DracevoTheCity
Чиста Македонија !
- Член од
- 7 ноември 2008
- Мислења
- 8.662
- Поени од реакции
- 9.982
Реми и пораз со Романците Првата проверка на македонската машка ракометна репрезентација предводена од новиот селектор Љубомир Савевски заврши со реми и со пораз во контролниот двомеч со селекцијата на Романија. Некомплетната македонска селекција во која освен интернационалците, недостигаат и неколку домашни првотимци, на првиот меч загуби од Романија со 25-27, а вчера играше нерешено 27-27. Дејан Пецаковски со шест гола и Филип Лазаров со пет гола беа најефикасни играчи во нашиот состав на вчерашниот меч.
- Ова беше една суперуспешна акција за нашата репрезентација. Играа сите ракометари што беа во составот, задоволен сум од прикажаната игра и од сериозниот пристап на сите играчи. Одигравме тимски и, што е многу важно пред квалификациите, во два дена одигравме два силни меча и успеавме да го задржиме ритамот иако и на двата меча игравме одбрана 3-2-1, која бара голем напор.Сите одиграа максимално ангажирано, помладите репрезентативци сериозно се наметнуваат со својата игра и сигурно ќе имам „главоболки“ во позитивна смисла во изборот на потесниот состав - истакна селекторот Љубомир Савевски по вториот меч.
Во рамките на подготовките пред настапот во јануарските квалификации за СП 2011 во Шведска, селекциите на Македонија и на Романија ќе одиграат уште еден контролен двомеч на 28 и на 29 декември во Скопје. На вторите два меча со Романија, македонската репрезентација би требало да настапи во комплетен состав. Доколку биде се во ред со повредите, на репрезентативниот состав по враќањето во Скопје треба да му се приклучат Наумче Мојсоски, Петар Ангелов, Ванчо Димовски, Раде Стојановиќ и Борко Ристовски, кој минатата недела имал покачена температура и не отпатува со репрезентацијата во Романија. Деновиве на располагање на селекторот Савевски треба да му бидат и интернационалците Кире Лазаров, Влатко Митков, Аце Јоноски, Левко Наумовски и Лазе Мајнов. Според првичните најави, ќе задоцни само Владимир Темелков, кој поради обврските во Германија на националниот тим ќе му се приклучи на почетокот на јануари.
Квалификациските мечеви за СП 2011, со Литванија и со Турција, македонските ракометари ги играат на 15 и на 16 јануари во Адана. Првопласираната репрезентација во групата ќе игра во јунскиот бараж за СП 2011 во Шведска.
----------
Ете го бе брат