Фергусон: За поразите виновен распоредот во првенството
http://www.netpress.com.mk/sport/vestiimages/1482/A.Ferguson.jpg За менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, повторно се виновни сите други освен тој и неговиот тим. Овој пат изборот паднал на распоредот на натпревари.
Легендарниот менаџер не сака никому да признае дека е подобар, па така ниту на Арсенал, кој во саботата ги победи на Емирати. Иако двете екипи покажаа врвна игра, големо ниво на борбеност и безброј шанси за погодок, “децата“ на Арсенал ја победија моќната машина на Фергусон.
Но, Алекс ја пронајде причината за губењето на бодовите на гостувањата во Премиерлигата. Од шест натпревари победија само на две, а исто толку имаат порази и нерешени резултати.
Менаџерот на Манчестер причината за лошата форма ја гледа во гостувањата по секој натпревар во Европа.
“Велат дека е лигата праведна, но не е. Секој натпревар по средбите во Лигата на шампионите го играме во гости. Сите против кои игравме во гости во минатата сезона беа во првите 10 екипи од Премиерлигата, а тоа сигурно не е лесно. Но ако успееме да останеме меѓу првите неколку тимови да вториот дел од сезоната, ќе имаме големи шанси за освојување на првенството“, рекол Фергусон.
Се осврнал и на натпреварот против Арсенал, кој “црвените ѓаволи“ несреќно го загубија.
“Ако може нешто да не утеши, тогаш тоа е фактот дека игравме фантастичен фудбал. Имавме подобри шанси и можевме да постигнеме четири, пет па дури и шест голови. Но морате да ги постигнете што порано и тоа нас не чинеше пораз“, завршил Фергусон.