Сега гледав на КТВ (Кавадаречката телевизија) репортажа од мини олдтајмер собир на плоштадот во Неготино. Најверојатно во организација на човекот од Неготино кој има стари Опели, и истиот што сакаше да купи тенк кога ги уништуваа... Името за жал не му го знам.
Од страна коли што видов имаше:
Шкода (ептен стара, најверојатно Октавија) со TV таблички со петокрака, питај бога од која гаража извадена.
Прилепската Олимпија која се продава некое време.
Зелена МАНТА А, да не речам - перфектна (претпоставувам на организаторот)
Цитроен Ами 6
ВВ Вариант, караван, како оној што го дискутиравме пред некое време
И по некој стар мотор...
Човекот објасни дека временските услови биле главната причина зошто нема повеќе учесници. Плус е и празник...
Eдит: Сега се сетив, денес во Неготино имаат панаѓур...