@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.113
Од Законот за јавна чистота
Со една недела метење улици, паркови, тротоари може да се отплатат 50 евра, колку што е предвидената казна за ситен комунален прекршок. Тоа значи дека казнетиот треба да работи осум дена по осум часа дневно за да и’ се оддолжи на државата. Пресметано е дека едночасовен ангажман ваква општокорисна работа чини 50 денари, односно 400 денари дневно. Или 3.200 денари ќе отплати за осум дена.
Казната од 50 евра ќе ја одработуваат оние што заработиле глоба за плукање, за фрлање гуми за џвакање, секнење нос, за уринирање на јавни места, фрлање догорчиња, колење кокошки, миење возила...
Ова е дел од суштината на Правилникот што го потпишаа министерот за правда, Михајло Маневски, и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, а произлегува од штотуку донесениот Закон за јавна чистота.
Покрај физичките лица, казна ќе одработуваат и правни лица.
За нив еден час општокорисна работа за чистење, метење и миење јавни површини и отворени простори на јавни објекти ќе чини 50 денари, а чистење снег 70 денари. Една од овие две работи ќе може да изберат вработените од правното лице што ќе биде казнето за непоставување садови за смет. Тоа значи дека глобата од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност ќе треба да се отплати со многу часови општокорисна работа. :salut: