Роналдо и Јунајтед ги започнува преговите за нов договор
Англиските медиуми пренесуваат дека екипата на Манчестер Јунајтед ги започнала преговорите со Роналдо за нов договор, но играчот ќе добие покачување на платата доколку покаже дека е верен на клубот
Скоро сите англиски медиуми пренесоа дека агентот на Португалецот е пристигнат во Англија на преговори со управата на Манчестер Јуанјтед. The Sun вели дека агентот на Роналдо, Жорге Мендес вчера се сретнал со директорите на Јунајтед и дискутирале за евенуталниот нов договор.
Весникот вели дека управата на Црвените Ѓаволи е подготвена да му го продолжи договорот на Роналдо, но само доколку португалецот покаже дека е верен кон клубот и го заборваи сонот за преселба во Реал Мадрид.
The Mirror додава дека Жорге Мендез посакува драматичен пораст на платата или нов договор од 170 000 фунти неделно, што е 40% повеќе од оној кој Роналдо го потпиша во април 2007.
Јунајтед е свесен од заканата на Реал Мадрид иако шпанскиот клуб јавно најави дека повќе нема да се обидува да го доведе Роналдо во своите редови, а и веќе го ангажираа 16 годишниот Алипио Дуарте Брандао.
Исто така постои опасност во 2010 Роналдо може да го искористи и членот 17 од правилникот на ФИФА и да си го откупи договорот за сума од околу 12 милиони фунти.
И еве едно видео од легендата на Јунајтед, Енди "ГОЛ" Кол. Уживајте:smir: