Тие кои го "сакаа" Трифун тие го "избркаа". Така е тоа кога за судбината на клубот одлучуваат навивачи.
Навивачите барале отчет за парите
Се случи Македонија Ѓ.П и оној вербален дуел на Костовски со "навивачот" Бранко Прелоговски во ложата на Јужна на полувремето од натпреварот. Дотичниот навивач дознавме дека имал нов дуел со раководството на клубот. Дел од навивачите побарале од управата отчет на досега потрошените финансии и нивен удал при донесувањето одлуки за купување и бркање фудбалери и одлуки околу луѓето во стручниот штаб. Па каде го има тоа!? Така не кај Трифун Костовски, но и кај секој нормален бизнисмен затоа што правилото вели дека тој што ги дава парите тој ги носи одлуките. Најновото барање на навивачите ја прелило часата по што следеше наредбата на Костовски за ПОВЛЕКУВАЊЕ!!!
Кој стои зад "комитите"!?
Дали има позадина или операција "Бркање на Трифун"!? Кој стои зад оние "комити" кои потрошија време и труд да го истераат спонзорот од екипата. Не е за верување дека еден Бранко Прелеговски (член на оваа навивачка група) сам ја доби "битката".
Чершијата шпекулира па во тие шпекулации се споменува и името на Драган Томовски, кој влезе во "војна" со Костовски поради случајот "Васовски". Поранешниот директор на Вардар можеби има свои шеми за пак да се врати, но за да успее во тоа на патот му пречеше токму Трифун Костовски, неговиот газда од Работнички (беа заедно пред 2 години).
И кој сега стои зад навивачите!? Сигурно не се сами...
Поповиќ не сака ваков Вардар
Многумина гласно коментираат дека сега главен фаворит да дојде во Вардар е Миша Поповиќ. Човекот кој и во есенскиот дел беше заинтересиран за преземање на "црвено-црните" би можел да го наследи Костовски. Дали!? Блиските соработници на Поповиќ со свој став дека и тој не е заинтересиран да влезе во "ваков" Вардар во кој навивачите ја кројат судбината.
http://www.sport.com.mk/?ItemID=17446D79A9698141BE552551B7FD8FBA
според ова јасно е дека некој стои позади комитити кои му послужија да го избркаат трифун и сега на негово место ќе дојде друг спонзор. мене така ми делув аоваа работа. Само што и тој спонзор може да се премисли бидејќи ако навијачите и на него му се мешаат во работа како може тој да финасира.
п.с. читате ли дека трифун ги плаќал навијачите? Па јас ен знам каде го има ова работа навијач.
Причините за заминувањето
*
Недоразбирањето на Трифун со дел од навивачката група "Комити". Само неколкумина од нив добиваа личен доход од клубот, а останатиот дел по 3.500 евра месечно.
*Слабите резултати на екипата.
*Големиот притисок наречен "Вардар".
*Заминувањето на Костовски од функцијата градоначалник на Скопје и неговото несогласување со актуелната државна власт.
*Нападот на навивачите врз фудбалерите по дуелот со Напредок.