- Не, секое полово општење ВО брачна благословена заедница не е грев, до одредена граница.
Која е таа граница?
- Бог од нас очекува покајане и добро дела а не правење свои кеифови.
А зошто Бог би сакал животот да го поминеме во потиснување на сопствените нагони и да го посветиме на каење и услужување на другите? Кој Бог не би сакал неговите луѓе да се среќни и да ги уживаат благодетите на природата, под услов тоа да не повредува други луѓе?
- Со тоа што велиш дека правењето личен кеиф не е е зло, го чиниш токму тоа-злото.
Молам? Не те разбрав баш. Ниедна верска книга не може да ме убеди дека правењето личен кеиф е грев, која е поентата што живееме, ако не да бидеме среќни?
- Сексот пред брак е забранет, оти своеглавото незауздано сексање неможе да даде стабилен брак. Кој се секса пред бракот, тоа уште почесто ќе го прави и во бракот, во облик од блуд. Таквиот брак не е брак, туку блудна заедница.
Ова е, као, факт? Демек ако почнеш да се сексаш пред брак ќе продолжиш да имаш потреба од различни партнери и после брак зошто ќе станеш зависен од тоа?
- Ракоблудот е блуд затоа што се работи за самозадоволување а не за задоволување на брачникот или за оставање пород.
А што е толку погрешно во самозадоволувањето? Зошто би се контролирал и потиснувал кога природата ти налага потреба од тоа? Тоа е исто како да се воздржуваш од мочање зошто некоја Книга го рекла тоа. Некои нејзини закони стварно се нелогични и сувишни, иако ти не би се сложил... :nesum:
А сигурен сум дека во Рајот нема да биде досадно, оти оние кои веќе се во Рајот, ја доживуваат непсоредната Божја близина, од која никому не му е досадно, туку токму спроитвното-ја добиваат наградата за својот благочестив живот на Земјава.
Е во ова богами, не можеш да си сигурен. :wink:
Знам, многу прашања, ама секогаш се поставуваат милион неодговорени прашања кога станува збор за Бог и религија...