хихи, на махиндрата имаше мистериозен волан? немој да ми речиш дека тоа волкот во средина не те асоцираше на кец (освен ако е изваден).
Инаку, имам едно 2-3 гигабајти со слики од возила по компјутеров, ако ги прочачкаш сигурно ке решиш уште некоја мистерија :smir:
И тука има мистерија, како логото на Universal Jeep се вклопило во воланот. Згора на се, од кај го набавиле бе? Ова никогаш не било користено од американците туку индијците си го присвоиле како свое.
Еее незнаеш ни ти шо сакаш


Иначе баш би сакал да чујам мислење од поискусниве, колку би чинел (груба пресметка) еден ваков мустанг, со ганц нов мотор праен по порачка, ентериери екстериери све стегнато? ... Се разбира во цената да биде вклучен и превозот до тука и царинење и се.
Благодарам.
Ќе пробам да ти објаснам накратко како оди кај соседите, без да влевам во детали. Прво колата ќе те кошта од 20 илјадарки па нагоре (среден автомобил), во зависност од моделот, состојбата, историјата. Можиш да донесиш и канта, ама тука нема делови со кои би ја реставрирал. Транспортот со брод се наплаќа oд 50 центи до долар по милја со тоа што имаш ограничена маса во контејнерот. Значи ако колата е 2 тона, имаш на располагање 8 и плаќаш за тие 8 тона. Со останатите 6 тона колата можеш да ја затрупаш со што сакаш, нема да ти царинат ниту наплатат превоз. Најбитното е некој во Америка да ти ја донесе до пристаниште кое е најблиску, пример Њу Јорк или Њу Џерси. Поскапо е колата од Калифорнија да ја донесат до Њу Јорк, отколку од Њу Јорк до Солун на пример...
Откога ќе поминат сите тие процедури, ќе се олесниш неколку илјади долари, стига вистинското тормозење. Ако е стара колата логично е дека не можеш да ја увезиш. Е сега, дали има комисија од машински или од некој музеј која може да ја потврди автентичноста и оригиналноста на колата, тоа појма немам. И да имаш пари, во нашата држава од закони и глупости ќе ти здосади и кола и се. Па А-тест, регистрација и други глупости... Не дај боже да ти ја заробат колата, рачунај така ќе пропадне.
Третата работа е самата кола. Треба одржавка, значи за најмалиот дел ќе треба да чекаш долго време да дојде од Грција или евентуално САД. Регистрација и потрошња не спомнувам затоа што земам во предвид дека за да пробаш сега да увезиш ваква кола мора да имаш бааги вишок кеш.
Плус, немаме ние широки улици за коливе.

Имаш ли претстава колку е тешко да возиш и да паркираш волку долг и широк автомобил, макар и да има серво? Зборуваме за американци, па и комфорот и уживањето во споредба со европските автомобили од тој период не може да се споредува...