Ебати Грците Конго не можат да го натераат да не вика ФИРОМ
Па мора да лажат. :kesa:
КОНГО СЕПАК ГО КОРИСТИ УСТАВНОТО ИМЕ
Во нотата која вчера ја испрати Постојаната мисија на Демократска Република Конго до македонското Министерство за надворешни работи, властите на оваа африканска земја потврдија дека нивната позиција во однос на името на Македонија останува непроменета, почитувајќи го заедничкото Коминике со кое двете држави воспоставија дипломатски односи во септември 1999 година - соопштија од МНР.
- Кратко траеше еуфоричниот дипломатски успех на официјална Атина која изминативе денови објавуваше привидни успеси во обидите да издејствува промена во употребата на уставното име на Република Македонија од страна на трети земји. Грчката офанзива со краток здив запре токму во Конго, држава за која јужниот сосед тврдеше дека во иднина ќе ја користи привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија - се коментира во соопштението од македонското МНР.
Од таму велат дека одговорот од конгоанските власти доаѓа по интензивните дипломатски контакти помеѓу официјални претставници на двете држави изминативе денови.
Во таа насока, министерот Антонио Милошоски вчера му испратил писмо на својот колега, Антипас Мбуса Ниамвиси, во кое му се заблагодарил за тоа што Владата на Конго го користи уставното име на Република Македонија, во друштво со уште 125 земји во светот меѓу кои се Соединетите Американски Држави, Русија, Кина, Бразил, Индија, Велика Британија и други, респектирајќи го правото на сопствен идентитет и име.
Земјата која е трета по големина на африканскиот континент, има имиџ на нестабилна држава по преминот од белгиска колонија во суверена држава во 1960 година. Историјата им е испреплетена со многу крвави немири, воени удари, диктатори. Демократска Република Конго последниве 40 години неколкупати го менувала името нарекувајќи се „Слободна Република Конго“,„ Конго леополдвил“, „Белгиско Конго“, и „Конго Киншаса.
- извор: www.sitel.com.mk;
PANAMA:
За Панама остануваме Македонија:
- Дневник >>>
Garant i so Meksiko e istata pesna
Grcite lazat izbori se blizat sakaat preku ime rejting da raste
Znaete kako ide toa. Pred izbori najveke se laze
