Протест!

  • Креатор на темата Креатор на темата free_MAN
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сум трета година економска, и до сега бев одлична од кога знам за себе просек 5,00 секоја година (без врски да фанам со професори). Учебник последен пат имам видено кога бев 8 одд. Од тогаш се служам само со скрипти и матријали шо ни ги даваат професорите. И сега вака, јас ако полагам, од кој учебник да учам? Тие таму ги мрзи еден учебник да отпечатат, а не па годишни тестови да ми прават!
А вчера го слушнав последниот предлог за тоа колку предмети ке се полагале: еден до два ама не се знае точно кои предмети се до последен момент. Јас учам 12 предмети. И со должно извинение, јас ќе треба да повторувам дванаесет предмети шо сум ги учела во текот на цела година? Па кој и да е нема да помине.
И затоа вие постарите не можете да викате дека за џабе сме протестирале, не било така кога вие сте биле средно.
 
Ако има 34 деца во секој клас * 8 класови * 3 години * 38 школи станува збор за бројка од 31008 ученици кои се засегнати од проблемот ...

ПОС

Законот е теоретски невозможно да се изведе.... зашто?

31008 ученик по 10 предмети..... 310 080 тестови. Кој ли само ке ги прегледува тие тестови:pos2:. Лани матурата ја прегледуваа цел месец, епа за ова ке им треба една година...:aplauz:

Значи нема шанси тоа така да биде, освен ке има финални тестови, ако има по еден до два тест на рандом избрани предмети па дури и во рандом школо. Така да, уживајте и не се засегајте и натпаметувајте чив став е подобар а чив полош:baeh:
 
А да. И да се надоврзам нешто. Моите т.н "учебници" се од 1993 год просечно земено. И сеа јас учам по стари учебници, а се водам по нова програма. Мој совет: прво нека определат матријал од кој ке работиме,а после ќе немаме никаква причина да се буниме. Зошто овој протест не е само заради тоа што некои имаат многу за учење, а некои коишто учат во ретки профили како што е мојот (дојдов до сознание дека само во Велес и во Скопје се изучува мојот профил), да добиеме матријали, а не ние да паѓаме како круши на тестовите.
 
Бидејќи и мене ми се може како член на форумов да реплицирам револтиран од твојот пост ќе ти кажам дека тогаш промените сте ги прифатиле бидејќи ви ги диктирале. Немој да ми кажеш дека не сте посакувале се да биде по старо и дека се ви било океј. Не сте го сватиле тоа можеби во моментот но сте ги почувствувале промените и сами сте знаеле дека не е во ред. И што сеа ? Не треба да се буниме за нашите права ?? Ќе најдат поадекватен начин за проверка на методиката на професорите или ние ќе бидеме жртви на колатерална штета. Нашата иднина зависи од тоа дали ние сме му се допаѓале на професорот или не ???
И плус викаш дека 5000 луѓе да дојдат на протест а не 100-200 кидачи , а не ги земаш во предвид директорките и останатите професори кој ни се закануваат со Укори , неоправдани ,намалувања на поведение и намалување на оценки доколку отидеме на протестот. Значи прво ние сме под притисок да учиме цела година за тестовите и на крај пак оценката да ни се заснова на финален тест направен за тестирање на професорите кој не биле во ред. Епа ако негде не сум во право , повели поправи ме.

Лошо е кога некој вади нешто од контекст - душишке моја разбери дека можноста за мерките кои наводно ќе ги спроведеле против вас директорите - нели оние кои сега ви го дадоа листот со законот е 0.001% ако од едно школо киднат сите ученици од 1, 2 и 3 година ...

Знаеш што пишува во истиот тој закон за средно образование (ќе направам слободно толкување) - дека тест на кој 99% од оценките се недоволни (значи единици) нема фактичко дејство кон успехот на ученикот/учениците ...
Исто како што пагањето на матурата на 99% од децата или пак неуспехот на тестотвите во 99% од случаите ... Ако во јуни по предметот математика сите направите единици, а вие сте учеле цела година тогаш има 2 можности или тоа е протест кон тестот (бојкот кон тестот) или пак нивото на тежина на тестот не е соодветно прилагодено ...

П.С:
Наредното вадење на работи надвор од контект ќе ме примора да го употребам моето елементарно право на сакционирање на членовите на форумот кои ја злоупотребуваат демократијата и праводо на слободно изразување и мислење за дневно политички маркетинг :nenene:

П.П.С:
Вие паметните 17 годишни деца кои уште сте во развој се знаете и затоа чекате некои професори и директори да „ви ги отворат очите“ за законот ... ало децааа некој ве користи за ефтини политички поени одете учете не сте вие најпаметни - не ни можете да бидете :uvo:
 
денес имаа состанок со директорот наш..на орце:)
и кажаа ке се полага по сите предмети но нема да знаеме ни кој ден, ни од кои поточно лекции
или само 2 предмети но повторно нема да знаме кои и кога

па затоа напуишаа неколку барања меѓу кои
да ни ги најават со точен датум тестовите
да правиме на полугодие и на крај година..значи за по пола материјал
да ни бидат полесни тестовите и уште неколку сосем реални работи
денес ги испратија овие на другите училишта и доколку се сложат и они со нас ке го испратат во министерство
и доколку министерството не ги одобри тогаш ке има масовен штрајк заедно професори и ученици низ цела македонија :)
 
Оваа година би требало да биде пилот. Односно тестовите да бидат пробни и ке нема никакви последици, ни кон учениците ни кон професорите.
 
П.П.С:
Вие паметните 17 годишни деца кои уште сте во развој се знаете и затоа чекате некои професори и директори да „ви ги отворат очите“ за законот ... ало децааа некој ве користи за ефтини политички поени одете учете не сте вие најпаметни - не ни можете да бидете :uvo:
Гледам дека се револтираш кога некој ти се контрира но дозволи сите да го кажат мислењето. Сакам да ти посочам нешто...И сам викаш евтини политички поени... Епа баш затоа што ние ќе бидеме марионетки на политичарите за да можат да собираат поени имаме право да се буниме за да не полагаме некакви си тестови. Добро знаеш (пошо имаш завршено средно), какви се средношколците, и дека сите работи на нас ни се поважни отколку учењето (што не би требало да биде така, но нажалост така е). Сакам искрено да ми одговориш дали ти кога беше средно (без разлика гимназија или стручно) не се бунеше кога ќе ви закажеа писмена од денес за утре....И сакам бар малце да размислиш (на ниво на 17 годишници како што не нарекуваш, а не од онаа гледна точка од која сега ги гледаш работите) дали ти кога би бил на наше место би си седел мирно, чекајќи некој да те манипулира??? Значи и јас ќе бидам со твоето размислување кога ќе имам онолку години колку што имаш ти... И јас ќе сватам дека учењето е најважно... НО како што ТИ и сите други пред нас сте имале средношколски слободен живот (без вакви глупости, освен матура која потполно ја оправдувам) така и ние сега имаме право да го бараме истото она кое што го имале сите пред нас...
И те молам без разлика што имам 17 години, јас се чуствувам доволно паметен за мојата возраст. Како што јас те почитувам тебе, така сакам и ти да ме почитуваш мене без разлика што сум Х години помал....
 
Каде виде дека јас тебе не те почитувам - сите мои дискусии беа општо упатени.

За тоа дали сме се бунеле за писмена од денес за утре, не сме се бунеле туку сме правеле работи кои се поефикасни од бунење и не сме искачале на протести...

Второ ни полагавме приемни на факултети кои беа 10 пати потечки од вашите завршни тестови или матурата и тогаш немаше можност да платиш и да се запишеш на кој сакаш факултет ...

Трето, вие сте манипулирани баш во овој момент ... дозволувате нероден петко да ве тера да си губите часови и да створите револт кај повеќето ваши професори, директори и слично .. кога сварно ќе дојде време да се штрајкува никој веќе нема да ви верува бидејќи ке ве карактеризираат како кидатори ... (истово им се случи и лани на дечките затоа и не добија ништо од протестите за матурите)

П.С:
Не сум јас толку постар од вас - плус јас сум тој што иако веќе не е средношколец прв ќе ве подржам и ќе гледам да ви помогнам ... веќе некои тука на форумот виделе дека во некои области „ми се може„ и дека секогаш за средночколците сум се борел ... прашај ги твоите соученици од корчагин кои денеска се на ескурзија - иако постоеше можност професорите да ги казнат и да не одат на ескурзија ...



ПОС
 
Ќе ги замолам оние што не се доволноо информирани(на средношколците мислам), да не зборат на празно, затоа што се добива грешен впечаток кај форумџииве(бидиков итн итн..да не набројувам). Значи јас ке ве информирам за све што ке се случува околу овој проблем, затоа што ја сум во организацијата, да не речам еден од поглавните организатори. Но све со тек на време. поздрав
 
Марио сепак форумов е како што знам за Општа Дискусија и секој има право на негов одговор посебно Бидиќов како Администратор на форумов.

Пис
 
Марио сепак форумов е како што знам за Општа Дискусија и секој има право на негов одговор посебно Бидиќов како Администратор на форумов.

Пис
Ок е, нека зборат, али не да тресат зелени, и глеаш се караат со бидиков за џабе..нема ја ништо против него, ни против некој друг. Нека си зборат, али нека има смисла малце тоа што го зборат..не само ломотење на празно. п0з
 
Deneska , kaj nas u Karev rekoa deka nema da ima finalni testovi.
Toa bilo samo predlog.
Taka da uzivajte.

Оф море, толку ли сте лесни у паметот ?Јас го имам законот дома на лист, директорот ми го даде. Тоа е закон, кој го имало пред тоа, а на 22.07.2008 се направени измени и е стапен во сила 8 дена после пуштањето во службениот весник(22.07.2008). Кој и да ти рекол, те излажал. Или поубаво кажано, така ви рекле да не бегате од часови, да не идете по штрајкови.

zakonot ne vazi za 4 godina , za drugite nemam poim
 
:vozbud:Deca ne se ulavejte zemete da ucite oti vie ke vi go onadat vie doeka se onaduete za ucenjeto taka da na kraj ke mora pak da ucite i duri koa ke ispopagate site na matura ke se svestat i ke vi recat izvini dete odnovo ke treba taka da moj sovet ucete slusajte gi mama i tato,preminuvajte na pesacki za race i pravete kako ke vi kazat :DDD
ili dr opcija da odite na protest pak ali voj pat so edna tabla jajca i na vladata da im gi mavnete pozz od mene :DDDD
 
мислам дека веке нема потреба од протести штом еден предмет само ке се полага тоа и не е баш толку тешка работа.А од овие протести сватив дека секој си мисли само на себе и свака им част на оние кои се матуранти и постираа на некои од претходните страни прво ги бцкаа сите за протест а потоа кој ги е..е е таков е овој македонски народ,:toe:
 
мислам дека веке нема потреба од протести штом еден предмет само ке се полага тоа и не е баш толку тешка работа.А од овие протести сватив дека секој си мисли само на себе и свака им част на оние кои се матуранти и постираа на некои од претходните страни прво ги бцкаа сите за протест а потоа кој ги е..е е таков е овој македонски народ,:toe:
Прво-Ќе се полага еден предмет,да.Има таква опција.Но,сепак нема да се знае до дента кој предмет ќе ти се падне,па затоа ти независно дали ќе ти се падне еден предмет,два или повеќе,ти пак ќе треба сите да ги учиш.
Второ-Не генерализирај.Не сите матуранти,така постапуваат:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom