Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Роналдо: Јас сум во вистинскиот клуб и сакам уште трофеи

Португалскиот интернационалец, Кристијано Роналдо вели дека се наоѓа во вистинскиот клуб и посакува да освои уште многу трофеи со Манчестер Јунајтед.

Роналдо ова лето беше мета на Кралскиот Клуб и се најде во една долга трансфер сага откако призна дека посакува да се пресели на Сантијаго Бернабе.

Кога конечно потврди дека ќе остане на Олд Трафорд, Роналдо ја откри причината за своите изјави, и рече дека освојувањето на Лигата на Шампионите и Премиер Лигата со Јунајтед го натерале да побара друг предизвик.

Сепак 23 годишниот, Португалец сега има поставено други цели и вели дека Манчестер Јунајтед е правиот клуб за него.

“Јас сум амбициозна личност, не само во фудбалот туку и во нормалниот живот.” – рече Роналдо за MUTV.

“Имам можност да бидам уште подобар од тоа што сум сега и јас секогаш сум желен за подобрување на мојата игра.”

“Сеуште сум млад и имам освоено неколку трофеи до сега.”

“Но тоа не е доволно. Јас сакам уште триумфи. Се наоѓам во правиот клуб и играм со вистинските играчи.”

Роналдо минатата сезона постигна инзворедни 42 погодока во сите натпреварувања и е свесен дека оваа година тешко ќе може да го повтори тој успех.

Против ВБА тој го постигна четвртиот погодок оваа сезона и крилото на Јунајтед се надева на уште многу голови.

“Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам уште погодоци. Ќе биде тешко да се повтори ланскиот успех од 42 погодока, но јас верувам во себа, во моите колеги и Манчестер Јунајтед.”

“Ќе биде тешко но јас тренирам на истиот начин и останав истата личност.”

“Сега се чуствувам подобро и ова е предизвик за мене.”
Уште од завчера е ова односно вчера сабајлето.
 
N

navivacka

Гостин
Абе што има врска од кога е важно тој си напишал..Ако си стое на зборот Роналдо мило ми е што мисли така:vozbud:
 
Член од
6 август 2008
Мислења
35
Поени од реакции
0
еј поссебон се враќа од повредата и вечер ќе игра за резервите па ако има некој линк нека пастира да гледаме резервите малце!!
 

Vlatko_100

DUKE
Член од
21 јануари 2008
Мислења
648
Поени од реакции
20
Ех како ве читам и се потсеќам како некои од вас тврдеа дека немал да се снајде Димче во Манчестер, и како ве убедував дека чим Ферги толку го сака има некоја причина и знае стариот што може да извлече од него и како да го користи. И пак после два натпревари плукавте по него како не го бивало и слично а сега го величате. Да ве потсетам не е само ако се даваат голови добар играч следете ја неговата игра движење на теренот и дадените задачи дали ги испонува.
Еве во последните натпревари Ферги примети дека Руни е во форма и го користи тоа и затоа го игра како прв напаѓач а Димче како втор за повеќе да учествува во креирање на акциите.
Мене лично ме изненади што иако е неполни два месеци кај нас успеа да создаде едно прекрасно партнерство со Руни и го потисна фантастичниот Тевез на клупа. Дури и преку говорот на телото на Роналдо може да се забележи љубомора како тоа не се врти целата игра околу него како не е он главна фаца како лани и дека сега Јунајтед има нов херој, ќе може да се забележи колку е добар Димче.
Но, добро сепак добро е што почнавте да имате доверба во Димче, не е после секој натпревар да се величи или плука некој, секој има свои подеми и падови и затоа не треба за еден лош натпревар да почнете па после да го плукате.

Но ај сега да понудам едни интересни фотки

Прегледај го приврзокот 8318

Прегледај го приврзокот 8319

Прегледај го приврзокот 8320

Прегледај го приврзокот 8321

ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА 10+7=17

Прегледај го приврзокот 8322
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Никој не рече ништо за Џони сношти...Но Еванс повторно изигра една маестрална партија речиси без ниедна грешка...Супер игра прикажива момчето,Рио е ЦАР тоа го знаеме сите но и да не игра тој јас мислам дека Евертов ќе биде прегазен.:helou:
 
N

navivacka

Гостин
Е зашто да има љубомора во Роналдо не ми е јасно...па и тој си кажа самиот дека нема шанси да му се повтори ланската сезона...Добар е сега за сега,се врати многу брзо од повресата,и не беше баш тогаш предвидено дека ке се врати.Свака му част на Руни ама Роналдо ке се врати кога тогас во неговата препознатлива форма...Заслужува барем еден натпревар одмор...Што се работи до Еванс навистина покажа добра игра и дека наскоро ке се избори за стартните 11,за оваа сезона не знам ама за идната можеби...Евертон нека му ја мисли
 

BoR4e

Manchester United
Член од
28 февруари 2008
Мислења
2.384
Поени од реакции
36
ферги знае кога да го пушти еванс ... он ке игре и таа сезона ама не секој натпревар а од другата ке добива повеке минутажа
 

манутд

24 is the number
Член од
20 октомври 2008
Мислења
482
Поени од реакции
13
Па пишува дека се враќаат на Гудисон парк, и тоа сигурно.
Тоа е добро бидејки многу сум сигурен дека Евертон ќе биде посериозен противник отколку Селтик иако се во криза Евертон.
На овој натпревар би требало за прв пат да настапи Саха против нас.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Е зашто да има љубомора во Роналдо не ми е јасно...па и тој си кажа самиот дека нема шанси да му се повтори ланската сезона...Добар е сега за сега,се врати многу брзо од повресата,и не беше баш тогаш предвидено дека ке се врати.Свака му част на Руни ама Роналдо ке се врати кога тогас во неговата препознатлива форма...Заслужува барем еден натпревар одмор...Што се работи до Еванс навистина покажа добра игра и дека наскоро ке се избори за стартните 11,за оваа сезона не знам ама за идната можеби...Евертон нека му ја мисли
До сега Еванс стално се снаоѓал на теренот кога ќе добие шанса, било да е во почетен состав или влегил од клупа.
За него има светла иднина во Јунајтед:smir:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
До сега Еванс стално се снаоѓал на теренот кога ќе добие шанса, било да е во почетен состав или влегил од клупа.
За него има светла иднина во Јунајтед:smir:
И вечна... типот му должи на манчестер многу, посебно на Ферги кој го извади од кашата после скандалот со силувањето :)
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
И вечна... типот му должи на манчестер многу, посебно на Ферги кој го извади од кашата после скандалот со силувањето :)
Кога дојде муабет за тоа сега да те прашам:pos2::pos2:Ферги уште им има забрането да се собриаат по забави?:kesa::pipi:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Кога дојде муабет за тоа сега да те прашам:pos2::pos2:Ферги уште им има забрането да се собриаат по забави?:kesa::pipi:
И тие па бетер од деца.Еднаш ги пуштил Ферги да се позабавуваат и одма бељи прават:pos2:
 
N

navivacka

Гостин
Толку ли сте сигурни дека Еванс имал врска со силувањето?не велам дека не е силувал а можеби и е,тој си знае,само да не испадне како со случајот со Кристиано Роналдо од пред неколку години дека силувал некоја па потоа испадна дека таа што го велела тоа сакала само да извлече пари од него
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Не успеав да ви честитам победа. Ги гледав само головите, ама сепак гледав хајлајтс и видов прекрасна игра на сите играчи. Само едно не ни оди во прилог. Бербатов некако ми гледа како Инзаги, стои пред голот и топката на него наидува, и дава голови, а тоа најмалку ми се свиѓа. Треба Ферги да го повлече малце назад, за да може да учествува во поголем број од акциите. Не велам дека не учествува, ама сепак не треба да изгледа онака играта на Манчестер. Сепак англиски тим сме, не сме италијански, лежерни голови да постигнуваме. Незнам дали се слагате со мене, ама тоа е моето мислење.

П.С. Влатко, вака подобро изгледа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom