Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Манчестер Јунајтед Шампиони не ни бега годинава тројна титула кај и да е....!!!!!!!!
Во недела се надевам дека ќе го скршиме мразот.. Ќе му шибниме 3-4 гола на сити клошарите. Ќе му се одмаздиме за лани :pop:
Па богами ако не им се одмаздиме, ќе ни избега тројната круна како што гледам. 8 бода сме зад Ливерпул и Челзи, ИАКО 1 натпревар помалку ( кој може секако да заврши ), значи да не рачунаме 3 бода од тој натпревар, треба да ја подобриме играта, за да се знае КОЈ Е ШАМПИОНОТ!.
AJDE AJDE NEMAJTE GAJLE,MANCHESTER UNITED CHAMPIONS I OVAA GODINA pozz za site RED DEVILS
Welcome to the Hell.
 
Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Па богами ако не им се одмаздиме, ќе ни избега тројната круна како што гледам. 8 бода сме зад Ливерпул и Челзи, ИАКО 1 натпревар помалку ( кој може секако да заврши ), значи да не рачунаме 3 бода од тој натпревар, треба да ја подобриме играта, за да се знае КОЈ Е ШАМПИОНОТ!.

Welcome to the Hell.
Абе види разликата во бодови сеуште не е голема. лани како што се сеќавам иако беше на почеток на сезоната Арсенал ни бегаше повеќе од 10 бода и пак ги стигнавме. Ние глеаме од друга перспектива на ова само нашите киксови ги калкулираме за нареден пат. Да дека не може сите да ги тепаме до крај, но истото се важи за челзи, ливерпул и другиве. И они ќе мора да кикснат, а нашиве ќе треба да си играат нормално да не бидат под притисок зошто така највеќе грешки се прават.
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Абе вие не се секирајте за бодовите!
Ако прикажеме добра игра, тие сами по себе ќе си дојдат!
Само да се надеваме дека Ферги знае како да го спреми тимот за в Сабота зашто Сити се покажаја многу незгодни на домашен терен!
 
манутд

24 is the number
Член од
20 октомври 2008
Мислења
482
Поени од реакции
13
AJDE AJDE NEMAJTE GAJLE,MANCHESTER UNITED CHAMPIONS I OVAA GODINA pozz za site RED DEVILS
Добродојде црвен ѓаволу.

Абе вие не се секирајте за бодовите!
Ако прикажеме добра игра, тие сами по себе ќе си дојдат!
Само да се надеваме дека Ферги знае како да го спреми тимот за в Сабота зашто Сити се покажаја многу незгодни на домашен терен!
Пртив Шити ке играме во недела.
Инаку ние ќе имаме два дена поголем одмор од нив бидејки Шити играат уефа куп вечерва.
 
N

navivacka

Гостин
Ај добредојде и од мене,секој ден ни се приклучуваат нови фанови на ШАМПИОНОТ и сите заедно го бодриме кон нови победи...а се знае кои се кралевите Манчестер Јунајтед...

Бербатов се врати на тренинзите

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Димитар Бербатов повторно започна со тренинзи но Алекс Фергусон сеуште незнае дали ќе може да смета на неговите услуги за градското дерби

Интернационалецот од Бугарија ги пропушти двата последни натпревари на Манчестер, поради повреда на тетивата зад коленото.
“Бербатов се врати на тренизите денеска.” – рече Алекс Фергусон. “Но со повредата на тетивата зад коленото треба да бидеме претпазливи.”

“Таа повреда не е наивна. Бербатов никогаш претходно немал ваква повреда. Ќе треба да процениме добро дали да го употребиме на неделниот натпревар или пак дали да биде само на клупата. Се зависи од тренинзите.”

Во тимот повторно ќе се врати и ветеранот Едвин ван дер Сар, а можно е и враќање на Гери Невил, но дуелот со Сити сигурно е прерана опција за Сколс.

“Му дадовме одмор на Едвин во вторникот и тој ќе игра во недела. Неговото искуство е важно во ваквите натпревари.”

“Гери Невил започна со тренинзите вчера, а Сколс можеби ќе биде инволвиран следната недела, но дефинитивно не оваа недела.”
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.622
Поени од реакции
11.171

Подобро да се врати уште во недела, бидејќи од кога тој се повреди, некако играта ни падна. :toe:
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
946
Поени од реакции
21
Руни се извини што симулирал пенал

Тренерот на Манчестер Јунајтед,Алкес Фергусон,изјави дека напаѓачот на тимот,Вејн Руни им се извинил на своите соиграчи и навивачи за симулирањето прекршок во шеснаесетнокот на Виљареал на завчерашниот меч.
,,Руни дојде, се извини и ми рече дека немал намера да исценира прекршок.Мислам дека премногу го гледаше Пирес,па мислеше дека и тој може. Руни барем им се извини на играчите, а Пирес тоа не би го направил никогаш'', изјавил Ферги
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.622
Поени од реакции
11.171
Руни: Ние сме Кралевите од Манчестер

Вејн Руни веќе ја вжештува атмосферата во пресрет на неделното градско дерби со Сити велејќи дека Јунајтед се правите Кралеви од Манчестер.

“Ќе биде убавао да им покажеме кои се правите Кралеви од Манчестер.” – рече Руни. “Не не иритира тоа што Сити сега добива голем публицитет.” “Доколку тие освојуваа трофеи тоа навистина ќе ме иритираше, но се додека тие се во средниот дел од табелата, навистина не ми пречи.”
“На фановите им должиме победа на дерби натпреварарот иако лани освоивме два трофеи.”
“Тоа што ги загубивме двата градсеки дерби дуели беше екстремно разочарувачки.”
“Натпреварот во недела ќе биде многу значаен за играчите, за фановите и за клубот особено по она што се случи со Сити по доаѓањето на нови сопственици.”
Сити ги исполни насловните страни на медиумите по драматичното превземање на клубот од страна на Шеикот Менсур во август.
Со тоа тие веднаш станаа најбогаиот клуб во светото и го срушија Британскиот трансфер рекорд со ангажманот на Робињо вреден 32,5 милиони фунти.
Но во новата сезона Сити се мачи со формата и се наоѓа на 11то место или само четри бода над зоната за испаѓање.
Победата над Арсенал од минатото коло го намали притисокот врз Хјуз и трета победа во низа над градскиот ривал ќе им овозможи на фановите да сонуваат за настап во Лигата на Шампионите.
“Парите кои ги има Сити се добри за првенството. Веќе неколку години ’топ четворката’ вообичаено се одлепуваше од другите. Сите сакаат повеќе кокуренција.”
“Доколку се случи десет екипи да се борат за едно место тогаш првенството ќе биде многу поинтересно.”
“Нема да ми пречи доколку Сити биде предизвикувач за врвот бидејќи сакаме повеќе конкуренција.”
“Но никогаш не се знае дали Сити навистина ќе може да влезе во топ четри и да ги расипе сметките на другите екипи.”

:vozbud::vozbud:
 
N

navivacka

Гостин
Подобро да се врати уште во недела, бидејќи од кога тој се повреди, некако играта ни падна. :toe:
Да така е најдобро ама не на сметка пак на Тевез мислам дека треба Руни треба да почне од клупата и да се научи на памет малку...и секако Невил да не игра да нема кој да прави киксови.
 
pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
не е баш на време идејава, ама предлагам [Iако][/I] влеземе у финале ЛШ сите што сме од фан клубов безразлика од кој град да се собереме и на едно место заедно да ја гледаме утакмицата...:):toe:
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Dobra ideja... Koj e od Kumanovo neka pise, moze da se dogovorime nekako... A ona Runi da ne igra, ne mi se dopagja, zasto toj ima najgolema zelba i ima da gi napolniiiiiiiii
Ќе биде убавао да им покажеме кои се правите Кралеви од Манчестер
to majstoreeeeeeeeeeee:)
 
Со оглед на тоа дека Руни одамна го очекува 100 погодок во дресот на Манчестер заради возбуда испушта многу шанси да го постигне тој гол и во последно време или ми се чини или е стварно така дека е многу нервозен како Роналдо во некои случаеви и може лесно да заработи црвен картон...

Ферги: Сити сеуште не се закана

Алекс Фергусон вели дека не е загрижен поради можноста на Сити да се расфрла со многу пари

Сити се подготвува повторно да ги покаже финасиските мускули во јануари откако во последниот ден од летниот траснфер период го срушија Британскиот трансфер рекорд со ангажманот на Робињо.
“Каде се тие (Сити) во моментов?” – рече Фергусон.

“По нас закана се само Челзи и Ливерпул, кои се над нас на табелата. Парите се за во иднина. Марк Хјуз мора да одличи како ќе го обликува тимот. Но во овој момент тоа не е случај.”

Богатството на Сити и тоа како може да го направи клубот закана за сите останата, но само доколку Хјуз успее да го привлече правилниот калибар на играчи.

“Клубот добро одговара на предизвици. Моравме да го прифатиме тоа и да промениме нешто кога Челзи доби нов сопственик, во спротивно засекогаш ќе бевме втори.”

“Но ние имаме две титули во првенството во низа.”
 
GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.622
Поени од реакции
11.171
Треба да го дочека 100тиот гол преку некој пенал (не надевам дека и тој нема да го утне).

Инаку, не сме кралеви само во Манчестер, туку и во Англија. :)
 
G

Gray Foxx

Гостин
Ај белки ке тепаме, оти воа не ја бива веќе. Премногу поени се продадоа за едно лепиње. :)
А Руни џабе крека, коа знаеме дека ништо нема да направи во Недела. Куче што лае не каса.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom