Конго го смени ставот за името, македонското МНР упорно негира
Конго во иднина ќе ја користи референцата Поранешна југословенска република Македонија, наместо уставното име на земјава наведено е во факсимил од заедничка изјава на заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Јанис Валинакис,
и министерот за надворешни работи на Конго, Антипас Мбуса, се додека трае процесот за решавање на спорот за името. Заедничката изјава на високите претставници на Грција и на Конго е потпишана на 18 октомври, годинава. Во неа е наведено дека се' додека трае процесот за решавање на спорот за името меѓу Атина и Скопје, Конго ќе и' се обраќа на Македонија со провременото име, во меѓународните и во билатералните односи.
Македонското министерство за надворешни работи не добило никакво известување од ДР Конго дека ќе го промени ставот во однос на користењето на уставното име на Македонија.
“Ние како министерство побаравме одговор од Конго и од Мексико за тоа дали има промени во позицијата за користење на нашето уставно име и чекаме одговор од нив. Се додека не добиеме официјална потврда од овие две земји дека нивните влади навистина расправале по ова прашање и донеле одлука не можеме да ги прифатиме за вистинити овие информации“, изјави за Нетпрес портпаролот на МНР, Петар Чулев.
Како што потенцира Чулев
досега ниту еден дипломатски канал не го информирал МНР за ваквите “променети позиции на овие две држави“. Тој објасни дека информациите објавени на грчкото министерство за надворешни работи како и во медиумите не се релевантни извори.
“Можеби сето ова е точно. Ќе стане точно
кога дипломатски канал ќе ја информира Македонија. Доколку сето ова е неточно ќе сметаме дека Грција врши дополнителен притисок врз земјите, кои го користат нашето уставно име“, додаде портпаролот на МНР.
ИЗВОР