Протест пред Собрание

Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
А зашто мора толку да се организира? Тие што се против преговори нека одат секој ден пред собрание. Таму нека е зборно место. Ќе се види за недела-две дали има масовност или нема. Ако нема барем знаете сте се обиделе и совеста ви е чиста.

Само еден единствен протест колку и да е масовен нема премногу да измени.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Треба време за организирање на протест. Ќе се случи исто како и претходниот пат, бојкот од медиумите и обид за спречување на информацијата. На крај ќе не направат 200 будали и деликвенти како минатиот пат:toe:. Треба време, за 2 дена тешко.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Луѓе, дајте да побрзаме, во вторник Нимиц во вторник го дава финалниот предлог , значи треба тоа да се случи утре или евентуално в понеделник.
Не треба кој знае што, само неколку убави и Јасни повици од телевизиите во ударни термини, пред вести. ДА ЧУЕ НАРОДЕЦОВ.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А бе треба време, па треба време. Луѓе сакале да го прифатите тој факт или не, јасно е како ден дека НЕМА време.Треба да се делува. Зошто не може спонтано да се собереме? Зошто да не може спонтано да покажеме што мислиме? Зар треба да дојде некој и да каже, ајде протестирајте?
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
А бе треба време,па треба време.Луѓе сакале да го прифатите трој факт или не,јасно е како ден дека НЕМА време.Треба да се делува.Зар треба да се подготвуваме за одбрана на сопственото име.Зашто не може спонтано да се собереме?Зашто да не може спонтано да покажеме што мислиме?Зар треба да дое некој и да каже,ајде протестирајте?
Тоа и јас го викам, зар ви треба писмена покана да го браните тоа што е ваше? Смешно е да има толку договарања небаре се работи за концерт на Мадона па сега ќе се договараме дали ќе одиме и кој ќе ни прави друштво.

Зборно место собрание секој ден од 10 сабајле до 10 вечер и нема прекин се додека се преговара за името, еден ќе мора да попушти на крај.

Не ти реплицирам зошто не се согласувам, туку баш напротив си ја погодила поентата.
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
и пак ќе цитирам

``Подобро ужасен крај,отколку ужас без крај``-Даме Груев



Ме мачат прокоби,
Крвави играрии на векот.
Ни потопи, ни суши не ќе ме слезат од височини.
Не` смрт без слобода, не` без Македонија!

Та кој ми ја краде земјата и во очи ми ја фрла,
кој ми го погани морето,
звезди крвави ќе му потопам!

Овдека, и тревка се бори за сонце и за слообда
oвде, и семето јачка во земјина утроба.
Крени се море, градобран биди!
Пред налет на стрели сараценски,
смрт или слобода и за бога одлука стравотна е,
a камоли за овој народ унесреќен.

И ако умрам, а не стигнам да ве опоменам
во природата и надвор од неа.
се`, што допрев и помилував, ќе загрми!
А ако сиве вас, не ве збрав на покрив на слободата,
и ако во себе не ја допрочитав вашата душа
се плашам да не ве измамат
оти има лажно сонце,
и рана пролет среде зима тешка
та така да ги измами на видело вљубениците во слободата,
а потем на нишан да ги земе,
ете, од тоа ни страдаат поколенијата
Македонијо, кога ќе те помакедончиме?!
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=1239262&postcount=11

ГОЦЕ

Гласник:

Ќе те слезат во ад
за Македонија
Каде змии пиштат
Очи закрвавени и зли
Ќе те земат на нишан
за Македонија
Ако паднеш недоречен
Љубовта одново ќе се роди
И до што е народ по светов
Во подземја и надземја
И на сон и на јаве
Ќе те довикува

Полн светлина е гробот на Прометеја!
Накалеми врз посечена овошка слобода!
Секоа твоја стапка е темел за престолнина!


Гоце:

Ме мачат прокоби
Крвави играрии на векот
Ни потопи ни суши
Не ќе ме слезат од височини
Не смрт без слобода
Не без Македонија
Та кој ми ја краде земјата
И во очи ми ја фрла
Кој ми го погани морето
Ѕвезди крвави ќе му потопам
Тука и тревка се бори
За сонце и слобода
Тука и семето јачка
Во земјина утроба
Та од каде прислушнувам плач
Та кој ветер ми го корне
Морето од душава
Мајка ти во црнина те оплакува
Јадра роса се нејзините солзи
Морска длабочина е нејзината душа

Има денови кога се збогувам
Со времиња - деца сирачиња што ми се
По патишта оставени
Како оголена шума
Без лисја што е без деца таа жена сиротица
Та додека едни народи
Се гаѓаат во срце со Аморови стрели
Овде под покрив од меч
На дар се делат тирании


Гласник:

Има една куќа меѓу камени пустелии
И има едно сонце и меч во темели
И син на сонцето во камени одаи што се игра
И во игра го прислушнува времето
И тој убавец ќе слезе
Меѓу народ во низини
И од планини ќе се јави
Со стада на морски брегови
И народ од темнина
Ќе изведе на виделина

Од за игра се е создадено тука
Од бело камче што држи зданија
До метеор во ноќ на ретки преданија
Ќе се јави како надеж на еден народ
Како плева за слобода ќе се крене
И роден од оган во оган ќе трае
Човек на човека
Да му подаде рака во беспаќе

Кога ќе се покренат со силата од морето
Кули во планиње ќе покршат
Во црвено ќе ја облечат слободата
И без да се плаши за породот
Од друг поган народ што страда
Зашто времињата
Нечесно бродеа
Од колено на колено


Гоце:

Та сега кога се шетам по морски брегови
И кога со народот се веселам над црни векови
Или кога во планиње јачат ветрови
Или кога ќе ме снема се плашам
Да не угине ова семе што го сеам
Под ова ѕвездено небо што се сели
Или лете кога боите на душата
Здружено зреат и здружено умираат
За секоја битка прстен кован
Но она што и да се изроди
Од човека против човека
А и од кој и да е народ
Ако е семе грабежливо и алчно
Молчешкум проследете го
И ако има жал за умилно живинче
Ќе пробуди во себе успиеност човекова
Постравотен од чума штом се крене
Во себе првин одиграјте ја битката
А потоа срцето само ќе зажали
За оваа осамена куќа на Европа
Ќе има видик кон морето
Ќе има тајна на меч со темели
Ќе играат крај огниште деца радоносни


Гласник:

И секој камен во природата
Ако беше дел од слободата
Како побунет роб ќе прозбори
И ако беше грабежливо соѕидан
ќе напушти туѓи престолнини
Или пак од далечни покраини
Во поход ќе кренат
Со твојот лик
Буропловсни галии
На овој век
Претскажано му е да гине
За себе неспокоен а за народ
Како татко загрижен благороден


Гоце:

Покрени се море градобран биди
Пред налет на стрели сараценски
Смрт или слобода и за бога
Одлука стравотна е, а камо ли
За народ унесреќен
И ако умрам и не стигнам
Да ве опоменам
Во природата и надвор од неа
Се што допрев и помилував
Ќе загрми а ако сите вас
Не ве збрав на покрив на слобода
И ако во себе
Не ја допрочитав вашата душа
Се плашам да не ве измамат
Оти има
Лажно сонце и рана пролет
Среде зима тешка
Та така
Да ги измами на видело
Вљубениците во слободата
А потем на нишан да ги земе
ете од тоа нам ни страдаат поколенија
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Тоа и јас го викам, зар ви треба писмена покана да го браните тоа што е ваше? Смешно е да има толку договарања небаре се работи за концерт на Мадона па сега ќе се договараме дали ќе одиме и кој ќе ни прави друштво.

Зборно место собрание секој ден од 10 сабајле до 10 вечер и нема прекин се додека се преговара за името, еден ќе мора да попушти на крај.

Не ти реплицирам зошто не се согласувам, туку баш напротив си ја погодила поентата.
Е па и мене тоа ме нервира, искрено кажано, дел од нашиот народ е прилично интертен, па мора некој да се појави како водач и да рече ајде на протест, иначе во спротивно сите ќе си останат дома, оти нема да им текне да излезат.:toe:
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Е па и мене тоа ме нервира,искрено кажано,дел од нашиот народ е прилично интертен,па мора некој да се појави како водач и да рече ајде на протест иначе во спротивно сите ќе си останат дома,оти нема да им текне да излезат.:toe:
Не е ни толку тешко.

Тројца се доволни да земат ќебиња, нешто сува храна, вода, транспаренти и да се нацртат пред собрание.

На тие тројца набрзо ќе им се приклучи уште некој. Или ќе биде или нема да биде ама вака преку компјутер и само еден единствен протест скоро сигурно нема да даде резултат.

Понекогаш си мислам не се ли мажите послаба карика во народот што им требаат толку писмени покани и убедувања да се поместат од столица?
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Samo da se namestat satori pred sobranie pa vo ponedelnik posle dorucek site tamu da dadat izjava,do sega taka se strajkuvalo,zosto da menjavame?:toe:
 
Член од
14 март 2008
Мислења
574
Поени од реакции
14
ПОВИК ДО СИТЕ ВИСТИНСКИ МАКЕДОНЦИ
и до сите ЧЕСНИ луѓе кои ја сметаат оваа Македонија за своја...


кажи и ТИ... ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ

МАКЕДОНЦИ (сеуште), деновиве се врши забрзано и засилено ПРЕДАВСТВО од страна на СИТЕ наши политичари... Тие се станати МАРИОНЕТИ во рацете на странските сили кои ќе ја обездушат Македонија по мирен пат, претставувајки се како спасители на нашата иднина... “водачите“ на Македонскиот народ стануваат
полека само “гласници“ на тоа што набрзо ќе се случи во Македонија, без никаква шанса да променат нешто притоа... што е полошо, немаат ни смелост, јасно и гласно да му кажат на Македонскиот народ дека се неспособни да сторат
нешто против тоа, и заплашени и притиснати од странските хиени, дури и премолчуваат намерно за да не се создава неред, или не дај Боже, протест...
Еве ви го сега следниот обид на вашите партии да ве разнебитат, во клубот на пратениците, сакаат колективно да ви го одземат последното што го имате,
ВАШАТА ДУША... РАЗБУДЕТЕ СЕ ВЕДНАШ, УТРЕ ЌЕ БИДЕ КАСНО...
Деца на Македонија, дојде денот на вистината... кога се работи за одбрана на името, братски да се споиме... да кажеме јасно и гласно дека сме ПРОТИВ било каква промена на вековното име на нашата татковина, и дека сме свесни Македонци на кои не им треба никаков референдум за да докажат кои и што сме...
во Понеделник на 6 Октомври 2008, од 10 - 15 часот, ЈАС ќе бидам
пред собранието на Република Македонија да ги бранам МОЈАТА и
ВАШАТА ГОРДОСТ, ЧЕСТ И ДОСТОИНСТВО... и во вторник... и во среда...

МАКЕДОНЕЦ
 

Kajgana Shop

На врв Bottom