Леле... Абе добро човек кој е виновен за повисоките цени на струјата?? Кој го продаде ЕСМ?? Вмро???
-За големата инфлација виновна е Народна Банка на Македонија... А на чело на НБМ кој стоеше ако можиш да ми одговориш?? Ако ми одговориш ке видиш дека не е виновен човек од Вмро туку од коалицијата на СДСМ...
-Од една страна сакаш да влезиме во Европска Унија, а од друга страна да нема фискални, да нема компјутери во школите, Вмро е крив дека е поскапа струјата... Па читаш ти дека во цела европа се рекордни цените на струите...
-А зошто не кажиш дека го намалија ДВД- за земјоделците, дека на пензионерите му ја зголемија пензијата за 20%, дека се отворија нови Унуверзитети во Македонија, дека почнаа да даваат и премија за тутуно производителите и др земјоделци, дека да се зачлениш во земјоделската заедница кога беа СДСМ беше цели 6000ден или 100евра а сега е само 1600ден...
-Чекај за ова што викаш дека грешка е лиценцата за Алкохолни пијалаци?? Тоа не е преведно?!? Праведно е некој да ти то4и алкохол од домашно производсво и без бандероли, и на тоа да профитира некој а ти да трпиш загуба??
- Како процени ти дека вратите за ЕУ и НАТО ни се затворени?? Да беше СДСМ до сега ке бевме влезни во НАТО И ЕУ??? Ма дај ти се молам... Да тука ви ја имате лепотицата Шекеринска.. Таа и на Марс можеше да не оденси, ама сам во филмовите со нау4на Фантастика...
-Види мајката, па сега викаш дека и не сме патриоти... Кој киснеше по ровови, кој беше секогаш со војниците на бојните полиња?? Да не беше Бучковски?? И после пак вие од СДСМ велевте дека заслужено е во затвор... Ако сепак еве тој е на слобода... :helou::kesa:
Чекај другар, ќе се разбереме.ЕСМ кога тогаш мораше да се продаде, кога беше Вмро на власт СДСМ викаше дека не треба да се продава, а Вмро дека треба, па потоа обратно.Но Вмро можеше да воведе уште една компанија за дистрибуција на струја и да станеме лидери во регионот но тоа не се случи.
Светската инфлација се случи поради покачената цена на нафта, а кај нас единствен фактор тоа да се ублажи беше нормално владата (никаква НБМ, во толкава мера колку што увеличуваш), но тоа не се случи и добивме рекордна инфлација во регионот од дури 11% (Албанија 4% :kesa

-Да, во европа се рекордни цените на струите, еве ти и пример, во Унгарија струјата се поскапи за цели 60%, НО унгарците имаат тројно поголем стандард,имаат 3% невработеност,и 3-4% инфлација (ние имаме 11%), затоа мене не ме интересираат земјите од регионот, зашто Хрватска,Словенија и Грција се далеку пред нас во стандард и ниска стапка на невработеност (истото важи и за Србија, не толку далеку ама ипак се понапред од нас).
-Сакам да влеземе во европска унија човек ама ја не реков да немаме фискални каси, ја постирав за тоа што се плаќаа 5-6000 денари за повторно програмирање на фискалните апарати поради македонските производи АМА НА КРАЈ СЕ ПОНИШТИ ЗАКОНОТ (тоа ми беше зборот) и парите на трговците отидоа во неповрат.
-Ок си е тоа што ги намалиле даноците заборавив да напоменам, но за универзитетите Македонија нема никаква придобивка од системот Плати-Земи диплома.
-Лиценцирањето не мораше да биде толку скапо, а ивака итака нели забранија домашно производство на алкохол, па логично би било да не се продава.
-Дека сме надвор од НАТО проценив по грчкото ВЕТО во Букурешт, а дека сме надвор од ЕУ проценив по песимистичките изјави на Груески околу добивањето на датум за преговори со ЕУ.
,,Шеќеринска лепотица'', затоа Груески избегаваше да се соочат во јавен дуел.
-А, извини кој киснеше по ровови, вашиот министер Љубен Пауноски кој веднаш по војната кукавички поднесе оставка??? Што не дојде некој Вмровец на местото на Бучковски? ( не треси глупости, ги срамиш и навредуваш македонските војници, со твоите пишувања дека Вмровските политичари биле на фронт)
Збориш на Љубе Бошкоски, човекот кој после секоја акција одеше на фронт со камери, за после албанците одма да се осветат на сето тоа.Мене искрено ми е мило што Љубе излезе на слобода, се гледа патриотизмот кај него и тоа мене многу ми се допаѓа.Позз