Протест!

  • Креатор на темата Креатор на темата free_MAN
  • Време на започнување Време на започнување
Хммм прочитав некој имаше постирано дека 4та нема да полага. Хммм not bad not bad :) . Барем сега на мира ќе се спремам за матурата :).
 
Абе искрено средниве школи се стварно ЦИРКУС ама ај да се надеваме дека со тестовите ќе се оправат.Ја 4-та сум и ги подржувам,а башка и немате аргументи за да не се полага!:helou:
 
Па што се секирате бе. Барем ќе бидите малце спремни за матурата :) . Ќе осетите како е со екстерни тестови. Иначе 100% сум сигурен дека лесни ќе бидат тестовите. Нема шанси да ги направат нерешливи.
 
Не ми се протестира мене.:). Зошто да протестирам кога ќе се намалат оценките, ќе ми се намали конкуренција на факс.

Не ти гори, па удри..

Ај да беше некоја тетка, па да те сватев.. исто ко оној од Орце што ми заврши, претседател на унија на средношколци што ли ја знам, до вчера липаше за матурата, молеше и кумеше, а дечкото сега пишал статија во весник, дека законов.. мед и млеко.

Иста прича и ти.

"Уличарот".

edit: Утре на штрајк пред Министерство за Образование, почеток 9 негде.
 
Чекај бе, нели сега се беше во ред кога рекоа дека само 1 предмет ќе се полага?
 
Џену,реално веруваш во приказната дека тој што има 3ка за нешто во прво полугодие,без проблем ќе може со едно повторување да ја потврди таа 3ка после 5 месеци?

Мислам,да излеземе во реалноста малку,каде има голем процент на луѓе кои што учат кампањски,и тоа добро ги служело.

Напрај си паралела,мислиш ли дека вреди за тоа "ти да ги гледаш татините синчиња како плачат сеа",Blind,Awake и нив сличните да треба да менуваат метод на учење,да вежбаат повеќе од потребно,и на крај многу од нив да добијат помали оцени?

Колатералната штета,според мене,е многу поголема од добивката.
На крај,ова нема да излезе ни пирова победа,туку хитлеровска загуба :)

Јас секогаш сум за да се искорени корумпираноста во образованието,како и тие што проаѓаат така лесно...
Но не на ваков избрзан начин,и не со постови мотивирани од револт кој "мамини синчиња".
 
Мац потполно си во право за искоренување на корумпираноста во образованието... Но едно не ми е јасно во ниеден од сите постови... Како не сфаќате дека тие татини и мамини синчиња (може не сите, ама голем дел од нив) пак со врски, како и до сега, ќе се извлечат на еден или друг начин, а некој кој учел (незнам колку сте запознаени со мозочна блокада), може од страв да заебе се што постигнал. А ако на овој начин се искоренува корумпираност, тогаш државава се повеќе и повеќе пропаѓа. Не можеш ти да почнеш од најосновна институција каде жртви ќе бидат децата. Почни од онаму од каде што доаѓаат сите работи (министерството и сите начелни луѓе). Многу ме интересира дали тој што се одлучи на ваков начин на докажување на оцени има доволно знаење (што би рекла Џену, општи работи од општа кулутра), за мене и на сите останати да ни воведува нови начини на оценување. До сега школскиот систем функционирал многу нормално. А тоа што „големците“ мислат дека младите умови бегаат од државава поради малубројните реформи во образованието гадно се лажат, затоа што ние имаме многу солидно образование, само државата не обезбедува ништо потоа... како и да е, јас, завршил или не завршил факултет, положил или не положил матура сигурен сум во едно. Дека коа ќе дојде денот да се вработам(ако дојде :pos:) пред мене ќе влезе некој од приватен факултет (аз Џену сез, татини и мамини дечиња) кои и те како се во животот ќе прават со врски. Значи корумпираноста ќе ја има без разлика што и да се прави. А тоа дека мамините и татините дечиња се на готово си добиле, тоа е нивното пробивање во животот. Ти се пробиваш со врски, јас со учење. Само ти остануваш тука, јас продолжувам далеку од оваа наша мала, напатена земјичка. Според мене, не е се до реформи и знаење, матури и тестови.... Менталитетот и алчноста (за собирање поени и покажување кои сме и што сме со што добиваме и повеќе пари) го прават своето....:smir:
 
Цел ден учев математика дека утре правам тест, и ако испадне да штрајкуваме... :nesvest:
кај нас во гимназијата, на прва смена немаше ништо, а после ги гледам 2рата смена ( 2ра и 4та година ) излегле по тоа улиците, свират, викаат пискат.... :pos: :pos:
 
Морам да бидам малку вулгарен (плус ми се може), но гледам дека се случува повторно тоа - некој ги влече за нос децата за да губат часови.

Идеме прво со грубиот дел ... шупелки едни недоквакани зошто се крева галама за нешто што постои како инструмент за контрола на професорот веќе 30 години ... знам зошто бидејчи истите тие професори кои ви ги поклоуваат оценките сега ве дезинформираат и буцкаат дека ќе се полагало по сите предмети ... епа реалноста е дека ќе се полага 1 предмет и тоа по случаен избор ... ајде одете губете часови како лани што правеја средношколците вас ќе ви успее исто како што им успеа на ланските матуранти затоа после се напучија и земаа да учат за матура и на крај иако беше апсолутно прелесна пак имаа катастрофални резултати (да некои незнаеја како се пресметува ПРОСЕК) ...

Знаете кога ќе успеете во протестите - кога ќе ве видам сложни на плоштат едно 5000-10000 ученичиња добро информирани за законот и со точни и прецизни барања ...

Фактот останува - НЕ УЧИТЕ И ЗА ТОА ДРУГ СЕКОГАШ ОКРИВУВАТЕ !!!
 
Ко прво, ти се може, ама не ти личи.

Сеа на второто.. да си 17њак ко мене, убеден сум дека ова што го напиша немаше да ти текне на памет.

А, како трето.. тоа и сакам индиректно да докажам во школо, обидинетост, маса, сила. За ова и те колку имаш право, али друже, камо среќа да бевме само ние вакви, не - сложни. Па цела Македонија, со 5 иљади митинг прави, а ти бараш од нас 10.000. На ова третово може да се дискутира многу, али да го оставиме настрана.

Моја констатација до оние кои не се согласуваат со средношколците, најубаво не се мешајте. Само расправија и тензија се ствара.

пис
 
Аргументит ти се патетични ...

1) ми се може не дека сум администратор туку бидејќи во мое време (кога бев средношколец) се случија најголемите промени во образованието и сето помина многу безболно и не гледавме да кидаме од часови без причина ...

2) јас бев само 14 годишњак кога ги имав истиве ставови кои сега ти викаш дека нема да ми текнеле ... сега ќе бидам уште по безобразен и ќе ти кажам ако на 17 години мислиш дека треба да озбвинуваш некого друг за твоето кампањско учење ... за жалење си!

3) македонија е сложна кога сака да е сложна примери има неколку почнувајќи од протестите за името (2-3 протести со над 10000 беа мислам) па со најпоследниот настан кога се наполни градски со 50000 посетители ...

Ај сега малце весела математика (да го размрдаме вашето средношколско мозоче):
Макеоднија има 62 средни училишта .. од кои 38 се во Скопје. Ќе направиме група претпоставка дека сакаме на протест да дојдат само средношколци од Скопје (бидејќи нели другиве би имале проблем со транспорт и сл.) - значи тоа се 38 средни школи. Претспоставка број 2 е дека во едно школо на ниво на генерација има по 8 класови (има и повеќе но правам груба апроксимација) и дека сакаме да дојдат само од првите 3 години бидејќи ќе претпоставиме дека матурантите нели не се засегнати од проблемот...

Значи: 5000 деца поделени на 38 школи со по 8 класови поделено на 3 години и ќе дојдеме до магичната бројка ...

5000 учесници / 38 школи = 132 деца од секое школо ...
132 деца од секое школо / 3 години (1,2,3) = 44 деца од секоја генерација
44 деца од секоја генерација / 8 класови = 6 деца од секој клас

Ај сега малце рекурзивна анализа ... (мозочето сега го размрдавме па ќе го сватиме проблемот подобро)...

Ако има 34 деца во секој клас * 8 класови * 3 години * 38 школи станува збор за бројка од 31008 ученици кои се засегнати од проблемот ...

Викаш не знаете да се организирате ... епа тога џабе губите часови на протести со по 100-200 кидатори .... :tapp:

ПОС
 
Хехе, јак пост :):aplauz::salut:
 
Морам да бидам малку вулгарен (плус ми се може), но гледам дека се случува повторно тоа - некој ги влече за нос децата за да губат часови.

Идеме прво со грубиот дел ... шупелки едни недоквакани зошто се крева галама за нешто што постои како инструмент за контрола на професорот веќе 30 години ... знам зошто бидејчи истите тие професори кои ви ги поклоуваат оценките сега ве дезинформираат и буцкаат дека ќе се полагало по сите предмети ... епа реалноста е дека ќе се полага 1 предмет и тоа по случаен избор ... ајде одете губете часови како лани што правеја средношколците вас ќе ви успее исто како што им успеа на ланските матуранти затоа после се напучија и земаа да учат за матура и на крај иако беше апсолутно прелесна пак имаа катастрофални резултати (да некои незнаеја како се пресметува ПРОСЕК) ...

Знаете кога ќе успеете во протестите - кога ќе ве видам сложни на плоштат едно 5000-10000 ученичиња добро информирани за законот и со точни и прецизни барања ...

Фактот останува - НЕ УЧИТЕ И ЗА ТОА ДРУГ СЕКОГАШ ОКРИВУВАТЕ !!!

ne ucam i ne krivam nikoj drug :pos2::pos2: i zoso da polagam testovi???
 
Како средношколец сосема го подржувам новиов закон. Колку толку ќе се елиминираат врските во образованието и нема да има фајде од лижење гз на професори. Иако ова нема во потполност да ги реши горенаведените проблеми сепак е важен чекор кон нивното решавање :)

А конкретно од Орце имаше прилично многу протестанти. Од 10 класа во втора останаа отприлика 60-70 ученици. Ја пошо немав ништо против законот протестирав дома пред компјутер :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom