Тоа е тоа, Гоца.
Едноставно и јасно срочено.
А дал гледаш што се случува помеѓу водечките партии кои ги биравме да не застапуваат? Дали го гледаш циркузот?! Дали си свесна дека сите топтан се ко дрогирани деца, залепени за столица?
Дали се тие свесни дека ако ПОСЕГНАТ по нашето,
народот нема да им прости? Дали се свесни дека нити
милиони кампањи нема мене да ме "вразумат"?
Дали мислат дека можат да го протуркаат ова што изгледа го намераваат?
Ама секоја формација која ќе ја декларираме како групна и ќе сакаме да постигнеме ефект преку неа, мора да има "јавен и јасен" повод! Конкретен, за да се зголеми желбата за реакција. Иначе, со расцепкани настани (а расцепкани бидејќи со багер едино може да преместиш од пред телевизор доста луѓе) се убива духот... Ќе одиш ти, Стевче, јас, Гоце, Звонко, Петко...
Ама ако работиме нешто само 6 луѓе, не мора никој друг да знае.
Ако работиме групно, со цел која може да се постигне преку толпа... Тогаш, да сработиме, плански.
Спонтаната реакција е веројатно најпланираната ре-акција, од она што досега сум го видел по светов.
И се дури не дојде моментот - јавна презентација на планот за предавство, кој ќе се обидат да ни го протурат како наша победа и успешна битка во спорот со Грција, а не наша капитулација; ако сакаат да кажат дека со лидерството доаѓаат моменти за тешки одлуки (интервју на Филип Рикер, од денеска), а заборавиле дека лидерството значи да ВОДИШ луѓе, зошто те платиле за тоа, и точно да направиш тешки одлуки како откажување на оралниот третман со кој ќе задоволиш некој "големец" за да останеш верен на својот народ и традиција...
...до тој момент, бидете будни и мобилизирајте. Зборувајте, информирајте, споделувајте идеи. Луѓе требаат, спремни луѓе....народот ни е измачен, измрцварен... ама СЕКОЈ ЕДЕН во себе го има она исконското, Македонското.
И кога ќе дојде МОМЕНТОТ, ќе го покаже.
Сигурен сум.
Како шо рече Тони пред 7 и кусур месеци....НИЕ го кажавме нашето. Сега, ТИЕ се на потег. А јас, потег не гледам.
И чекам.....
Активно, фала богу
Така Гоцка?