќавате лани на полусезона имавме само 9 бода, па така излезе дека оваа полусезона освоивме повеќе бодови од лани :pos:
Се молам само да ни ги вратат трите бода :icon_mrgr
Еве и поздрав до Битолчани...
148449_472760897345_773667345_5626770_2765237_n.jpg
 
Мислам дека е од годината кога последен пат земавме титула, ама не сум сигурен...
Уште ги има оние дрвјана ондека :)

да,да..прво си реков дека е од саботната утакмица,ама ги забележав дрвјата, а потоа и некои играчи кои не се моментално во редовите на вашиот Вардар.:smir:
 
Мислам дека сликата е од натпреварот кога ги елиминиравме во полуфинале од купот... Тој нивниот Врапче или како и да го викаа (Ристевски) им збрца гол :)
 
„Маршалот“ не се врати во Вардар (извадок од денешниот број на Дневник)

Вредниот трофеј на Маршал Тито, првенец на фудбалскиот клуб Вардар од 1961 година по триумфот во финалето на купот над Вартекс, недостига кај старо-новиот спонзор на Вардар, Слободан Вујчиќ. Од просториите на поранешниот спонзор Трифун Костовски пристигнаа 250 титули и плакети, но никој не знае каде е „Маршалот“. Колекцијата од 252 титули и плакети е вратена во канцелариите на „црвено-црните“.

- Ние го чувавме богатството на Вардар и на најчесен начин ги вративме трофеите. Можно е во целиот метеж еден од нив да недостига, но навистина не знам каде е. Апелирам да се врати, бидејќи без разлика кој го води клубот, титулите и признанијата мора се сочуваат - ни изјави Коста Костовски, синот на Трифун Костовски.

Генерацијата на Петар Шулинчевски, Андон Дончевски, Тоде Георгиевски, Часлав Божиновски, Благоја Вучидолов, Петар Ангушев, Славко Дацевски, Драган Трајчевски, Мирко Илиевски, Стојан Велковски, Владо Николовски предводена од тренерот Антон Лика на 28 мај 1961 година пред 15 илјади гледачи на стадионот на ЈНА во Белград го победи Вартекс во финалето со 2-1. Со блиц-кригот на Николовски и Илиевски за 3 минути од 50. до 53. минута во вториот дел Вардар стаса до недостижна предност од 2-0. Пикл во 59. минута само намали на 1-2, недоволно да се спречи македонскиот клуб да го освои првиот трофеј во историјата. Таа сезона најтрофејниот македонски колектив беше најуспешен во конкуренција на неверојатни 2.325 клуба што играа во купот.

Вредноста на трофејот е непроценлива и од него не може да се направи реплика, а апел за враќање упатија и претставници на старо-новата Управа.

- Секоја чест за потегот на Костовски што ги вратија трофеите и признанијата. Од толкав број недостасуваат само два примероци, едниот од нив трофејот од купот во 1961 година. Веруваме дека нема намера и упатуваме молба тие што го имаат вредниот примерок да го вратат таму каде што припаѓа во богатата колекција на Вардар - ни рече Атанас Костовски.

По пауза од 2,5 години Атанас Костовски треба да се врати на функцијата претседател, со одлука на Управниот суд од 8. октомври годинава. За идната недела е најавена и писмена потврда на таа одлука со што ќе биде официјализирано враќањето на спонзорот Слободан Вујчиќ во Вардар. „Црвено-црните“ имаат вкупно 12 титули најмногу од сите македонски фудбалски клубови. По 6 се од купот и од првенството, а по една од нив се освоени во бивша Југославија. (З.П.)



Хајдук го најде трофејот по 17 години

Во слична ситуација како и Вардар беше сплитски Хајдук, но таму по 17 години трофејот на Маршал Тито беше пронајден. Некогашниот економ на сплитските „били“, Јуко Стриниќ, го чувал пехарот од 1991 до 2008 година, кога го врати во витрините на Хајдук. Сплиќани ја победија Црвена звезда со 1-0 со голот на Бокшиќ во последниот куп. Економот Стриниќ во целиот метеж во предвоените денови во бивша Југославија го скрил трофејот со цел да го зачува. Кај нас допрва ќе се истражува кој го зел и дали ќе се јави некој јунак како Стриниќ да го врати таму каде што припаѓа, во вредната и богата колекција на Вардар. Трофејот тежи 17 килограми и е изработен од сребро.

Оффтопик: Само не ми е јасно каде ќе го стават и во кои простории :toe:
 
Има кој да се секира за тоа, немој друже и ти да почнеш сега како битолчаниве жити се, они бараат влакно во јајцето... Најбитно е дека се вратени трофеите, а не каде ќе се сместат. Сигурно чим ги враќаат не планираат да ги стават во Опатија, Томче Софка или на панорамата во Луна Парк :)
 
Има кој да се секира за тоа, немој друже и ти да почнеш сега како битолчаниве жити се, они бараат влакно во јајцето... Најбитно е дека се вратени трофеите, а не каде ќе се сместат. Сигурно чим ги враќаат не планираат да ги стават во Опатија, Томче Софка или на панорамата во Луна Парк :)
Не бе друже далеку од тоа за провоцирање од тој степен него секогаш ме интересирало каде стојат сите тие трофеи на клубот, благодарници, плакети, слики од составите на клубот низ годините итн итн ?!:toe:
 
Не бе друже далеку од тоа за провоцирање од тој степен него секогаш ме интересирало каде стојат сите тие трофеи на клубот, благодарници, плакети, слики од составите на клубот низ годините итн итн ?!:toe:

Знам дека не провоцираш, но последниве денови на сите им е крив Вардар што се до гуша во лајна па затоа го пишав тоа... :) Едно време колку што знам беа во бараки позади Северна, а сега искрено не знам...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom