Томи по стапките на Нико и на Атина

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.869
Поени од реакции
5.761
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]По легендарните Нико Нестор и Атина Бојаџи, Томи Стефановски ќе се обиде да стане третиот Македонец кој го препливал каналот Ла Манш. На Нестор тоа му успеа во 1959 за 12 часа. Атина го скроти студениот канал точно десет години по Нико за 11 часа, а Стефановски до ваквиот подвиг ќе атакува во септември идната година. Тој веќе започна интезивно да се подготвува, а ќе добие и финансиска поддршка од Агенцијата за млади и спорт, која ќе му помогне околу котизацијата, тренинзите и сместувањето за него и за стручниот тим што ќе го придружува.

- Овој проект го подготвував уште од 2002 година, но поради проблемите со повредите, тој ќе се реализира идната година. Се наоѓам во одлична форма за што говори и четвртото место во Охрид и со сериозен режим на работа, сметам дека ќе бидам 100% подготвен за ваквиот подвиг - изјави Стефановски, кој по препливувањето на Ла Манш најави дека ќе се пензионира од професионалното маратонско пливање.

Препливувањето на Ла Манш е многу поразлично од останатите маратони во календарот на Светскиот куп. Најголем проблем за пливачите таму се ниските температури на водата, кои варираат од 10 до 15 степени, како и силната струја, која делницата од 34 километри ја прави двојно потешка за совладување.
- Му порачувам се најдобро, мирно море и многу среќа. Јас сум сигурна дека Томи ќе успее во својата цел. Тој е одличен пливач и сметам дека достојно ќе ја претстави Македонија - изјави Атина Бојаџи.

Таа на 9 септември 1969 година стана првата жена што го препливала Ла Манш.
- Томи да продолжи да работи дисциплинирано и редовно да си ги одработува тренинзите и сметам дека нема да има проблем. Многу среќа и од мене, па за една година да славиме уште еден голем ден за македонскиот спорт - додаде Нестор, кој е првиот победник на Охридскиот маратон и само вториот Балканец кој успешно се справил со Ла Манш.

Како финални подготовки Стефановски ќе учествува на два маратона во Канада, каде водата е слична на онаа во каналот, како и на еден маратон во Мексико. Во Македонија нашиот маратонец ќе тренира како и досега, во базенот "Младост" во Карпош.
[/FONT]
 
еј, Џену,овој му е брат на Боро од локомотива??

пс боро ми беше тренер малку време, душата ми ја извади,
 
Човеков... е закон..го знам по кажувањата на Фросе... сигурна сум дека ќе успее да триумфира..само штета има една личност што тоа не го цени...:wink:.
 
Само напред, Томи! Секое добро и мирни води ти посакувам.

:olee: :zver: :oeoeoe:
 
во кој клуб тренира/ е тренер сега томи ? последно што слушнав е дека он јане карајованов и теодора раптис се во ист клуб тренери
 
Напред Томи, само напред.Препливај го.Трет македонски спортски херој што го препливал Ла Манш ќе имаме:)
A по него и некој четврт се надеваме, a Фросе?:)
 
Агенцијата за млади и спорт ќе ги покрие трошоците на репрезентативецот во маратонско пливање Томи Стефановски кој денеска беше испратен на препливување на каналот Ла Манш

По тој повод Стефановски денеска беше примен од директорот на Агенцијата Драган Ѓурчевски кој на прес-конференција, на која присуствуваа и двајцата Македонци кои веќе го имаат препливано каналот, Нико Нестор и Атина Бојаџи, изрази надеж дека за десет дена повторно ќе се сретнат за да му го честитаат постигнатиот успех на Стефановски.

„Доколку Томи Стефановски го преплива каналот Ла Манш ќе биде третиот Македонец кој го направил тоа. Пред педесет години, поточно на 9 септември 1959 година, за 12 часа и шест минути, каналот го преплива нашиот репрезентативец во маратонско пливање Нико Нестор, а десет години подоцна со истиот предизвик се соочи и нашата Атина Бојаџи“ рече Ѓорчевски.

Нестор и Бојаџи му дадоа поддршка и му посакаа успех на Стефановски, кој рече дека ќе ги оправда очекувањата на македонската јавност и ќе се врати со препливан канал.

„Знам дека е тешко, меѓутоа можеби самата тежина на овој маратон е причината за да имам поголем предизвик и интерес“ истакна Стефановски.

Tomi_Stefanoski_isprakanje_.jpg

 
Нека му е со среќа, да даде Господ мирна да е водата, Ла Манш е животна желба за еден маратонец.
 
Сега слушнав на вестите дека Томи го преплива Ла Манш за 7 часа и 42 минути. Секоја чест мајсторе:oeoeoe:
 
Маратонецот Томи Стефановски денеска, иако на почеток во лоши временски услови, сепак, го преплива каналот Ла Манш за време од 7 часа 42 минути и 32 секунди.
Со препливувањето тој се стекна со националното спортско признание популарно наречено спортска пензија и по неговото пристигнување во Скопје свечено ќе биде примен во Агенцијата за млади и спорт.
Рекордот во препливување на делницата го држи Бугаринот Петар Стојчев кој го преплива каналот за помалку од седум часа... Повеќе
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom