Не можам да со соземам 1 недела после поразот на Вардар во Кавадарци, што ни одземаа уште една година без европа. Неможам да сватам само во Македонија ли го има ова во европа да излагаат тимчиња од типот на Турново, Ренова Џепџиште, Чешиново, Ново село, Извор и други кој се заедно преку сила неможат да соберат 250 гледачи. Затоа никогаш македонски клуб нема да помириса лига на европа или лига на шампиони, затоа репрезентацијата ке ни е на ова ниво на кое ние, затоа ке се палиме на Интер и на Горанчо, и затоа врв во македонскиот спорт ке ни е 1/8 финале во челинџ куп жени. Ова не е мал проблем, ова треба да се анализира и на повисоко ниво зашто некогашните македонски брендови во фудбал (Вардар, Пелистер, Тетекс, Работнички), или во кошарка (МЗТ, Работнички - годинава нешто од нешто се дигнаа иако се далеку од тоа што треба да бидат а тоа е јадранска лига) се бледа копија од минатото и во последно време далеку паднаа во однос на нивните конкуренти од бившата Југославија. Погледајте во нашето соседство ке видите дека Партизан, Звезда, Хајдук, Динамо, Панатенаикос, Олимпиакос си се презентери на нивниот фудбал во европа. Овој проблем реков е поголем и го отсликува лошото менаџирање со спортот, поготово фудбалот од страна на државата. Незнам како би можело се ова да се поправи во брзо време, освен со донесување презицен закон за спорт, не како оној порано каде премногу се переа пари во спортот и со избирање на најспремни луге во ФФМ, КФМ како и избирање спрермни спортски директори, промотори, селктори и друго