Дали ние го избравме Господ, или тој нас?

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување
Што беше улогата на Бог во смртта на 55.000.000 луѓе од шпанскиот грип во 1918-1919година. Смрт во маки и болки, смрт на мали деца, возрасни мажи и жени, старици, на заљубени на добри на лоши .... која е поуката христијанска на ете еден таков чин на Божјата воља? која е поентата, каде овде да се види љубовта, милосрдието и трпението, кое е оправдување на тој акт (према христијанското учење) дали беа поштедени искрените верници а елиминирани оние кои не веруваа доволно силно??

Патем речено нивните души се уште чекаат каде да одат пошто на страшниот суд при второто доаѓање Христово ќе му се суди на народот , на живите и на мртвите, така да никој од нив се уште не го видел царството небеско. Така барем јас ја сфаќам христијанската прикаска за живото и смртта.
 
Што е човекот и која е неговата цел на земјава?
- Човекот е најизбраното видливо Божјо создание, бидејќи меѓу сите суштества на земјата, само тој е надарен со разумен ум, со благородни чувства и слободна воља. Неговата цел во светот е да Го познае...да Го љуби ... и да го почитува Бога Сетворецот и Седржителот...и на тој начин да биде блажен...како во овој живот...така и во идниот. Во овоземниот живот....блажен може да се нареќе човекот којшто во своето расудување е задоволен со себеси и со својата положба. Во идниот живот блажен го нарекуваме оној којшто се удостоил да земе учество во вечниот живот. Земното блаженство не е потполно....бидејќи човековиот живот на земјава е краток....и на неговиот пат стојат секакви пречки.....а материјалните добра се суетни и ....непостојани. Само небеското блаженство е потполно....бидејќи е вечно......бескрајно.

Дали верата е потребна заради спасение?
- Верата е од неодложна потреба за спасение, зашто светителот вели: ,,Кој не поверува, ќе биде осуден,, (Мк.16,16). а свети апостол Павле не уверува дека ,,без вера не е можно да Му се угоди на Бога,, (Евр.11,6).

Блаженства
1. ,,Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно,,. - Под зборовите ,,бедни по дух,, се подразбираат луѓето кои никогаш не сметаат дека се здобиле со доволно полезни учења, со прекрасни навики....со добри дела...и секакви душевни ризници...и никогаш не се гордеат со она што го имаат....никогаш не се оддаваат на мрзливост...туку постојано се трудат да одат по патот на доброто.
2. ,,Блажени се оние што плачат, зашто ќе се утешат,,.
3. ,,Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата,, (кротоста е душевно својство).
4. Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат,, - Ова блаженство се однесува не само на оние што трпат секакви неправди, и поради тоа копнеат за правда...како што гладниот го посакува лебот и жедниот водата....туку и особено на оние кои што се болно потресени од забележувањето на неправдата што владее меѓу луѓето....скоро на секое место....каде и да погледнеме.
5. ,,Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани,,.
6. ,,Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога,,.
7. ,,Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји,,.
8. ,,Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небесно,,.
9. Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и ќе ве прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно - заради Мене. Радувајте се, и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата,,.

Let 3 енд френдс.....дали стварно немате никакви познавања од верата....или пак тоа вие само....колку да се фолирате и контрирате по форуми?!?!?....ако е она првото....искрено загрижена сум! Ова погоре е само дел од ,,Вероучение,, ....и искрено незнаев од каде да почнам да пишувам.....па навистина многу треба да прочитате....и најважно....да поверувате во тоа што ќе го читате.....потребна е верба.....за Вероучение.

Доколку има некој на форумов.....добар познавач на христијанската религија ГО МОЛАМ да даде учество тука......зашто имам впечаток дека за мене створивте слика како да сум падната од Марс! .....доколку не постои тука на форумов таков.....ќе ги читам сите ваши постови....особено од религија....но нема јас да постирам......зашто навистина тешко ми е после секој пост да објаснувам.....а тоа е така затоа што веројатно не ја познавате доволното христијанската религија....верата!

Бидете поздравени!

п.с. Let 3.....овие податоци погоре што си ги барал ....навистина трогнуваат .....за сите нив големо е царството небесно ...... понекогаш побарај нешто да читниш и од вероучение....ортодокс!

Вака ке те замолам за одговор(доколку знаеш да одговориш нели, доколку незнаеш не возвракај со цитат излишно е)

1.Он е милостлив * затоа ли има толку страдање?
2.Човекољубив * затоа секоја година умираат илјадници невини луге?
3.Трпелив * што подразбираш под трпелив?
4.Објасни ми што сакаше да кажеш со *затоа не му требаме ние него*

Девојче од друга страна читајки ги твоите постови звучиш како индивидуа која не е доволно информирана(барем за оваа тема)и која што дава произволни и крајно нелогични и банални мислења(тоа би било во ред доколку само го изнесуваш твоето мислење) но ти пробуваш веке некого да разубедиш тогаш треба да имаш конкретни примери и издржани постови што сосема спротивно од твојот предходен пост.Така да добронамерно би те замолил информирај се па пробај да парираш вака само си го навредуваш твојот интелект....

Ова црвеново не го прочита или полесно ти беше да го прерипаш,ако било кој ценам од декларираните верници на форумов е марцус единствен член кој дава ЛИЧНО мислење кога тоа се бара а не некој БАНАЛЕН и ИЗЛИШЕН цитат , така да прочитај ги имаш доста теми во врска со религијата види ги начините на дискусија бидејки ако ти изнесуваш цитати тогаш е невозможна правилна дебата...
Цитатот (деколку постојано се употребува) кажува само колку немаш сопствено јас.... можеби тоа сакаш да го докажеш?
И уште нешто ако од двата поста во кои ЦИТИРАШЕ мислиш дека некој треба да ја согледа твојата информираност хех да те вратам на земја во заблуда си , информираност значи читање а не копи паст ...
Биди поздравена и кога ке ја срушиш бариерата во која се наогаш ке ми биде драго да ми реплицираш...
 
Релацијата меѓу Бога и родот човечки е двострана. Бог не се откажа од отпаднатито човек па затоа Го испрати својто Единороден Син да го собере стадото, а на човекот му преостанува или да Го прифати или да не Го прифати Бога (личен избор).

Затоа, сам Бог вели дека „....Јас ќе им бидам Бог, а тие ќе бидат мојот народ...„ (старозаветен принцип) а еден од Светите вели дека „..секогаш кога се сеќаваме на Бога, и Бог се сеќава на нас...„
 
Ова црвеново не го прочита или полесно ти беше да го прерипаш,ако било кој ценам од декларираните верници на форумов е марцус единствен член кој дава ЛИЧНО мислење кога тоа се бара а не некој БАНАЛЕН и ИЗЛИШЕН цитат , така да прочитај ги имаш доста теми во врска со религијата види ги начините на дискусија бидејки ако ти изнесуваш цитати тогаш е невозможна правилна дебата...
Цитатот (деколку постојано се употребува) кажува само колку немаш сопствено јас.... можеби тоа сакаш да го докажеш?
И уште нешто ако од двата поста во кои ЦИТИРАШЕ мислиш дека некој треба да ја согледа твојата информираност хех да те вратам на земја во заблуда си , информираност значи читање а не копи паст ...
Биди поздравена и кога ке ја срушиш бариерата во која се наогаш ке ми биде драго да ми реплицираш...
Не сакав тебе да ти реплицирам....а уште помалце објаснувам....ама ај...веројатно дека не те спомнав...се почувствува излишно.

Слушај...момче/девојче.....Библијата не е нешто што можеш произволно да си ја преведуваш како што знаеш и умееш......копи паст е сосема во ред.....но од Библијата.....Свето писмо.....Стар и Нов завет....со тоа ја поддржуваме тезата која што сме ја произнесле.....блаженстава ги напишав колку да се види кои се блажени.....гладните, босите, праведните......гонетите заради правда....а тоа беше само мало потсетување за некој погоре......не за друго....туку се прашуваше што е со таквите луѓе. Блаженствата јас не можам да ги измислам........и неможам.....тие се во мојата глава.....и тука ги споделив.....увидов дека некој воопшто не ни знаел дека постои такво нешто.

Се надевам.....нема ова да ти биде премногу тешко да го разбереш....јес дека имаш 21-22 колку беа.....и можда толку ти дозволува интелектот!

И да знаеш.....нема повеќе тебе ништо да ти реплицирам....доволно те удостоив и со ова.....и послушај ме: оди си на некоја друга тема.....форум....подфорум....и пишувај си заедно со атеистите......радувајте се .....верувај ми.....све што ке си кажете во тоа и ќе си верувате.....никој нема да ви контрира...а уште помалце ќе видите копи паст од Библијата!

Вакви чувствителни теми можат да бидат единствено за верниците....наместо да го славиме Бога....и да Му се радуваме.....ќе треба со некои како тебе да се објаснуваме.....контрираме! Има тука на форумов други теми......се надевам таму ќе се пронајдеш! Биди поздзравен/а!
 
Let 3 енд френдс.....дали стварно немате никакви познавања од верата....или пак тоа вие само....колку да се фолирате и контрирате по форуми?!?!?....ако е она првото....искрено загрижена сум! Ова погоре е само дел од ,,Вероучение,, ....и искрено незнаев од каде да почнам да пишувам.....па навистина многу треба да прочитате....и најважно....да поверувате во тоа што ќе го читате.....потребна е верба.....за Вероучение.

Доколку има некој на форумов.....добар познавач на христијанската религија ГО МОЛАМ да даде учество тука......зашто имам впечаток дека за мене створивте слика како да сум падната од Марс! .....доколку не постои тука на форумов таков.....ќе ги читам сите ваши постови....особено од религија....но нема јас да постирам......зашто навистина тешко ми е после секој пост да објаснувам.....а тоа е така затоа што веројатно не ја познавате доволното христијанската религија....верата!

Кој па докажува дека твоите познавања се иправни?? Секој си ја толкува верата како што самиот смета дека е потребно, затоа е и право на личен избор....ако јас верувам во ова што НЕКОЈ ќе ми го напише -онадк сум подложна на перење мозок а не на духовно просветлување...
...а познавачи на религијата се добродојдени, и мене ме занима како би протолкувале тие ( иако не ми се верува дека има некој што да толкува, пошто во изминативе постови гледав копи на некои фрагменти, а не лични мислења)...али ете :helou:

....кога сме кај личните мислења, да се поврзам со темава...сметам дека луѓето бираат на кого ќе му се потчинат, мислам, секогаш е така....треба да се најде човек со поголема харизма и следбеници кои ќе одберат да го следат....така фукнционира создавање на група, а затоа и има толку религии-секој човек сам си одбира кого ќе го следи ......Вајда боговиве од различниве религии не седнале на маса па да го делат народов ко бурек.....туку народот си бира во кого ќе верува :smir:
 
И да знаеш.....нема повеќе тебе ништо да ти реплицирам....доволно те удостоив и со ова.....и послушај ме: оди си на некоја друга тема.....форум....подфорум....и пишувај си заедно со атеистите......радувајте се .....верувај ми.....све што ке си кажете во тоа и ќе си верувате.....никој нема да ви контрира...а уште помалце ќе видите копи паст од Библијата!

Вакви чувствителни теми можат да бидат единствено за верниците....наместо да го славиме Бога....и да Му се радуваме.....ќе треба со некои како тебе да се објаснуваме.....контрираме! Има тука на форумов други теми......се надевам таму ќе се пронајдеш! Биди поздзравен/а!

И што мислиш за ова,Господ ги избрал едните да бидат верници,а другите атеисти,или пак ние избираме самите дали ќе сме во едните или во другите,т.е дали ние го избиравме Господ или не..И плус не знам што вреѓаш затоа што овдека си баш да дискутираш,ако не ти се бендисува тоа,тогаш што бараш на форум,си го утнала местото..:smir:..
Јас верувам во Господ,ама јас сум избрала да верувам во него,а не ме избрал тој мене..или?:)
 
Секој пат е праведен за човекот во сопствените очи, а Господ го испитува срцето.Те знае уште од утробата на твојата мајка...
Напишано од uma
И да знаеш.....нема повеќе тебе ништо да ти реплицирам....доволно те удостоив и со ова.....и послушај ме: оди си на некоја друга тема.....форум....подфорум....и пишувај си заедно со атеистите......радувајте се .....верувај ми.....све што ке си кажете во тоа и ќе си верувате.....никој нема да ви контрира...а уште помалце ќе видите копи паст од Библијата!

Вакви чувствителни теми можат да бидат единствено за верниците....наместо да го славиме Бога....и да Му се радуваме.....ќе треба со некои како тебе да се објаснуваме.....контрираме! Има тука на форумов други теми......се надевам таму ќе се пронајдеш! Биди поздзравен/а!
Ума..пополека не создавај тензии...
 
Релацијата меѓу Бога и родот човечки е двострана. Бог не се откажа од отпаднатито човек па затоа Го испрати својто Единороден Син да го собере стадото, а на човекот му преостанува или да Го прифати или да не Го прифати Бога (личен избор).
Само што таа вера често е нешто многу несвесно па само Бог знае кој вистински верува во него и ќе се спаси. А тоа може да биде и некој кој нималку не живее христијански...

На памет ми паѓаат само примери од филмови, еден симпатичен негативец, со усул :), и антипатичен позитивец, обичен роб на друштвено прифатените норми и правила... Не е наше да судиме, или треба многу внимателно да судиме и проценуваме, а за тоа најпрвин треба да почнеме од себеси.
Што се субјективни гревови а што објективни...

Секој пат е праведен за човекот во сопствените очи, а Господ го испитува срцето..
Тоа.
 
Не сакав тебе да ти реплицирам....а уште помалце објаснувам....ама ај...веројатно дека не те спомнав...се почувствува излишно.

Слушај...момче/девојче.....Библијата не е нешто што можеш произволно да си ја преведуваш како што знаеш и умееш......копи паст е сосема во ред.....но од Библијата.....Свето писмо.....Стар и Нов завет....со тоа ја поддржуваме тезата која што сме ја произнесле.....блаженстава ги напишав колку да се види кои се блажени.....гладните, босите, праведните......гонетите заради правда....а тоа беше само мало потсетување за некој погоре......не за друго....туку се прашуваше што е со таквите луѓе. Блаженствата јас не можам да ги измислам........и неможам.....тие се во мојата глава.....и тука ги споделив.....увидов дека некој воопшто не ни знаел дека постои такво нешто.

Се надевам.....нема ова да ти биде премногу тешко да го разбереш....јес дека имаш 21-22 колку беа.....и можда толку ти дозволува интелектот!

И да знаеш.....нема повеќе тебе ништо да ти реплицирам....доволно те удостоив и со ова.....и послушај ме: оди си на некоја друга тема.....форум....подфорум....и пишувај си заедно со атеистите......радувајте се .....верувај ми.....све што ке си кажете во тоа и ќе си верувате.....никој нема да ви контрира...а уште помалце ќе видите копи паст од Библијата!

Вакви чувствителни теми можат да бидат единствено за верниците....наместо да го славиме Бога....и да Му се радуваме.....ќе треба со некои како тебе да се објаснуваме.....контрираме! Има тука на форумов други теми......се надевам таму ќе се пронајдеш! Биди поздзравен/а!

Кон болтуваното...

1. Доколку незнаеш ова е јавен форум ако мислиш да си чатуваш со една личност на форумов приклучи си се на мсн и не замарај по форум...

2.Пред да постираш прочитај ги темите (2 пат ти кажувам) ако мислиш дека чекавме на личност како тебе да ни ги отвори очите се лажеш имало премногу вакви дискусии кои ако ги прочиташ ке сватиш какви ли се глупости истропа...

3.Ако копи паст ти е сосема во ред слободно продолжи и упорно докажувај ни колку ограничена можеш да бидеш и колку ги свакаш работите...библијата не е нешто што можеш да произволно да го преведеш самиот на себе хех гревче иди кај 10,20,50 попа избери било која реченица сакаш од библијата сите ке ти ја протолкуваат различно ама затоа ти си интелегенцијата која неможе нели....

4.Гонети заради правда биле научниците додека црквата била мокна , а во таа твоја мала книгичка со сказни никаде ги нема како блажени замисли ...

5.Колку ми дозволува мојот интелект толку неможеш да апсорбираш(ова онака чисто информативно затоа што од општа дебата ја направи лична)... а тоа дали идам дали ке идам на некој друг подфорум или тема е моја лична работа затоа што можам без проблем да се вклопам и во тие теми за разлика од тебе јас барем немам две ( ) околу мозокот...

6.Ваквите чуствителни теми се отворени за сите без разлика која вера се без разлика на интелектот(тука се пронајде нели) без разлика на начинот на кој веруваат или неверуваат а ако не ти одговара слободно не пишувај повеке...

Како што ти кажа и марцус не дигај тензии пишувај нормално и дебатирај нормално не ги претварај дискусиите од општи во персонални и не ги дели лугето на вакви или онакви ако ова не ти одговара слободно фак офф нема да му валиш на никој верувај ...
биди ми поздравена нели...
 
Господ не создаде нас така да одговорот е логичен за тие што веруваат во ова, за тие што не веруваат сметаат дека ние сме го избрале.

Патем смртта не е крај. Понатаму кој како во зависност од заслугите.
 
Охоохо...
Глеам иаме ново црковно крекало...
Библијата не е нешто што можеш произволно да си ја преведуваш како што знаеш и умееш
А тогаш зошто сите упорно го прават тоа?
Има милијарди толкувања.
Јеховините сведоци викаат дека ќе дое крај и ќе гориме у котел.
Православните викаат дека се ќе биде у ред(со некои грешни исклучоци кој ќе горат во котел,нормално)
Католиците викаат дека се е кул,само треба две-три аве марии.
На кој да се верува?
Се надевам.....нема ова да ти биде премногу тешко да го разбереш....јес дека имаш 21-22 колку беа.....и можда толку ти дозволува интелектот!
Вау...воа требаше да го навреди дечкото на некој начин?
Интелект...тоа што некоја личност не го поседува,кога во дискусија настапува со ниски,малограѓански аргументи,од типот:Не ме разбираш,глуп си.
Некој тука нема интелект?
Веројатно,нема да навлегувам.
И да знаеш.....нема повеќе тебе ништо да ти реплицирам....доволно те удостоив и со ова.....и послушај ме: оди си на некоја друга тема.....форум....подфорум....и пишувај си заедно со атеистите......радувајте се .....верувај ми.....све што ке си кажете во тоа и ќе си верувате.....никој нема да ви контрира...а уште помалце ќе видите копи паст од Библијата!
Воа ме трогна.
Мислам,ебено ме трогна.
Какво Его и самодоверба.
Дојде Месијата,се регистрира и ги набрка атеистите,еретиците,грешните...
Ќе го исчистиш форумов,а може и планетава.
Може ќе бидеш и следниот Хитлер,хам?
А ако не си одиме?
Ќе ни се случи нешто лошо?
Ќе му звониш на прекрасниот ти Бог(и тоа на приватна линија,која очигледно ти ја поседуваш,во твојата глава,секако),и ќе му речеш да ни ги направи животите living hell?
Waiting,waiting...
Вакви чувствителни теми можат да бидат единствено за верниците....наместо да го славиме Бога....и да Му се радуваме.....ќе треба со некои како тебе да се објаснуваме.....контрираме! Има тука на форумов други теми......се надевам таму ќе се пронајдеш! Биди поздзравен/а!
Е нема да бидат.
Од инат.
Моеш нешто околу тоа?
Или и мене ќе ми речеш:
фак ју trickster!
Хаха...не биди смешна,намири си ги хормоните и малку опуштено.
Има ниво кое треба да го постигнеш,за да бидеш доволно компетентна/компетентен,за да издаваш вакви наредби/закани и притоа истите да бидат сватени барем малку посериозно.
А вака е...смешно.:)
 
Нема зошто, едно обично зеленко за првото мислење. :)

Какви се овие расправии, нема потреба од тоа, па балканци сме, културата и достоинството ни се во крв нели? :)
 
Господ не создаде нас така да одговорот е логичен за тие што веруваат во ова, за тие што не веруваат сметаат дека ние сме го избрале.

Патем смртта не е крај. Понатаму кој како во зависност од заслугите.

Прашањето е мислам дали ќе се спасиме или не поради нашата слободна волја да одлучуваме или напротив таа нема никаква врска со тоа, се зависи од него, сакале нејќеле.
Дали ние треба да бидеме она што сметаме дека треба да бидеме, најдобро што можеме, дури и тоа да исклучува почитување на религиски и општествени закони... Мики мислам еднаш пишуваше за тоа... дека не е така. :)
 
Само што таа вера често е нешто многу несвесно па само Бог знае кој вистински верува во него и ќе се спаси. А тоа може да биде и некој кој нималку не живее христијански...

Види верата е несвесна само кога се работи за религиозност а не и за плодоносна вера.Баш затоа и од евангелските христијани се инсистира на крштевање на возрасни личности кои свесно со целото срце и РАЗУМ веруваат во Христовата жртва. И не е вистина дека не се знае кој ќе биде спасен...Исус ни кажува, секој што ќе поверува и ќе се крсти ќе биде спасен!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom