Томи по стапките на Нико и на Атина

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Честитки за Томи и ваљда им текнало на телевизииве да поснимаат нешто па да испадне некој документарец за ова.
 

petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Браво Македонецу, секоја чест. Само напред.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
И сега му текна на Груевски за него? Каде беше кога Томи јавно кажуваше дека нема никакви услови за да се спрема за Ла Манш? Каде беа сите освен АМС кога Томи самиот се спонзорираше за да ги плива маратоните?
Јасно, сега сите го знаат, сите се се горди на него, сега сите сакаат да помогнат а човекот кажа дека ова е крај за неговата кариера како пливач. Македонска работа.

Само да се надеваме дека ќе дочекаме уште многумина да го препливаат Ла Манш и тоа под границата од 7 часа, да докажат дека сме најмаратонската нација во светот, затоа што многумина не го знаат тоа.
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Честиткииииииииии:smir:
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
И сега му текна на Груевски за него? Каде беше кога Томи јавно кажуваше дека нема никакви услови за да се спрема за Ла Манш? Каде беа сите освен АМС кога Томи самиот се спонзорираше за да ги плива маратоните?
Јасно, сега сите го знаат, сите се се горди на него, сега сите сакаат да помогнат а човекот кажа дека ова е крај за неговата кариера како пливач. Македонска работа.

Само да се надеваме дека ќе дочекаме уште многумина да го препливаат Ла Манш и тоа под границата од 7 часа, да докажат дека сме најмаратонската нација во светот, затоа што многумина не го знаат тоа.
Агенцијата за млади и спорт му го плаќа целото патување и организација.И му дава доживотна спорстка пензија.За мене тоа е доволно.А и Томи сигурно да го прашат е задоволен.
Стојчев кој го постави рекордот спонзори му платија организација а државата ништо а камо ли пензија.Пред тоа го преплива уште еднаш но не постави рекорд а цел му беше рекорд.Инаку маратонци Ла Манш најчесто го препливуват не за да го препливат туку за рекорд пред Стојчев рекордот го држеше Вандрач.
За мене подвизи се и освојувањето на Еверест од страна на Кедев таму дури и не се враќет некој.На јужниот пол беше Угриновски како прв македонец.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Браво зверу македонски:vozbud:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Агенцијата за млади и спорт му го плаќа целото патување и организација.И му дава доживотна спорстка пензија.За мене тоа е доволно.А и Томи сигурно да го прашат е задоволен.
Стојчев кој го постави рекордот спонзори му платија организација а државата ништо а камо ли пензија.Пред тоа го преплива уште еднаш но не постави рекорд а цел му беше рекорд.Инаку маратонци Ла Манш најчесто го препливуват не за да го препливат туку за рекорд пред Стојчев рекордот го држеше Вандрач.
За мене подвизи се и освојувањето на Еверест од страна на Кедев таму дури и не се враќет некој.На јужниот пол беше Угриновски како прв македонец.
На Томи не му е до пензијата, тој може и без неа. Ова беше негова животна желба уште од тинејџер и браво што си ја оствари. Спремен беше се` да вложи во ова.:smir:

Но денар да не се даде за да имаме на зима вода во базените, па да тренираме во малион на Олимписки? Какво спремање е тоа во 25 метарски базен длабок метар и 30? Него никој не го праша дали има услови за спремање. Самиот со АМС се спонзорираше. Зборот ми е, сите се фини откако ќе станеш славен со подвизи, а пред година дена Томи најави дека ќе го плива маратонот. Кај беа тогаш да го прашаат, низ целава година да прашаат дали треба спонзорство?
Ама ако, потоа нека не се чудат како спортисти одат да настапуваат за други држави.

П.С. ЛаМанш е исто како Монт Еверест во планинарењето, животна желба на сите маратонци. Според мене тој се плива поради лична сатисфакција најмногу, а рекордот е во трет план ставен. Во втор план се временските услови, затоа што таму знаат многу лоши бури да настанат, како кога пливаше Бојаџи 13 часа.
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Браво за Томи. Штета што е само трет македонец, колку што досега се качиле и на Еверест. Треба уште многу да се вложува во спортот за да ваквите успеси станат секојдневие..

Што се однесува до поддршката од државата, платени трошоци и спортска пензија мислам дека е сосема во ред со оглед на целокупната ситуација кај нас во сите сфери, не само спортот.

И уште нешто ме интересира, какви луѓе се овие на пример? :nesvest:

In 1961 Antonio Abertondo from Argentina became the first person to swim the channel both ways non-stop.

The fastest verified three way channel swimmer is Philip Rush in 1987. He crossed the channel (England/France/England/France) in 28 hours 21 mins.
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Нека му е честито на Томи. Да се множат вакви убави спортски обележја. :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Киборзи :) Чуда од луѓе, за такви и триатлонците ги сметам :)
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.705
Поени од реакции
5.336
Херојот од Ла Манш се врати дома. Томи Стефановски, третиот Македонец кој го преплива Ла Манш, за искуството зборува во интервју за А1.


Секоја чест за подвигот. Зошто толку долго чекавме на овој подвиг, дури 40 години за да го добиеме третиот Македонец кој ќе го преплива Ла Манш? Малку инвестираме во пливањето како спорт или пак, немаме добри пливачи?

- Далечинското пливање има долга традиција, меѓутоа баш од времињата на Нико Нестор, Атина Бојаџи, Дики Бојаџи, со прекинување на одржување на Охридскиот маратон, не се обрнува внимание многу на маратонското пливање, од '92-та, кога се врати Охридскиот маратон и со тек на време стана се поквалитетен и поквалитетен.

Така, нормално се јавува интерес и кај нашите пливачи, имаат желба да учествуваат на таков маратон, на почетокот само да се преплива, меѓутоа подоцна апетитите малку се зголемуваат и веќе почнуваме да се натпреваруваме со најголемите маратонци од светот и така овој спорт доаѓа до оние стари патеки и веќе успесите дојдоа.


Што ви беше инспирација во водите на студениот морски теснец, што го спојува Атлантскиот Океан со Северното Море, односно ја одвојува Европа од Британија?

- Самиот мит за Ла Манш е и инспирација, бидејќи во овие кругови Ла Манш е како врв во достигнувањата на еден маратонски пливач, поради тешкотиите со коишто се сретнуваш во препливувањето на овој канал.

Како таков, секогаш стои како предизвик за секој маратонски пливач, независно на кое ниво тој е, мислам дека секој би сакал да го има во своето CV.

повеќе
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom