Вo Треблинка "осамна" Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
12.624
1F38ECACB0352649A669A54EE800F21C.jpg

Сивиот камен со натписот Македонија, поставен во паркот на некогашниот нацистички логор Треблинка, од вчера сведочи за државата со најголем процент депортирани Евреи. 98 проценти од македонските Евреи во Втората светска војна завршија во фашистичките логори. Од Треблинка никој жив не се врати. 65 години подоцна нивните потомци, во најголем дел прв пат го посетија логорот, велат простуваме, но нема да заборавиме.
- Денеска правиме историски чекор на оддолжување кон сите оние кои беззаветно заминаа, но не беа никогаш заборавени. Ние членовите на Еврејската заедница во Македонија велиме, простуваме, но не заборававаме. Денеска докажавме дека никогаш не ги заборавивме нашите најмили. Каменот на кој гордо испишавме Македонија, го оставаме за сите оние кои веруваа во нас, вели Миодраг Тодоровиќ- Козма, претседател на Македонската еврејска заедница.

7200 Евреи кои по налог на бугарските фашистички власти на 11 март 1943 беа депортирани во Треблинка, повеќе од половина век немаа достојно место во историјата на овој нацистички логор. Досега Евреите од Македонија беа евидентирани како Евреи депортирани од Бугарија.
- За жал, досега македонските Евреи беа вбројувани како жртви на бугарските Евреи, бидејќи во германските документи за транспорт тие беа запишувани како Евреи од Бугарија, вели Јержи Лач, претставник на полските државни власти.

На овој начин, велат од еврејската заедница се исправа една историска неправда. Сега спомен-обележјето јасно сведочи дека овде се останати коските и на македонските Евреи.
Спомен-плочата која се наоѓа веднаш до грчкото обележје ја открија, заменик-министерот за надворешни работи, Зоран Петров и претседателот на Евреската заедница во Македонија. Пристутни беа и заменик-мининистерот за култура, Драган Недељковиќ, македонскиот амбасадор во Полска и претставници на полските државни власти.
- На ова место пред 65 години се убиени 7200 македонски граѓани. На ова место е истребена дел од македонската нација и затоа од исклучително значење е откривањето на каменот на кој пишува Македонија. 1100 од убиение беа деца под десетгодишна возраст и тоа не треба да се заборави, вели заменик-министерот за надворешни работи Петров.

Првите чекори по пристигањето во Треблинка за петнаестината присутни од еврејската заедница беа чекори на страв и сеќавање на минатото за нивните најблиски. Велат сакаме се да дознаеме...

Членот на управниот одбор на Фондот за холокаустот на Евреите од Македонија, Панде Лазаревски, вели дека историјата не треба да ги заборави фактите.
Денес во некогашниот логор на смртта останати се само спомените сокриени во густата борова шума. Фашистичките власти веднаш по затворањето на логорот во ноември 1943 ги уништиле сите објекти кои можат да посведочат за историјата.
Треблинка во себе крие повеќе од 900.000 убиени Евреи.

Вечер
 
Македонија во Треблинка им се оддолжи на своите убиени Евреи

43ED5AF9A3E9B340B5E31AEBC7591FB2.jpg

Треблинка, Полска - Фин, студен, гранитен камен само со еден длабоко врежан збор во него – Македонија, беше откриен вчера во меморијалниот комплекс Треблинка во Полска. Претставници на Еврејската заедница во Македонија и претставници на македонската Влада на кусата, но траурна церемонија поставија обележје во спомен на 7.200 македонски Евреи кои во периодот од 1942 и 1943 година беа убиени во еден од најозогласените конц-логори Треблинка, кој беше изграден од нацистите стотина километри североисточно од Варшава.

Во логорот, кој функционираше од јули 1942 до ноември 1943 година, беа убиени 900.000 Евреи од десет држави. „Цели 65 години Евреите од Македонија немаа свое обележје. Третирани како југословенски Евреи, како што ги третираа бугарските окупациски власти за време на Втората светска војна, или како бугарски Евреи, како што стоеше во прецизната документација, од кои Германците ги примија 7.200 Евреи од Македонија. Да не се заборави кој го изврши тоа, но и кој помагаше да се изврши тоа“, рече вчера во Треблинка заменик-министерот за надворешни работи на Македонија, Зоран Петров.

Претседателот на Еврејската заедница, Миодраг Тодоровиќ Козма, рече дека овој „камен на кој гордо пишува Македонија го ставаме во спомен на сите оние што веруваа во нас. Докажавме дека сме народ кој не исчезнал“.

На церемонијата беа присутни претставници на полската држава, која заедно со македонските власти, а по иницијатива на Еврејската заедница од Македонија од 2000 година, се обидува на просторот на некогашниот логор Треблинка да исправи една историска неправда: да се постави обележје дека 7.200 Евреи потекнувале од Македонија, биле дел од Македонија, а завршиле во оваа машинерија на смртта.

Во Треблинка денеска нема ништо од некогашниот конц-логор кој се покажа како „најуспешен“ во егзекуцијата на Евреите меѓу 21, колку што вкупно ги имаше за време на Втората светска војна на територијата на Полска. По завршувањето на неговата застрашувачка функција, нацистите го срамнија со земја, го уништија до крај за да не се открие никаква трага од злосторството што е направено овде.

Комплексот кој се ширел на површина од 17 хектари денеска е покриен со камења, симбол на вечноста и спомен-обележје кое Евреите според својата традиција го ставаат на гробот. Во малиот музеј, приземна зграда со дваесетина квадрати, нема ниту слика од тоа како изгледал логорот. Има нацрт на некогашниот логор што го направил преживеаниот Самоил Виленберг, Евреин, кој и ден-денес живее во Израел. Од нацртот може да се види каде биле просториите каде што биле дочекувани оние кои доаѓале на патот без враќање во Треблинка, просториите каде што биле „обработувани“ пред да бидат испратени во гасните комори, „црн пат“ кој води до нив и, конечно, до масовните гробници. Зачувани се или пронајдени десетина лажици, неколку матарки, една потпетица, некоја направа за убивање на затворениците... И тоа е се' што остана од логорот.

Македонските Евреи или 98 отсто од целокупната еврејска популација во Македонија завршија во Треблинка. На 11 март 1943 година во скопскиот Монопол беа собрани сите Евреи од Скопје, Штип, Битола и други места од внатрешноста и со три композиции на 23, 25 и 29 март беа испратени за Треблинка во рамките на договорот постигнат помеѓу царска Бугарија, која беше дел од силите на Оската, и Третиот рајх.

Од нив се спасија само двајца, ни го открива овој нов податок Миодраг Николиќ Козма. „Едниот е извесен доктор Насин. Веројатно им бил потребен на Бугарите како лекар и стручњак и не им го испорачале на Германците“, вели Козма. Вториот Илијаш Шпиц, човек кој по барање на другите Евреи што биле со него бил симнат од возот во Владичин Хан поради тоа што наводно еден од родителите бил Унгарец. Илијаш Шпиц доживеа да стане фудбалер на некогашните Партизан, ОФК Београд и скопски Вардар. А животот го заврши на клупа од инфаркт токму на стадионот на Вардар, како тренер на овој клуб. „Другите не се вратија“, вели Козма.

Лилјана Мизрахи, исполнета со емоции, вчера тешко говореше за тоа што претставува Треблинка за неа. Дури 84 членови на семејството Мизрахи завршија овде во конц-логорот. Од бабата Грасија, родена во 1838 година, која беше убиена на 105 години, се' до најмалиот член на семејството, кој имал само четири години. „Замислете како е да гледате кога се' што сте родиле завршува во гасна комора“.

Берта Романов Николиќ во Треблинка дојде како наследник на семејството Романов. Нејзиниот татко Морис Романов се извлече од Треблинка, бидејќи за време на големиот транспорт во март 1943 година бил заточеник во затвор во Варна, Бугарија. Но, неговиот татко Адам, мајката Леа и чичкото Давид завршија во Треблинка.

Пребарувања по Интернет откриваат детали од последните моменти за тоа како завршувале и каква ужасна смрт била наменета за Евреите. Пред да влезат во гасната комора добивале метална паричка која морале да ја дадат пред да се затвори вратата, а некој затвореник Украинец веројатно потоа со мирно пребројување на паричките прецизно знаел колку луѓе во кој „турнус“ влегле и биле усмртени во коморите.

Командантот на логорот, Франц Штангл, уапсен по падот на Германија, има изјавено дека „една композиција од 30 вагони и со три илјади лица била ликвидирана за околу три часа“. Според негови сеќавања, при добра работа од 13-ина часа дневно тој и неговите војници успевале да убијат меѓу 12 и 15 илјади лица дневно. Бројката е стравотна сама по себе.

Во Треблинка досега Евреите од Македонија биле третирани како Евреи од Бугарија и без никакво оправдување меѓу камењата што го означуваат потеклото на земјите од каде што биле депортирани Евреи кон Треблинка стои - од Бугарија. Сега меѓу камењата од Полска, СССР, Југославија, Чехословачка, Австрија, Франција, Белгија и Грција ќе стои и обележјето од Македонија.

„Тоа е она што најмалку можевме да го направиме за нашите предци по 65 години“, вели Лилјана Мизрахи.

Весник
 
Македонија во Треблинка им се оддолжи на своите убиени Евреи

Само што, Македонија не е ништо должна према своите убиени Евреи, бидејќи ниту ги депортира, ниту ги уби...

Некој друг го направи тоа. Ај нека се јават, ги има по форумот Политика и Историја од една наша соседна земја...

Што ќе кажат на ова? Или го заборавија?
 
Каде беа македонските партизани та не ги спасиа ?
 
Каде беа македонските партизани та не ги спасиа ?
што лупаш глупости?да било така лесно зарем ќе се дозволело толку луѓе да бидат однесени таму со една единствена цел-да бидат убиени?
прашањето е каков народ сте вие, штом можете така ладнокрвно да се здружите со најболниот ум што некогаш постоел и толку невини луѓе да испратите во смрт само за да ја задоволите неговата суета?
тоа треба да се запрашате, а не каде биле партизаните:nenene:
 
евреин од Израел (25.09.2008 09:54:30)

Во 1943 г. евреите од Македониja се државјани на Кралство на СХС, а Бугарија спасува 48 000 нивни евреи и за тој чин има спомен одбележје во ловоровата горичка на мирот во Ерусалим од благодарниот еврејски народ

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4BA805F7D779664FB317EC6C4D04DC0C
 
Абе битно нивните Евреи си ги спасиле,а овие нашите 7200 што ги истребиле за еден ден пу-пу не важат.Само бугар може да води ваква логика.:tapp:

Каде беа македонските партизани та не ги спасиа ?
Кога да ги спасат бе.За еден ден погубивте 7200 Евреи од МК.Плус беа многу зафатени во борбите против бугарскиот фашистички окупатор во МК.

евреин од Израел (25.09.2008 09:54:30)

Во 1943 г. евреите од Македониja се државјани на Кралство на СХС, а Бугарија спасува 48 000 нивни евреи и за тој чин има спомен одбележје во ловоровата горичка на мирот во Ерусалим од благодарниот еврејски народ
Не е точно.Кралството СХС престанува да постои во 1941 г.
 
евреин од Израел (25.09.2008 09:54:30)

Во 1943 г. евреите од Македониja се државјани на Кралство на СХС, а Бугарија спасува 48 000 нивни евреи и за тој чин има спомен одбележје во ловоровата горичка на мирот во Ерусалим од благодарниот еврејски народ

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4BA805F7D779664FB317EC6C4D04DC0C
Мрш стоко

Десетина илјади македонски евреи, вклучително и нивните деца, биле депортирани од тогашната бугарска фашистичка власт во нацистичкиот логор Треблинка. 99% од македонските евреи не ја избегнале смртта во Треблинка.

Спогодба меѓу фашистичките Германија и Бугарија за депортација на македонските евреи во германските логори на смртта

Sg5103.jpg

Бугарија пред Втората светска војна станува најверен сојузник на фашистичка Германија.Бугарскиот цар и Хитлер

bg-boris-hitler.jpg
 
што лупаш глупости?да било така лесно зарем ќе се дозволело толку луѓе да бидат однесени таму со една единствена цел-да бидат убиени?
прашањето е каков народ сте вие, штом можете така ладнокрвно да се здружите со најболниот ум што некогаш постоел и толку невини луѓе да испратите во смрт само за да ја задоволите неговата суета?
тоа треба да се запрашате, а не каде биле партизаните:nenene:
Па како успеха граганите и духовниците во Пловдив да спасат сите евреи от града,оттаму и во целата држава?Лесно им било на нив?

Има глупави луѓе, ама вие Бугарите убедливо водите на листата.
Очигледно е дека ако кукjaто ти падни,пак бугарите ке са виновна за тебе.
Во момента тренер на националниот тим по волеjбол е евреин,тоj доjде со годишна плата от 1$.Тоj сам посака да помогне на бугарите,както ние преди години помогнахме не наговиja народ да се спаси.
 
Па како успеха граганите и духовниците во Пловдив да спасат сите евреи от града,оттаму и во целата држава?Лесно им било на нив?

.
За кој Пловдив пишуваш , ти писмен си што пишува овде??????? Или не ти се чита.
Sg5103.jpg
 
Каде беа македонските партизани та не ги спасиа ?

евреин од Израел (25.09.2008 09:54:30)

Во 1943 г. евреите од Македониja се државјани на Кралство на СХС, а Бугарија спасува 48 000 нивни евреи и за тој чин има спомен одбележје во ловоровата горичка на мирот во Ерусалим од благодарниот еврејски народ

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4BA805F7D779664FB317EC6C4D04DC0C

Македонските евреи ги качивте на возови - вашите на бродови = епилог , пичкарски ко и секој пат ( ИЗИГРАВТЕ )

Па како успеха граганите и духовниците во Пловдив да спасат сите евреи от града,оттаму и во целата држава?Лесно им било на нив?

Очигледно е дека ако кукjaто ти падни,пак бугарите ке са виновна за тебе.
Во момента тренер на националниот тим по волеjбол е евреин,тоj доjде со годишна плата от 1$.Тоj сам посака да помогне на бугарите,както ние преди години помогнахме не наговиja народ да се спаси.

мил мој имате толку филмови за евреите правено , во никој не се споменати македонските евреи - не беа во склоп со вашите , оти , каде појдоа ? кој ги изгоре ????

немате одговори на овие прашања - зошто ????

затоа што тогашна МАКЕДОНИЈА е под бугарска окупација , вашите генерали добиваа значки , како ?
 
Македонските евреи ги качивте на возови - вашите на бродови = епилог , пичкарски ко и секој пат ( ИЗИГРАВТЕ )

мил мој имате толку филмови за евреите правено , во никој не се споменати македонските евреи - не беа во склоп со вашите , оти , каде појдоа ? кој ги изгоре ????

немате одговори на овие прашања - зошто ????

затоа што тогашна МАКЕДОНИЈА е под бугарска окупација , вашите генерали добиваа значки , како ?
Убаво е да разбереш статута на днешна МК по време на втората светска воjна,заштото нашата влада немаше силата да сопре да бидат изведени евреите от днешна МК,па успе и запази евреите от днешна БГ.Бугарската православна црква во овоj момент играе голема ролja.Каде беха вашите партизани,каде беше вашиот народ во секо едно село,секи един град?
Как секи един град тука се бори за евреите си и ги запази,па вие не можевте.Зашто?
 
Абе слепец,зборот окупатор ти значи нешто или со сила луд се правиш?
Кој ве окупирал вас па да се лупате толку у гради,ебате тоа пловдивот.
Вие сте биле окупатор тука,вие ги имате депортирано а за да не го јадете после од Мосад вашите ги имате скриено.
Типично,лижење на сите страни,кој и да победи вие сте го земале квалитетно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom