17. февруари 2009.
Го видовте ли спотот Ранета на Наташа Малинкова?
Наташа Малинкова (ex Багаж), бомбастично ја стартуваше својата соло-кариера, претставувајќи и се на јавноста во едно поинакво светло, а актуелниот сингл Ранета е песна со која Наташа оптимистички го одбележува својот старт на домашната музичка сцена.
Ранета е дело на Весна Малинова (музика и текст) и Марга Сотировска (снимање, продукција и аранжман).
Видео-спотот за песната го изработи Тип-Топ продукција, а е сниман е во просториите на Томато. Ги имате во нашата видео-галерија.
Песната и спотот беа промовирани минатиот понеделник во кафулето Intermezo, каде беа присутни многу гости, артисти и новинари, пријатно изненадени од тоа што го видоа и слушнаа...
Наташа за прв пат како солист се појави лани на Макфест, настапувајќи со песната Ни ти, ни тој (музика и аранжман - Марга Сотировска, текст - Весна Малинова). И за таа композиција се подготвува и видео запис...
Двата сингла се дел од албумот кој Наташа го најавува, а кој се подготвува и се снима. Веќе се работи и третата песна...
Ранета како сингл во mp3 формат ја имате во секцијата за free download.
Ваш коментар
http://www.mmm.com.mk/?ItemID=B2635977202FD74D9F36F83351854E3E