Црногорската Влада вечерва едногласно донесе одлука за признавање на Косово, изјави црногорскиот министер за надворешни работи Милан Роѓен.
Владата на Мило Ѓукановиќ ова одлука ја донесе само еден ден откако Генералното собрание на Обединетите нации вчера го усвои предлогот на Србија, Меѓународниот суд на правдата да даде оценка за легалноста на независноста на Косово.
Од ваквата одлука, како што јавуваат српските медиуми, Ѓукановиќ не успееја да го премислат ниту претставниците на црногорската парламентарна опозиција, со кои тој имаше едно и пол часовни разговори во паузата на седницата на Владата.
................................................................................................................
Инаку, од Владата велат дека се координирани со црногорската Влада и се очекува во исто време да биде донесена оваа одлука.