Откриена изгубената престолнина Пелагонија

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
И која беше соочена со 300% инфлација, ембарго од Грција, ембарго спрема Србија, и со буџет мноооогу помал од 2,5 милијарди евра, па така да тогаш некој мислеше како да ја оформи армијата, полицијата институциите на системот, надворешна политика.....и уште многу многу други работи кои беа на дневен ред пред археологијата.
И то:toe:.
како помогна кировото ние сме словени од 6 век??? како помогна сина птица и апсењето на стотици македонци????:kesa:

археологијата е само потврда на фактите, остави ја на страна
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
realen_07, таман работа ако се убедуваме дека владата од пред 15 години, само кога би имала време и простор, би работела на тоа да се докаже поврзаноста со Античка Македонија.
И малите деца знаат што рече Киро, а и во што веруваат од таа партија. Си ги одбрале дечките Карпатите и Хеј Словени, пошто Тито said so, и готово. Нивен избор.

Ама тоа е тотално неважно сега. Затоа што имаме откритие кое е значајно за секој Македонец. Работава е бајаги над партиска. И не знам како може, а да не радува некого.
Само да се продолжи со ова темпо и ако се финансира соодветно.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
И која беше соочена со 300% инфлација, ембарго од Грција, ембарго спрема Србија, и со буџет мноооогу помал од 2,5 милијарди евра, па така да тогаш некој мислеше како да ја оформи армијата, полицијата институциите на системот, надворешна политика.....и уште многу многу други работи кои беа на дневен ред пред археологијата.
И то:toe:.
Исто како и кроење на приватни бизнис планови како да се искористи ембаргото, затоа што таква шанса - еднаш во живот се раѓа. :toe:

Океј, тоа на страна. Позната е изјавата на Кироко.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ada

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
123
И која беше соочена со 300% инфлација, ембарго од Грција, ембарго спрема Србија, и со буџет мноооогу помал од 2,5 милијарди евра, па така да тогаш некој мислеше како да ја оформи армијата, полицијата институциите на системот, надворешна политика.....и уште многу многу други работи кои беа на дневен ред пред археологијата.
И то:toe:.
mесто да се колнат на верност во бившата , можеа да копнат , коако ги ископаа струмичките села ??? или тоа беше од рекреација - сега ќе кажеш дека тие ја формираа државата ?? ( кир40 бране компанија ? )

кога се сака се се може :toe:
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10
Се потврдуваат тезите дека кај локалитетот Бонче можно е да се наоѓа четвртата изгубена македонска престолнина, градот Пелагонија. Со најновите годинешни открија, под раководство на професорот Виктор Лилчиќ, целосно е откриена гробницата која е единствена од ваков тип на Балканот.Слична има само во Пела во Грција.
Според начинот на градење и според монументалноста на самата гробница може да претпоставиме дека во оваа гробница е погребан некој пелагониски крал, за жал за кого не знаеме се уште кој е“, изјави д-р Антонио Јакимоски, раководител на Археолошките ископувања.
Оваа гробница потекнува од четвртиот век п.н.е. кога и постоело Кралството на Пелагонците. Се претпоставува дека е ограбена уште во антиката.
„Ова е единствената гробница во Македонија и пошироко и меѓу ретките објекти од четвртиот век п.н.е.“, вели Јакимоски.
Гробницата се наоѓа веднаш под врвот Висока каде се претпоставува дека се наоѓал градот. Откривањето на градот Пелагонија на овие простори би било од огромно значење за Македонија затоа што другите три старо антички престолнини Пела, Амфиполис и Тесалоника се наоѓаат на територија на денешна Грција.
За жал, оваа година државата не оддели средства за да се истражува и на врвот Висока. По овој град археолозите трагаат повеќе од 150 години.
Тука пред две години беа откриени и три штитови со Сонцето од Вергина на кралот Деметриј. Кога ќе се реставрираат, за прв во светот ќе се добие како изгледал штитот на Македонската фаланга .
абе не треба темава де е во историја ?#$%? И јес да гледам политичка димензија добива дискусијава :nenene:
Не дај боже да слушнат оние лешинари што за пет пари и мајка би си продале т.н. диви копчи, зошто одма ќе тргнат со мотики злато да бараат
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
^Верувам дека овојпат, локалитетот ќе биде соодветно обезбеден.

A, реален, ако не се сеќаваш на изјавата на Киро од '92., може да си ја најдеш на youtube и да видиш како грците и бугарите веднаш ја искористија за да си ги поткрепат лажгите.

Настрана тоа, еве еден охрабрувачки текст:
Каков викенд! Во еден ден во Конче е откриена шестата античка ритуална кочија, а на Виничко кале се новоископани теракотни икони, кои за разлика од оние со христијански мотиви, откриени во 1985 година, сега првпат имаат историски мотиви и претстави на настани од секојдневниот живот.

А уште не сме ја откриле ни намената за која служеле претходно најдените теракотни релјефи.

А уште не се целосно реставрирани ни претходните пет антички кочии.

Многу истражувања низ Македонија, многу наоди - тоа е логичната причинско-последователна врска меѓу вложените пари и откриените резултати во последнава година на видлива финансиска поддршка од државата за археологијата.

- Уште колку наоди ќе има! Допрва ќе излегуваат на површина - убеден е Паско Кузман, директор на Управата за заштита на спомениците на културата.

Последниве 50-тина години археолозите немале толку работа. Низ целата земја се ископува. Во октомври ќе продолжат истражувањата на Скопското кале, а речиси воопшто и не запреле истражувањата на Плаошник, каде што и понатаму работи 483-члена екипа.

- Па, јас сум речиси половина век во оваа професија и досега немам видено толкав интензитет на археолошки истражувања - вели пензионираниот археолог проф. Иван Микулчиќ.

Минатата година Микулчиќ учествуваше на ископувањата на Плаошник, а сега во мирот на своите пензионерски денови со задоволство слуша за тековната археолошка офанзива.

- Фала богу што се работи. Има екипи на многу локалитети, има ископувања од секој период, се радувам што се прави напор да се надмине стагнацијата низ која минуваше археологијата во изминатите години - вели Микулчиќ.

Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, кому му се припишува вака разбудениот интерес на Владата за археологијата, е задоволен од климата на поддршка и разбирање за оваа дејност.

- Со ребалансот на буџетот се доделија уште 40 милиони денари за археологијата, при чија распределба се водеше сметка најмногу да се вложи во оние локалитети, кои се најнападнати од диви копачи - вели Кузман.
Анализата на распределените пари покажува дека особен фокус е ставен на истражувањето и конзервацијата на тврдините.

- Македонија има околу 400 тврдини, од кои само еден процент е истражен. Ги одбравме најзначајните од научна гледна точка и оние што можат да бидат продуктивни во туристичка смисла - вели Кузман.

Тетовското кале, кое речиси никогаш досега не било истражувано, со исклучок на неколку случајни наоди, се наоѓа среде интензивно истражување и конзервација.

- Тетовското кале се истражува од меѓународна екипа, во која има и археолози од Албанија и од Косово. Калето располага со ходници, сараи, трпезарија со сводови, кои се многу зачувани и паралелно со истражувањето и се конзервираат - вели Кузман за оваа тврдина од доцниот среден век.

Целосно истражување и реконструирање ги чека и тврдините во Струмица, Виница, Штип, Кожле, Таор...
Со богато историско и цивилизациско минато во сите историски периоди, почнувајќи од неолитот, Македонија е, како што тврдат многумина експерти, археолошко Елдорадо, чие истражување, како никогаш досега, има ваква владина поддршка .
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
^Абе многу ствари требаше да бидат почнати пред 15 години...Работата е да почнат некогаш, сеедно кога.

Инаку, ме интересира, кога се случувало ова со пљачкашите?

Ним не им е важна историската вредност, само парите. А понатамошните истражувања на локалитетот треба да покажат за кој од двајцата македонски кралеви се работи, за Деметриј I или Деметриј II.Има многу проблеми со дивите копања, локалитетите не се оградени, нема табла, и како на судијата ќе му докажете дека, како што имавме случај и во Прилеп дека див копач со фотографиран булдожер на лице место, не бара вреден археолошки материјал, туку копа бунар? Имаме проблем со законот за заштита на културното наследство, со неговата примена во пракса и тоа се гледа. Редно е нешто да се превземе“ -вели археологот Душко Темелковски од Заводот за заштита и Музеј од Прилеп, кој минатата недела ја разбранува јавноста , информирајќи дека двајцата негови колеги археолози, ги откупиле вредните наоди.
Еве како изгледа Македонската Пирамида,мислите ли дека е само една?:
http://files.myopera.com/flebur/albums/378887/Picture 028.jpg
Копнуваш,и ја најдуваш МАКЕДОНИЈА,не мора да одиш дури до Пакистан,дојди во Мариово:
http://files.myopera.com/flebur/albums/378887/Picture 043.jpg
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
141
Поени од реакции
0


Еве ви една слика од близина на локација на Пелагонија.
Кој ја читал ТАЈНАТА НА БАКАРНАТА КНИГА знае за што се работи!
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192


Еве ви една слика од близина на локација на Пелагонија.
Кој ја читал ТАЈНАТА НА БАКАРНАТА КНИГА знае за што се работи!
Чекај бе,не се стасани до таа лекција ебаго.:smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Зборете бе луѓе.
Кажете за што се работи.
Озбилно.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Зборете бе луѓе.
Кажете за што се работи.
Озбилно.
Се работи за намерно прикривање на Македонската историја која ја има толку многу овде во Македонија,па некој намерно или случајно го одвлекува вниманието на светската јавност во друга насока,таму некаде далеку во Азија,со единствена цел да се истреби и последниот камен,последната паричка,последната стомна,последниот гроб,кој се неми но единствени сведоци на Античка Македонија,од која името треба да ни остане како наследство во континуитет со векови.Токму за таа цел се организираат футуристички патувања на Хунзи или Калаши,се бараат кочии од Римско време,се одкопуваат Турски тврдини,но некако слабо или скоро никако не сака да се чепне токму таму каде што треба во срцето на Македонија,каде сеуште нема допрено раката на оние кој посакуваат да не нема,каде сеуште нема откриени артефакти и препродадени на Грци,каде сеуште не се пронајдени за да се препродадат вистинските вредности од историјата кој само немо и без преседан,практично неоспорно ќе го потврдат континуитетот на нашето милениумско име.Знаеш ли каква сензација ќе предизвикаше една ваква пирамида доколку се откриеше во Франција на пример?Самоиловата Тврдина е апсолутна нула споредена вредносно со оваа гробница и овој локалитет за Македонија,само јас ли треба тоа да му го докажам на Паско,на Гвујо,на Бранко или било кој друг политичар што нема воопшто изградено позиција дали сакаме да останеме Македонија или ќе бидеме нешто друго.Знаеш ли дека Грците се во можност оваа гробница за три дена да ја преселат во Грција,комплет целиот врв,со се што планината крие во себе.:toe:
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
Секоја чест што на големо се ископува!!!! :vozbud:

Ајде, конечно да добиеме потврда за нашето античко минато. Да се знае дека сме Македонци од дамнина па до денес, непрестанато.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Во куќите на двајцата браќа диви копачи полицијата пронашла 70 вредни предмети од хеленистичко-римскиот период кои датираат од 3 век пред новата ера до 3 век од новата ера.
Археолошките предмети потекнуваат од локалитетот Исар Марвинци, каде живееле и браќата диви копачи. Меѓу предметите се наоѓаат и копче со мотив на лав, фрагменти од килибар и 11 монети кои на странските црни пазари и аукции достигнуваат цена до 5.000 евра.
Запленетите предмети се на стручно вештачење во Управата за заштита на културното наследство, а против двајцата осомничени ќе бидат покренати кривични пријави. Тие веќе имале четири кривични за истото дело, а едниот брат бил и во затвор.
Во последните три месеци тие не ископувале, туку барале купувачи за нелегално пронајдените предмети.
Сите граѓани кои имаат било какви сознанија за диво ископување или продавање на културно-историското наследство, да дојдат и да пријават во полиција. Да ги преземеме сите мерки и активности во функција на заштита на културно-историското наследство“, изјави Гордана јанкуловска, министер за внатрешни работи.
МВР и Управата за културно наследство имаат сознанија дека огромен дел од диво ископаните археолошки предмети се продава на грчки државјани и на странски аукции
„Да се запре одлевањето на материјални докази за историјата на Македонија и да се заштитат и презентираат овие археолошки локалитети, пред европската и светската јавност, како туристички дестинации“, вели Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.
Министерството за култура годинава финансира ископувања на рекорден број од 16 локалитети во земјава.

http://www.a1.com.mk/vesti/kategorija.aspx?KatID=2
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Чекај,нели на оваа локација се снимаше филмот Прашина

Имаше делови од филмот,само гробовите на Маркови Кули и на Селечка,издлабени во камен,се одамна испразнети а остануваат неми сведоци за постоењето на цивилизација на овие простори далеку,далеку,пред Александар кога цивилизираниот свет сеуште не ги имал ни замислено а па камо ли изградено разните “Стонхенџовци“ по денес познатиот културен свет.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom