Роналдо: Јас сум во вистинскиот клуб и сакам уште трофеи
Португалскиот интернационалец, Кристијано Роналдо вели дека се наоѓа во вистинскиот клуб и посакува да освои уште многу трофеи со Манчестер Јунајтед.
Роналдо ова лето беше мета на Кралскиот Клуб и се најде во една долга трансфер сага откако призна дека посакува да се пресели на Сантијаго Бернабе.
Кога конечно потврди дека ќе остане на Олд Трафорд, Роналдо ја откри причината за своите изјави, и рече дека освојувањето на Лигата на Шампионите и Премиер Лигата со Јунајтед го натерале да побара друг предизвик.
Сепак 23 годишниот, Португалец сега има поставено други цели и вели дека Манчестер Јунајтед е правиот клуб за него.
“Јас сум амбициозна личност, не само во фудбалот туку и во нормалниот живот.” – рече Роналдо за MUTV.
“Имам можност да бидам уште подобар од тоа што сум сега и јас секогаш сум желен за подобрување на мојата игра.”
“Сеуште сум млад и имам освоено неколку трофеи до сега.”
“Но тоа не е доволно. Јас сакам уште триумфи. Се наоѓам во правиот клуб и играм со вистинските играчи.”
Роналдо минатата сезона постигна инзворедни 42 погодока во сите натпреварувања и е свесен дека оваа година тешко ќе може да го повтори тој успех.
Против ВБА тој го постигна четвртиот погодок оваа сезона и крилото на Јунајтед се надева на уште многу голови.
“Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам уште погодоци. Ќе биде тешко да се повтори ланскиот успех од 42 погодока, но јас верувам во себа, во моите колеги и Манчестер Јунајтед.”
“Ќе биде тешко но јас тренирам на истиот начин и останав истата личност.”
“Сега се чуствувам подобро и ова е предизвик за мене.”