Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Браво за изјавата на Гордон, навистина нема подобри од нас:pipi:

А Руни ако продолжи во ваква форма, не знам кај ќе му е крајот:toe:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Искрено јас не сум изненаден многу од Руни...Го очекував тоа,знаев дека еднаш веќе ќе експлодира 100%...Тој и до сега играше супер,само што не даваше голови...Но "критиките" на САФ и на Капело ги прифати...И почна да биде малку посебичен,да се обидува да постигнува голови...:wink:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.971
Поени од реакции
23.147
Браво Манчестер да ни се множаат победите и едно огромно браво за Берба:smir::smir:
 

манутд

24 is the number
Член од
20 октомври 2008
Мислења
482
Поени од реакции
13
Искрено јас не сум изненаден многу од Руни...Го очекував тоа,знаев дека еднаш веќе ќе експлодира 100%...Тој и до сега играше супер,само што не даваше голови...Но "критиките" на САФ и на Капело ги прифати...И почна да биде малку посебичен,да се обидува да постигнува голови...:wink:
Супер игра на Манчестер синоќе можеше да има петарда но добо три бода си се три бода.Се посигурно е дека со натпреварот против Виљареал ќе се одлучува кој прв ќе заврши во групата.
А што се однесува до Руни тој моментално е во голема форма и на 7 натпревари за Манчестер и за Англија има постигнато 9 гола каде што на секој натпревар постигнува минимум по еден гол.
PS:Конечно О‘шеј почна да размислува дека ако сака да биде редовно во првиот тим мора пред тоа да покажува добра игра што беше случај синоќе.:helou:
 

NanI

\Man_Utd/
Член од
14 јуни 2008
Мислења
540
Поени од реакции
2
Браво за вчерашната победа. Кој е сега најдобар стрелец во Лига на шампионите, Бербатов со 4 погодоци, почна да се исплаќа инвестицијата од 30,77 милиони фунти.
 
N

navivacka

Гостин
Руни ме потсетува на ланската игра на Роналдо...долго време го биеше малер...иако вчерашните 2 гола беа во офсајд,сепак заслуживме победа..Кај беа оние кои зборуваа дека Бербатов нема да го биде?Гордон Страхан си ја кажа вистината,а можеби и навистина би биле првите натпреварувачи кои успеале да ја одбранат титулата.
 

NanI

\Man_Utd/
Член од
14 јуни 2008
Мислења
540
Поени од реакции
2
Двата гола можеби бе од офсајд, ама Бербатов покажа дека има одлични рефлекси. Судијата да се извади за двата гола му поништи регуларен гол на Руни.:helou:
 
N

navivacka

Гостин
Работата на Берба е да постигнува голови,а дали е офсајд или не тоа е одлука на судиите...
 

NanI

\Man_Utd/
Член од
14 јуни 2008
Мислења
540
Поени од реакции
2
Роналдо: Јас сум во вистинскиот клуб и сакам уште трофеи

Португалскиот интернационалец, Кристијано Роналдо вели дека се наоѓа во вистинскиот клуб и посакува да освои уште многу трофеи со Манчестер Јунајтед.

Роналдо ова лето беше мета на Кралскиот Клуб и се најде во една долга трансфер сага откако призна дека посакува да се пресели на Сантијаго Бернабе.

Кога конечно потврди дека ќе остане на Олд Трафорд, Роналдо ја откри причината за своите изјави, и рече дека освојувањето на Лигата на Шампионите и Премиер Лигата со Јунајтед го натерале да побара друг предизвик.

Сепак 23 годишниот, Португалец сега има поставено други цели и вели дека Манчестер Јунајтед е правиот клуб за него.

“Јас сум амбициозна личност, не само во фудбалот туку и во нормалниот живот.” – рече Роналдо за MUTV.

“Имам можност да бидам уште подобар од тоа што сум сега и јас секогаш сум желен за подобрување на мојата игра.”

“Сеуште сум млад и имам освоено неколку трофеи до сега.”

“Но тоа не е доволно. Јас сакам уште триумфи. Се наоѓам во правиот клуб и играм со вистинските играчи.”

Роналдо минатата сезона постигна инзворедни 42 погодока во сите натпреварувања и е свесен дека оваа година тешко ќе може да го повтори тој успех.

Против ВБА тој го постигна четвртиот погодок оваа сезона и крилото на Јунајтед се надева на уште многу голови.

“Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам уште погодоци. Ќе биде тешко да се повтори ланскиот успех од 42 погодока, но јас верувам во себа, во моите колеги и Манчестер Јунајтед.”

“Ќе биде тешко но јас тренирам на истиот начин и останав истата личност.”

“Сега се чуствувам подобро и ова е предизвик за мене.”
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom