Мислам дека кога Брацо ке ја плати казната од 2,500 евра ке ни се вратат тие 3 бода што ни беа одземени! Иначе што им беше филмот на тие што доаѓаа од кале пред утакмицата,некои рекоа дека беа шверцери ние отидовме до мостот али не запре полцијата а потоа дојдоа и желките!
Којзнае кој беа типците...
Се спуштија едно 30-тина души и нешто викнаа, и се пуштивме ние и фатија бегаат. Јас мислев Шверцери се, али изгледа нема врска...
Иначе финалниуот резултат од денеска не ги отсликува баш случувањата на теренот. Повторно почнавме лошо. Рбаонтички напаѓаше, НОРМАЛНО по левата страна, но освен иницијатива немаа шанси. Некаде 20-та минута, некој влезе по лево, нафрли до осамениот Марсио кој ја смести топката во голот, иако Маџарвски убаво се фрли и ја допшре малку, но беше немоќен.
Потоа ја превземавме топката. Како и секоја утакмица, откако противникот ќе поведе, ја имаме топката но не успеваме да изградиме шанса. Екипата е толку неповрзана, што не се способни ни едно додавање да сврзат. Пандо денеска камен, другиве не ни вредеа да се спомнуваат. Како и секогаш играше само еден а тоа беше Настовски. Браво за момакот, единствен кој го заслужува дресот на Вардар.
Вториот дел почна сосема спротивно. Се шушкаше дека е наместена 1-2, али јас не верував во тоа.
И за брзо време имавме три чисти шанси. Најрпво Настовски ги измеша по страна, и испрати прекрасен шут, али бомбата само го разниша голот на Работнички, погодувајќи ја левата статива од внатрешна страна...
Веќе во следната акција конфузија во одбраната на Работнички, Пандо се прошета и одново промашува од само 7-8 метри, за веќе во следната акција да ја имаме најголемата шанса. Ако не се лажам Настовски изби сам пред голманот, но успеа да бие само во него.
И како во сите други мечеви, кога при водство на противникот од 1-0, ние запнуваме имаме мноооогу 100% шанси, нмо откако нема да погодиме, темпото ни паѓа во 70-та минута. Толку им е на момците кондицијата, имаат сили за само 70 минути...
И одново ние ја имавме топката, но јалова иницијатива. Педериве ја украдоа еднаш, и во контра зголемија и ги поставија конечните 2-0. До крај дремење...
Се на се досадна утакмица, и веќе видено сценарио. Вардар со три чисти шанси и 0 голови, Работнички со 3-4 шута кон гол, две полушанси но и два гола....
Тоа што беше за издвојување на овој меч беше навивањето. Навивавме на одлично ниво, и криво ми е што немало пренос, да видат сите кои кењаат за нас, како се навива, и како се бодри тимот, иако има 9 порази од 11 утакмици и постоојано губи и губи. Заслужуваме подобри резултати од Вардар и се надевам дека ќе дојдат во брзо време...
Бевме околу 250 Комити но звучевме како многу повеќе. Публикава цело време гледаше накај нас место да гледа фудбал...
Иначе Работнички освен неколку дечиња од младите категории, немаше ниеден фан. Кога даваа гол беше штама, па луѓето почнаа и да го напуштаат стадионот на 2-0. На крај атмосферата беше како да славел Вардар. Домашните играчи си заминаа во соблекувална, а ние останавме да пееме со нашите црвено-црни момци, кои одново не ја одбранија нашата чест...