Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
Јас мислам дека е веќе исцрпена темата и дека се користи само за билдање постови!
Дефинитивно.
Никој не докажуе ништо нарочно,па ни научно,туку најчесто веќе се постови у стилот:
-Немој да дувате бе,ќе се навлечете и ќе ви пропаднат фамилиите...
или спротивно на тоа:
-Дувајте бе,најубо е тоа.
Така да,ноу факинг поинт.
 
Садењето марихуана полека станува земјоделска гранка

Искуството на албанските одгледувачи на марихуана, увозот на семиња од Холандија и финансиската добивка се главните причини поради кои државава е засеана со канабис

treva-10.jpg
transparent.gif

Неколку стотини килограми запленети во Тетовско

Одгледувањето марихуана полека но сигурно станува нова земјоделска гранка во државава, а за тоа сведочат честите акции на МВР, во кои се откриваат насади со по неколку десетици до илјади стебла од ова растение. Вакви акции имаше во дворови од семејни куќи, ниви, викендички и на места скриени од очите на случајните минувачи. Марихуаната е плански садена и одгледувана за продажба, а многу ретко се случуваше да бидат откриени стебла од т.н. „дива марихуана“, која самата никнала без помош од човечка рака.

Садењето марихуана не е новина во Македонија, но пред неколку години тоа беа изолирани случаи и дрогата беше наменета за лична употреба, многу ретко за продажба. Ако тогаш важеше правилото дека марихуана се сади најмногу во источниот дел од земјата, сега тој примат го зедоа скопскиот, кумановскиот, тетовскиот и гостиварскиот крај, каде што во минатите неколку години беа откриени десетици плантажи наменети за задоволување на потребите на домашниот наркопазар.

Зголемената побарувачка на домашниот пазар, отворањето на европските пазари за дилерите од Албанија што со години ја снабдуваа државава со марихуана и зголемената цена, а со тоа и профит, отворија терен за производство на дрога.

Албанскиот бум!

Според МВР, ДЕА, Интерпол во последните десетина години одгледувањето марихуана доживеа експанзија во Албанија, каде што цели региони беа со насади, а оваа земја стана главен произведувач на оваа дрога во Европа. Плантажи со по неколку десетици илјади стебла марихуана имаше и на северот и на југот од земјава, чувани од приватни мини-армии. Како класичен пример може да се посочи селото Лазарат, во близината на градот Ѓирокастро, од каде што албанската полиција пресретнува пратки од по неколку стотини килограми исклучително квалитетен канабис. Официјалните процени на албанското МВР се дека годишните реколти на наркобосовите се по неколку десетици тони марихуана. Албанските наркобосови први се досетија да набават семки од квалитетна марихуана од Холандија.

Одгледувањето марихуана се пренесе и во Македонија. Криминалците што беа поврзани со албанските наркодилери што ја носеа дрогата во земјава и потоа преку својата дилерска мрежа ја растураа низ градовите одлучија сами да ја одгледуваат поради намалениот профит, кој се должеше на зголемената набавна, а истата продажна цена. Ако во 2000 година еден килограм чинеше 200 тогашни германски марки, во 2005 година чинеше 200 евра, а наредната година двојно. Од минатата година килограм марихуана чини и по 1.000 евра во зависност од квалитетот.

Охриѓанец, чиј идентитет од разбирливи причини нема да биде објавен, вели дека килограм марихуана купувал во Албанија и за 80 тогашни германски марки.

- Во 1998 година го купив првиот килограм марихуана од Албанија и го платив 80 марки. Го препродадов за 200. Ризикот беше минимален, бидејќи тогаш марихуаната беше табу и допрва ја откриваа. Со текот на времето цената растеше, но и побарувачката. Тогаш во игра се вмешаа луѓе со дебело криминално досие и ја презедоа набавката на дрога од Албанија, а потоа и целиот бизнис - раскажува Горан Н.

Домашен „сканк“


Системот на работа е ист како на нивните „колеги“ од Албанија. Тие исто така од Холандија набавуваат семиња со висок квалитет. Од нив се добива марихуана со извонредна јачина, позната како „сканк“.
- Семките ги купив од мојот контакт од Албанија. Половина евро за семка, што и не беше евтино. Расадот е во близината на Скопје, каде што секоја година садам околу илјада стебла марихуана. Тешко е да се забележи од воздух и речиси невозможно е да се открие освен ако не „падне“ некој од мојата екипа и ме каже - вели кондовецот Исен Б..

Тој вели дека знае барем уште десетина лица во тетовскиот и во кумановскиот крај што исто така имаат свои насади со марихуана од кои добро заработуваат.

- Полицијата ги открива оние насади што нам ни пречат во бизнисот, се надевам дека ме разбирате што сакам да ви објаснам - додава тој.

Според овој човек, марихуаната што тој ја одгледува не заостанува со ништо зад оние што може да се набават во кој било кофи-шоп во Холандија.

Петровец рекордер


Според информациите до кои дојде „Нова Македонија“, западниот дел од Македонија и скопскиот и кумановскиот крај се буквално преплавени со мали насади на кои има по стотина стебла марихуана. Овие насади се со квалитетни стебла и им припаѓаат на помали дилери, кои се обидуваат да заработат нешто од страна. Меѓутоа во последните две години МВР откри ниви на кои имаше насадено и по неколку илјади стебла. Во атарот на тетовското село Стримница беше откриена нива со 1.800 стебла марихуана, а беше откриен насад во близината на Арачиново со неколку стотини стебла високи и до два метра. Во атарот на гостиварското село Неготино полицијата откри нива со 4.000 стебла марихуана само десетина метри од автопатот Тетово - Гостивар. Кај Демир Капија, во клисурата на Вардар, велешката полиција откри нива со околу 300 стебла марихуана високи и по три метри. Во два-три наврати марихуана беше откриена и во пластеници затскриени од очите на случајните минувачи.

Најголемиот насад со марихуана беше откриен пред повеќе од десетина години во атарот на скопското село Петровец, каде што во близината на автопатот на нива полициските вештаци уништија над 100.000 стебла канабис. Сопственикот на нивата никогаш не беше пронајден. Покрај насадите, полицајците-оперативци пресретнаа неколку пратки од по десетици килограми марихуана од домашно потекло и со висок квалитет.

Одгледувањето и продажбата на марихуаната се вносен бизнис, а за тоа сведочи фактот што уличната цена на еден „кибрит“, во кој има меѓу 2 и 3 грама дрога, чини 500 денари, а малопродажните цени се движат меѓу 8 и 10 илјади денари за стотина грама до 1.000 евра за еден килограм.

Според официјалните податоци на МВР, во последните четири години било запленето тон и пол марихуана што требало да заврши на улиците. Најголем успех имаше во 2009 година, кога во рацете на полицијата завршија 702 килограми марихуана, од кои повеќе од 500 килограми беа запленети во една акција во тетовскиот крај.


Малку зависници

Ретки се случаите кога во Центарот за зависности во Кисела Вода или во психијатриската установа „Бардовци“ се пријавиле луѓе што побарале лекарска помош поради зависност од марихуана.
- Во последните неколку години имаме регистрирано неколку лица што дошле за да се лекуваат од зависноста од марихуана. Сепак станува збор за многу мал број - вели проф. д-р Лиле Китева.
Сепак марихуаната е далеку од безопасна дрога и често може да предизвика поголеми проблеми и зависности доколку се злоупотребува.

- Зависи од случај до случај. Битен фактор е возрасната граница. Доколку станува збор за малолетник или, пак, за младо лице, ризикот е многу поголем. Марихуаната може да предизвика психички или душевни растројства или, пак, лице да помине на друг вид дрога, но морам да напоменам дека тоа зависи од случај до случај - објаснува Китева.




Уличната цена на марихуаната во Македонија
2006 година 350 евра
2007 година 400 евра
2008 година 550 евра
2009 година 700 евра
2010 година 750 евра



ТУКА
 
Охриѓанец, чиј идентитет од разбирливи причини нема да биде објавен, вели дека килограм марихуана купувал во Албанија и за 80 тогашни германски марки.

-раскажува Горан Н.


ahahahhahha kolku se izmrdani i ovie hahahah ..
 
Е не, ќе садат домати, краставици, лубеници и едвај ќе ги продаваат. Вака барем може да се каже дека од земјоделие се живее. Шала на страна ама со целосна легализација, и производство во добри услови може да се сузбие криминалот што се прави од целата дрога и онака има луѓе кои користат дрога, таа била легална или не. Вака со легализацијата, барем тој што ќе се дрогира ќе користи квалитетна дрога, а не некоја мешавина од дрога, цименто, шеќер, брашно или што уште не.
 
ostaj .. da ne redeme pudri i glikozite koi gi stavat vo beloto ... daj neka prodavat barem kvalitetno zeleno i site da znaat sto konzumirat ... a ne vaka .....
 
Темава може да се спои со оваа http://forum.kajgana.com/showthread.php?1475

Мислам дека одличен потег ќе се направи доколку се легализира маригуаната, и потоа почне да се произведува за медицинска употреба.
Пред да почнете да ме напаѓате да кажам дека јас не смеам да конзумирам, од здравствени причини.

Инаку со легализацијата и туризмот ќе се развие. Охрид ќе стане попопуларен од гејлада :)
Има многу причини ЗА.
 
Охриѓанец, чиј идентитет од разбирливи причини нема да биде објавен, вели дека килограм марихуана купувал во Албанија и за 80 тогашни германски марки.

-раскажува Горан Н.


ahahahhahha kolku se izmrdani i ovie hahahah ..

А и кондовецот кој од разбирливи причини ќе остане анонимен... на што дрога се бе овие, кој им е дилер :tv:
 
имам пробано, и то денот ко пробав бев со температура, омалаксаност. 1 џоинт ми помогна, утредента ко подобар се осеќав, иначе само да кажам дека не се дрогирам не сум зависник:smir::helou:
 
Јас мислам дека треба да се легализира марихуаната во Македонија... пошто и онака тој што сака да пуши може на многу лесен начин да си набави, а и скоро сите знаеме дека цигарите се многу поштетни од марихуаната. Мислам стварно ми е глупо тоа што цигарите се легализирани, а марихуаната не е...

cannabis.jpg
 
Стари факти коишто поинформираните од нас ги знаат. Но добар дел и не знаат за различните и дааалеку поефективни начини на консумирање на Канабис билките (Сатива и Индика). Строго ви го препорачувам следново видео: ;)

 
Рак на мозок кај 2 годишно американско момче излечен благодарение на Марихуаната и нејзините лековити дејства, а не благодарение на убиствената хемотерапија и смртоносна радијација!!! Канабисот е еден од повеќето природни и ефективни лекови против канцерот, а на долното видео е само еден од многуте примери за неговата Божја благодетна дејност:


-"I've been consuming Cannabis since I was 16 years old (currently 61) I started college when I was 16 years old. I'm successful (Ph.D. in Molecular Biology & Biochemistry) & it hasn't impaired my reproductive capacity (fathered 4 healthy children, 2 were born when he was 55 & 57 years old)". - Dr. Melamede
-"Mobile phones (in pocket), heat shock proteins and (Testicular) cancer."
PMID: 11683499
 
Ако ја легализираат ќе се мрдне економијата едно скалило погоре. На крај краева барем во медицината нека ја пуштат, сигурно дека ќе влијае подобро од хемиите што го корнат желудникот и ќе има поефикасни резултати. Но, има едно големо НО. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom