Што е човекот и која е неговата цел на земјава?
- Човекот е најизбраното видливо Божјо создание, бидејќи меѓу сите суштества на земјата, само тој е надарен со разумен ум, со благородни чувства и слободна воља. Неговата цел во светот е да Го познае...да Го љуби ... и да го почитува Бога Сетворецот и Седржителот...и на тој начин да биде блажен...како во овој живот...така и во идниот. Во овоземниот живот....блажен може да се нареќе човекот којшто во своето расудување е задоволен со себеси и со својата положба. Во идниот живот блажен го нарекуваме оној којшто се удостоил да земе учество во вечниот живот. Земното блаженство не е потполно....бидејќи човековиот живот на земјава е краток....и на неговиот пат стојат секакви пречки.....а материјалните добра се суетни и ....непостојани. Само небеското блаженство е потполно....бидејќи е вечно......бескрајно.
Дали верата е потребна заради спасение?
- Верата е од неодложна потреба за спасение, зашто светителот вели: ,,Кој не поверува, ќе биде осуден,, (Мк.16,16). а свети апостол Павле не уверува дека ,,без вера не е можно да Му се угоди на Бога,, (Евр.11,6).
Блаженства
1. ,,Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно,,. - Под зборовите ,,бедни по дух,, се подразбираат луѓето кои никогаш не сметаат дека се здобиле со доволно полезни учења, со прекрасни навики....со добри дела...и секакви душевни ризници...и никогаш не се гордеат со она што го имаат....никогаш не се оддаваат на мрзливост...туку постојано се трудат да одат по патот на доброто.
2. ,,Блажени се оние што плачат, зашто ќе се утешат,,.
3. ,,Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата,, (кротоста е душевно својство).
4. Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат,, - Ова блаженство се однесува не само на оние што трпат секакви неправди, и поради тоа копнеат за правда...како што гладниот го посакува лебот и жедниот водата....туку и особено на оние кои што се болно потресени од забележувањето на неправдата што владее меѓу луѓето....скоро на секое место....каде и да погледнеме.
5. ,,Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани,,.
6. ,,Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога,,.
7. ,,Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји,,.
8. ,,Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небесно,,.
9. Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и ќе ве прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно - заради Мене. Радувајте се, и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата,,.
Let 3 енд френдс.....дали стварно немате никакви познавања од верата....или пак тоа вие само....колку да се фолирате и контрирате по форуми?!?!?....ако е она првото....искрено загрижена сум! Ова погоре е само дел од ,,Вероучение,, ....и искрено незнаев од каде да почнам да пишувам.....па навистина многу треба да прочитате....и најважно....да поверувате во тоа што ќе го читате.....потребна е верба.....за Вероучение.
Доколку има некој на форумов.....добар познавач на христијанската религија ГО МОЛАМ да даде учество тука......зашто имам впечаток дека за мене створивте слика како да сум падната од Марс! .....доколку не постои тука на форумов таков.....ќе ги читам сите ваши постови....особено од религија....но нема јас да постирам......зашто навистина тешко ми е после секој пост да објаснувам.....а тоа е така затоа што веројатно не ја познавате доволното христијанската религија....верата!
Бидете поздравени!
п.с. Let 3.....овие податоци погоре што си ги барал ....навистина трогнуваат .....за сите нив големо е царството небесно ...... понекогаш побарај нешто да читниш и од вероучение....ортодокс!