Откриена изгубената престолнина Пелагонија

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Се потврдуваат тезите дека кај локалитетот Бонче можно е да се наоѓа четвртата изгубена македонска престолнина, градот Пелагонија. Со најновите годинешни открија, под раководство на професорот Виктор Лилчиќ, целосно е откриена гробницата која е единствена од ваков тип на Балканот.Слична има само во Пела во Грција.
Според начинот на градење и според монументалноста на самата гробница може да претпоставиме дека во оваа гробница е погребан некој пелагониски крал, за жал за кого не знаеме се уште кој е“, изјави д-р Антонио Јакимоски, раководител на Археолошките ископувања.
Оваа гробница потекнува од четвртиот век п.н.е. кога и постоело Кралството на Пелагонците. Се претпоставува дека е ограбена уште во антиката.
„Ова е единствената гробница во Македонија и пошироко и меѓу ретките објекти од четвртиот век п.н.е.“, вели Јакимоски.
Гробницата се наоѓа веднаш под врвот Висока каде се претпоставува дека се наоѓал градот. Откривањето на градот Пелагонија на овие простори би било од огромно значење за Македонија затоа што другите три старо антички престолнини Пела, Амфиполис и Тесалоника се наоѓаат на територија на денешна Грција.
За жал, оваа година државата не оддели средства за да се истражува и на врвот Висока. По овој град археолозите трагаат повеќе од 150 години.
Тука пред две години беа откриени и три штитови со Сонцето од Вергина на кралот Деметриј. Кога ќе се реставрираат, за прв во светот ќе се добие како изгледал штитот на Македонската фаланга .
 
H

HITCH

Гостин
WOW конечно ја пронајдоа. Лилчиќ и на предавања многу време зборуваше за тоа. Мислам дека треба да побараат средства ќе им бидат одобрени
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Интересно зошто го имам поминато многу пати овој терен како дете посебно врвот на Висока од едната страна е Крушевица,а од другата е Бонче.

Ада ајде уште информации за градот Пелагонија , Висока е на многу интересна местоположба,обилува со чисти извори на вода и со обработливи површини во подножјето ако немало некој поголеми тектонски порематувања за овие 25 века би била на идеална позиција за таков тип на град(лесно да се заштити од непријателите и има обработливи површини)
 
Член од
18 септември 2007
Мислења
2.547
Поени од реакции
33
Одлично! Треба да се одделат пари за ваков проект. Се надевам брзо ќе се реагира.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.114
Поени од реакции
22
Ova e samo pocetok vreme e dase razbudat makedoncite ,60 god bea zaspani.:smir: Komunizmot smrt, grobar na Makedonija i Makedoncite.
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.691
Поени од реакции
879
Значи конечно се потврди дека локалитетот кај Бонче е престолнината на Пелагонија...одамна имаше шпекулации дали овај локалитет е легендарната Пелагонија..Фала Богу конечно се потврди дека е...ај да видиме дали и колку пари ќе одвои државава за понатамошни ископувања и истражувања на овој локалитет
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Тука пред две години беа откриени и три штитови со Сонцето од Вергина на кралот Деметриј. Кога ќе се реставрираат, за прв во светот ќе се добие како изгледал штитот на Македонската фаланга .
Што е тоа Вергина?

Да не мислел на Кутлеш :smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Што е тоа Вергина?

Да не мислел на Кутлеш :smir:
Да :)
My bed:nesum:

Инаку баш ме интересира што на ова ќе речат сите оние мочковци, меѓу кои и т.н експерти и политичари, што ја негираат и и се потсмеваат на нашата поврзаност со Античка Македонија.

Патем, се надевам дека владата нема да штеди на ископувањата и понатамошните истражувања, како и на соодветното обезбедување на локалитетот. Сепак, се работи за нешто што е од исклучителна важност.

И да...АБЦ пред извесно време пекаше да се направат археолошки истражувања во Мариовскиот регион. Еве, сега почнаа. Среќен или пак имаш замерки?:)
 

Грмуш

Пичкмајчин
Член од
11 октомври 2007
Мислења
1.118
Поени од реакции
90
Супер е ова...Нека цркнат Грцине сеа...Ај ај сеа да бараме од ОН да дозволат копање кај нашите јужни кираџии па да се докаже дека и тоа било наше!:smir:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Да :)
My bed:nesum:

Инаку баш ме интересира што на ова ќе речат сите оние мочковци, меѓу кои и т.н експерти и политичари, што ја негираат и и се потсмеваат на нашата поврзаност со Античка Македонија.

Патем, се надевам дека владата нема да штеди на ископувањата и понатамошните истражувања, како и на соодветното обезбедување на локалитетот. Сепак, се работи за нешто што е од исклучителна важност.

И да...АБЦ пред извесно време пекаше да се направат археолошки истражувања во Мариовскиот регион. Еве, сега почнаа. Среќен или пак имаш замерки?:)
Истражувањата кај Бонче требаше да бидат започнати уште пред 15 години,за досега да имаме неповредиви аргументи и непобитни артефакти за Македонскиот континуитет.Токму затоа настојував сите археолошки испитувања,сите средства,да се усмерат во истражување на Мариово каде сеуште постојат неповредени докази за вистинската Античка Македонија.Инаку штитовите веќе одамна требаше да бидат реставрирани и публицирани во јавност.За тоа време додека археолозите го откопуваа Скопско Кале,пљачкашите со булдожери нагрнаа кон Бонче,случајно или намерно останува да видиме.:toe:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
^Абе многу ствари требаше да бидат почнати пред 15 години...Работата е да почнат некогаш, сеедно кога.

Инаку, ме интересира, кога се случувало ова со пљачкашите?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Истражувањата кај Бонче требаше да бидат започнати уште пред 15 години,за досега да имаме неповредиви аргументи и непобитни артефакти за Македонскиот континуитет.Токму затоа настојував сите археолошки испитувања,сите средства,да се усмерат во истражување на Мариово каде сеуште постојат неповредени докази за вистинската Античка Македонија.Инаку штитовите веќе одамна требаше да бидат реставрирани и публицирани во јавност.За тоа време додека археолозите го откопуваа Скопско Кале,пљачкашите со булдожери нагрнаа кон Бонче,случајно или намерно останува да видиме.:toe:
Пред 15 години имавме политичка елита која се колнеше во "Хеј Словени" и Карпатите, и - тоа е тоа. :toe:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Пред 15 години имавме политичка елита која се колнеше во "Хеј Словени" и Карпатите, и - тоа е тоа. :toe:
И која беше соочена со 300% инфлација, ембарго од Грција, ембарго спрема Србија, и со буџет мноооогу помал од 2,5 милијарди евра, па така да тогаш некој мислеше како да ја оформи армијата, полицијата институциите на системот, надворешна политика.....и уште многу многу други работи кои беа на дневен ред пред археологијата.
И то:toe:.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom