Се откажувате ли лесно?

Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Уф, особина шо најмногу си ја мразам кај себе. Се откажувам одма, ама одма при прв обид, некоаш се нервирам шо не сум упорен ама јбг. Мора да поработам на упорноста :)))
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
се откажувам кога ќе видам дека тоа за што сум се борела нема иднина,смисла и цел.
за се што вреди,пак,се борам додека не го добијам.
сега се откажав од личност за која сватив дека нема смисла да се борам веќе,но сепак пред да се откажам сигурна сум дека сум дала се од себе.
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Зависи од што е тоа што го посакувам па го делам на приоритетно или не па после одлуката за откажување следи.
 

*Lost_Soul*

I_I 3 I_I
Член од
31 јануари 2008
Мислења
158
Поени од реакции
0
Многу лесно се откажувам и секогаш си викам времето ќе покаже се
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Да. За жал, ама така е. Пробувам на некој беден начин можеби да се одбранам/изборам за тоа за што станува збор, но се откажувам чим видам дека нема цел борбата и напорот кој би го вложила.
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Зависи во кој контекст :)
Ако збориме за глупи навики да :)
А ако збориме пак за ситуации во кои сум “нападнат“ тогаш одговорот е не :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.690
Поени од реакции
13.320
Одложувам често но скоро никогаш не се откажувам (едино ако гледам дека нема никаков исход од тоа)
 

Drama Queen

Sky Catcher
Член од
2 септември 2007
Мислења
1.739
Поени од реакции
64
Едноставно прашање ама доста големи одговори содржи..
Дали цврсто се држите за нешто што е ваше и ви значи, без разлика од кој тип е, љубов, работа, семејство, бизнис... Се борите ли до крај, одите во крајности, ги употребувате сите можни расположливи средства и оружја само за да го зачувате она за вас што е свето и кое ве исполнуваи прати во животот, или пак не ја терате со сила работата едно ставно одите и играте на картата што е мое ќе си дојде, или не било за мене речено.. и ред други реченици кои ве вадат од ситуација и ја покриваат вистината дека лесно сте испуштиле прекрасна личност, добра зделка или можност да се докажете и напредувате?
Се борам за она што е мое правам се што можам, но понекогаш и она кое навидум не е возможно, штитам се што ми значи и стојам цврсто зад него, крајноста се уште неможам да ја увидам, мислам дека до последното камче би играла само за да го зачувам она што е мое и со она кое се гордеам и мислам дека е можноста да се искачам погоре, односно да напреднам во секоја смисла на зоброт.

Какви сте вие, колку и како и зошто, но и која е границата до која би играле за да и дали на крајот би се откажале?




По некој работи кои ми се случиле во животот можам да кажам дека ништо не е вечно па дури ни вистинското пријателство,ни семејството ни ништо...Јас сум човек кој се бори за да добие и оди на сигурно,ама само ако знае дека тоа е вредно!Ако видам дека на личноста не и е гајле што не сме во исти односи и јас не правам ништо па макар и да ми била посебна.За се е потребна причина....Ако не е доволно тоа што сме најверни другарки,или сме дечко и девојка или сме брат и сестра за да не се караме,оддалечуваме и така натаму,тогаш не е потребна ни причина оставаме се да се реши само...а така никогаш нема да се реши!Едноставно луѓето кои не сакаат и заслужуваат да бидат со нас не се доведуваат до такви ситуации....А кога станува збор за школо....е тука не гледам наоколу гледам за мене и газам за да постигнам успех!!
 
Член од
26 јануари 2008
Мислења
104
Поени од реакции
3
ako sum zamislila nesto da napravam nema sansa da se otkazam. se vo zivotot moze da se postigne samo ako se saka i ako se bide uporen i istraen i zatoa od nisto sto go sakam ne se otkazuvam
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
780
Поени од реакции
69
Зависи за што станува збор ама можам да кажам дека сум инат голем.
 

GoKo}sBePoT

Опасниот Буцко
Член од
27 јули 2007
Мислења
582
Поени од реакции
5
Во ништо не се откажувам.Борбено до крај,инат магарешки.Попуштање само кога сигурно ќе ме убедат дека тоа е нештото што не сум во право :)
 

korun

lame
Член од
21 октомври 2007
Мислења
389
Поени од реакции
28
Лесно со откажвам заради досада, а поради незнаење ретко.

Ко ке незнам ми е досадно (А).
 

Sally

Paranoid android
Член од
22 август 2008
Мислења
1.279
Поени од реакции
170
Па незнам...ако вреди-ќе се борам. Доколку не вреди, нема фајде да се борам. Само губам време:kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom