Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Вардарци ќе организираат протести пред Владата

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=1895&ArticleID=129379Одлична идеја според мене!
Дефинитивно одлична идеја :):)
Се надевам нема да дојде тоа нејзина реализација т.е. дека ќе најдеме спонзор уште вукендоив. А ако не се најде ондак сите на улица:drk::drk:
 
Оддеднаш Вардар стана најголемиот македонски клуб, клубот со најголема традиција, а до вчера истите квази новинари и истата мочана телевизија плукаа по Вардар и навивачите нарекувајќи ги убијци, силувачи и што уште не...
 
Одлично,село гори баба се чешла :tapp: Вардар нема пари за детергент,они ќе вадат фанзин,секоја често само незнам кои извештаи и за кои натпревари :toe: а на пролет ќе се игра или да се собереме можеме и ние кајганџии па кој е слободен во недела ќе може да истрча...

Парите што беа собрани за фанзинот се дадоа за клубот, затоа сега од членовите се собира унапред пари.Исто така парите што ќе останат ќе идат за клубот.
Читај малку меѓу редови не одма да искритикуваш.
Има жиро сметка за спас за Вардар сигурен сум дека скоро никој динар не ставил а за на форум мани наоѓање први сте.
 
ако не се најде спонзор неделаваа одма одиме сите пред влада може и пред ффм или собрание
 
И неможам да се начудам сите што викаат дека во време на Брацо ни било многу добро. Знаат ли дека по играњето во ЛШ ние не сме завршиле ниту еднаш над трето место. Дека по играњето во ЛШ завршивме четврти на табела. Дека единствена титула од тогаш ни е освоениот куп. Епа ако тоа се смета за успех:tapp:
А факт е дека низ годините имавме одлични тимови а притоа изгубивме голем број на таленти. Парите од продажбата на некои таленти не завршија во касата на вардар, од проста причина што сметката на Вардар е блокирана, па си завршуваа во џебчињата на разни менаџери, Брацовци, Гризловци и слично:nesvest:
Ситуацијата одамна е просто жалосна, но тоа го свативме дури сега:wink:

Предпоставувам дека мислеше и на мене во првиот пасус?! Друже одлично знам на кои позиции и со колку освоени бодови завршуваше Вардар во последниве 5-6 години. Се што сакам да кажам е дека не би имал ништо против и сега да бевме барем 4-ти или 5-ти а не предпоследни! :wink:

Инаку незнам која ќе биде поентата на евентуалните собири пред влада! Ако целта е да се сврти вниманието на целокупната домашна јавност кон проблемите во коишто се дави клубот тогаш ок, меѓутоа ако протестираме против владата и премиерот тогаш работата е стварно нон-сенс, бидејќи неможе влада да ти спасува клуб. Владата мора да биде еднаква кон сите спортски клубови во земјава, и единствен начин да помогне е да изготви нов закон за спорт во којшто би понудила даночни олеснувања за оние што се заинтересирани за вложување во спортот!

А, за фанзинот...што да кажам, би го платил и дупло ама тоа е максимумот што секој еден од нас би можел да го понуди, а Вардар неможе да живее од нашите 150 денари, потребни се далку поголеми цифри! Затоа повеќе би се сложил со оние што рекоа "село гори, баба се чешла". Сите сили треба да бидат насочени кон изнаоѓање на темелно решение за враќање на клубот на старите патеки, а фанзинови во моментов би представувале само шминка и ништо повеќе!
 
Предпоставувам дека мислеше и на мене во првиот пасус?! Друже одлично знам на кои позиции и со колку освоени бодови завршуваше Вардар во последниве 5-6 години. Се што сакам да кажам е дека не би имал ништо против и сега да бевме барем 4-ти или 5-ти а не предпоследни! :wink:
Jaс никаде не реков дека сега бескаме само напоменав дека во времето на Брацо бевме истотака очајна екипа, и покрај тоа што имавме класа играчи:wink:
 
Ступиќ цел на турски клубови

stupic.jpg
Најдобриот вардаров стрелец во есенскиот дел од шампионатот, Бошко Ступиќ, е цел на два турски прволигаши. Огромна е веројатноста, согласно и актуелната неизвесна ситуација во "црвено-црните" редови, Ступиќ во јануарскиот преоден рок да замине од Вардар и покрај тоа што постои можност доколку во меѓувреме се најде решение за финансиската состојба на нашиот најтрофеен клуб офанзивецот да остане на "Филип Втори".

Според нашите информации, прволигашите Генчлербирлиги и Газиантеп се клубовите кои изминатиов период го следеа настапот на Ступиќ во македонскиот шампионат најавувајќи можност и за договор со интернационалецот од БиХ. Ступиќ со трансфер во Турција се поврзуваше и во изминатиот летен преоден рок. За услугите на 25-годишниот Ступиќ, кој претходно има настапувано и за босанскиот Леотар, српскиот ОФК Младеновац, како и за кратовски Силекс, отворено заинтересиран е и Работнички.

Уште неколку вардарови фудбалери ја најавуваат можноста за заминување од Македонија. Интерес за Музафер Ејупи постои од германски и швајцарски клубови, нешто слично како и за Оливер Пеев, додека Никола Карчев, најверојатно, се враќа во рускиот Терек Грозни по завршувањето на позајмицата во Вардар. Филип Маџовски е пред трансфер во Виетнам, додека младиот Стефан Ристовски е веќе под силна "опсада" на неколку познати европски клубови. Ангажман на Филип Петров, Марко Костенцовски, Александар Крстески, Марјан Белчев, Менсу Идризи посакуваат неколку домашни прволигаши меѓу кои Металург, Ренова и Хоризонт Турново. Поголемиот дел од "црвено-црните" фудбалер деновиве ја очекуваат разврската околу сопствените барања за добивање раскин на договорите на штета на клуб.

ко хиени чекаат сите од страна да купат некој играч
а од парите од трансферите,Вардар нема ни денар да види
а може и како слободни играчи да си заминат :tapp:
 
Jaс никаде не реков дека сега бескаме само напоменав дека во времето на Брацо бевме истотака очајна екипа, и покрај тоа што имавме класа играчи:wink:

Класа играчи коишто ги пуштија да си заминат за без пари! Затоа и требаше да си оди Брацо! Ама не да дојдат овие што сега глумат месии (со чесни исклучоци коишто и самиот ги именуваше).
 
Класа играчи коишто ги пуштија да си заминат за без пари! Затоа и требаше да си оди Брацо! Ама не да дојдат овие што сега глумат месии (со чесни исклучоци коишто и самиот ги именуваше).
Јебига брат. Знаеш како е. Кога има промени сите очекуваат подобро, али...:kesa:
 
Класа играчи коишто ги пуштија да си заминат за без пари! Затоа и требаше да си оди Брацо! Ама не да дојдат овие што сега глумат месии (со чесни исклучоци коишто и самиот ги именуваше).
Си отиде Брацо, дојде Трифун. Да те потсетам на хронологијата ако си заборавил. Кажи ми кој вардаров навивач или симпатизер не беше уверен дека тоа е чекор за подобрување на состојбите. Е, сега јебига не искочи како што сите посакувавме, ама тоа веќе не беше во наш домен.
И за тоа заминување на играчите без пари во ерата на Брацо, па и на Трифун постојан сериозни назнаки дека нешто е мутно. Играчите добивале пари на рака, а како наводно ништо не добивале и после сите заедно ги делеле парите (ФФМ, Брацо (Трифун) и играчот кој добива раскин на договорот. Се претпоставува дека и сега на ист начин се обидуваат да изнудат раскини на штета на клубот, иако имале добиено 3-4 плати од страна на Захариев (на рака се разбира), а тврдат дека добиле само една.
 
Парите што беа собрани за фанзинот се дадоа за клубот, затоа сега од членовите се собира унапред пари.Исто така парите што ќе останат ќе идат за клубот.
Читај малку меѓу редови не одма да искритикуваш.
Има жиро сметка за спас за Вардар сигурен сум дека скоро никој динар не ставил а за на форум мани наоѓање први сте.
Прочитав меѓу редови не се секирај,само сега на сите им текнува по нешто,кога влагаа 4-5 сезони гага влез никој ништо не спомнуваше :toe: за разлика од вас мене дербито со Пелистер ме чинеше 150 денари на времето,не се жалам само ја кажувам состојбата,а моите нови 150 денари подобро да ги дадам на жиро сметка директно отколку да купувам фанзин или слично :tapp: едноставно не се сложувам дека во ова време-невреме треба да излезе магазин на Комити,кога за десетина дена 9 првотимци не напуштаат,а клубот е на претпоследната позиција :jaj:
 
И ти си можел да го следиш дербито од запад и да влезеш гага. Не се жали:vozbud: Инаку фанзинот е планиран одамна од почетокот на сезоната. Тогаш неможевме да претпоставиме дека на крајот на есенскиот дел тимот ќе биде пред пропаѓање. И кога веќе е направен зашто и да не излезе во продажба:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom