Не мора да е црно, ја имав зелени гумички =)
Треба само поради еден заб да ставам протеза на горната вилица...Па сигурно и ќе ми извадат еден заб за да може тој да навлезе во редицата,но уште немам ставено...Сеуште се распрашувам...Ме мрзи Скопје да идам еднаш месечно на прегледи!
Kaко моден додаток даваш 600 евра:nesvest:???
Ај и ја да се убацам како искусен, за 10 дена правам точно година со мојата најдрага и скапоцена фиксна:smir:
Значи случај ко мојот не сте виделе, како прво (горе) имав двојка скршена во тепачка после доскршена во друга тепачка, а пак другата двојка наследно ја немам хехе Врвот е што имав „раздељак“ меѓу предните горни кецулиња... Доле ми беа забите тип топ, горе урнебес (бар предните, другите топ) ама пак ставив фиксна и горе и доле........ Според постовиве Џену Грл добро збори, само сите заборавате едно, пред да ви ја стават фиксната ви ги средуваат сите можни заби..... Така мене ми ја извадија скршената двојка, и ми доправија 5 (значи не смее да има ни најмал можен кариес, пошто после нема правење во времетраењето на фиксната).......
Исто, забите зависи од човекот, ама од кога ми ја ставија ме болеа 3 4 дена, првите 3 4 месечни контроли ме болеа исто, од тогаш дали не чустувавм болка дали сум се навикнал, ама немам никаков проблем.... Инаку после 1 месечна контрола, за првпат опнав една лесковачка, иако брикетите ми беа полни со салати, верувајте тоа ми беше најубав доручек.....
За бакнување, искрено два пати се имам закачено и ми потече малце крв првиот пат :kesa::kesa: Ама напротив сите велат дека слатко ми стои, а за мене означува и знак на хигиена, пошто секој што носи фиксна ги мие забите редовно... Кога сме кај миење мора и правилна четкича да си најдете, како и онаа малецкана за тргање на делови од храната... Можен проблем е крварење, како што е кај мене....
Сепак морам да кажам иако е доста скапа инвестиција, се на се ќе дојде 1000 евра со се контроли,(ја имам и горна и долна).... И ако мислите дека имате убави заби, можно е да се лажете... Пред се од лично искуство, едноставно понекогаш забите ви се така наредени да мслите ви се убави, но напротив може да бидат многу подобро наредени, и поубаво да изгледате.... ЛАСТИЧИЊА.... Е ова ми е смрт, гледам редовно да ги носам, носам 2 пара(значи 2х2=4 имам во уста). нивната намена е за забрзување на процесот, но и за насочување на фиксната итн, и после нивното вадење имам огромни болки (ги носам 12 часа дневно и сите паничат кога ќе ме видат со нив хуху)...
Тоа е тоа знам дека многу заборавив:helou: